Цени 2023
Попусти:
За уплата и резервација 20% / 21 Ноември до 21 Декември 2022 /
За уплата и резервација 15% / 21 Декември 2022 до 31 Јануари 2023 /
За уплата и резервација 10% / 01 Февруари-28 Февруари 2023 /
За уплата и резервација 5% / 01 Март-30 Април 2023 /
Цените се за наем на студио за 7 ноќевања
Период | 1/3 студио | 1/3+1 студио | 1/4 студио |
21.05-28.05 | 89€ | 99€ | 109€ |
28.05-04.06 | 109€ | 129€ | 149€ |
04.06-11.06 | 159€ | 179€ | 199€ |
11.06-18.06 | 219€ | 239€ | 259€ |
18.06-25.06 | 259€ | 289€ | 329€ |
25.06-02.07 | 289€ | 339€ | 359€ |
02.07-09.07 | 329€ | 379€ | 399€ |
09.07-16.07 | 359€ | 399€ | 429€ |
16.07-23.07 | 399€ | 449€ | 469€ |
23.07-30.07 | 399€ | 449€ | 469€ |
30.07-06.08 | 399€ | 449€ | 469€ |
06.08-13.08 | 399€ | 449€ | 469€ |
13.08-20.08 | 399€ | 449€ | 469€ |
20.08-27.08 | 359€ | 399€ | 429€ |
27.08-03.09 | 319€ | 359€ | 389€ |
03.09-10.09 | 259€ | 289€ | 329€ |
10.09-17.09 | 169€ | 199€ | 209€ |
17.09-24.09 | 99€ | 109€ | 129€ |
24.09-01.10 | 69€ | 79€ | 89€ |
Цените се во €, се плаќа во денари 1 € = 62 денари
Во цената е вклучено:
7 ноќевања
Интернет
Во цената не е вклучено:
Превоз,
Клима уред 4€ на ден
Патничко осигурување
Туристичка такса 0,5 евра на ден (се плаќа во објектот).
Термините обележани со црвено се промо цени и на нив не следува попуст
Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди.
Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-80 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 145-155 см со 180-190 см.
Превоз
Информации; цени, време на поаѓање, места на поаѓање до/од:
Цена по лице за превоз од Скопје за Халкидики (секоја Недела) | време на поаѓање | цена |
Скопје – Дрводекор | 04;00 | 40 € |
Велес – БП мотел Македонија | 04;30 | 40 € |
Штип – паркинг пред пошта, трансфер до Велес | 03;40 | 50 € |
Струмица – БП Макпетрол кај нов кружен тек, трансфер до Удово | 05;00 | 50 € |
Неготино – бензинска, Неготино | 05;00 | 40 € |
Удово – бензинска Удово | 05;40 | 40 € |
Граничен премин – бензинска Шимов | 06;00 | 40 € |
Деца од 2-11,99 год – попуст од 10€ од редовната цена
Деца до 1,99 год – бесплатно и не користат седиште
Цена по лице за превоз од Битола за Халкидики (секоја Недела) | време на поаѓање | цена |
Битола – Автобуска станица Транскоп – на перон | 04;00 | 40 € |
Прилеп – БП Селида, трансфер до Битола | 03;15 | 40€ |
Струга – Хотел Дрим, трансфер до Битола | 02;15 | 45 € |
Кичево – БП Пуцко Петрол, трансфер до Битола | 02;15 | 55 € |
Охрид – БП Лук Оил излез кон Битола, трансфер до Битола | 02;30 | 45 € |
Ресен – спроти автобуска станица, трансфер до Битола | 03;15 | 45 € |
Деца од 2-11,99 год – попуст од 10€ од редовната цена
Деца до 1,99 год – бесплатно и не користат седиште
Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe
ЧАС И МЕСТО НА ПОАЃАЊЕ ОД ГРЦИЈА
локално (грчко) време | македонско време | летовалиште |
15:00 | 14:00 | Калитеа |
14:45 | 14:00 | Полихроно |
14:30 | 13:30 | Ханиоти |
14:15 | 13:15 | Пефкохори |
Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до/од објектот на сместување.
Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
Вие сте должни да сте на договореното место и час, со Вашите документи и Вашиот багаж
Посочените времињата на поаѓање и на враќање се приближни, може да има мали измени во сатниците…..
Опис
Ако сакате вашиот престој, да го поминете уживајќи покрај море, покрај кристално чиста вода и белата песок на плажата, во истражување на богатата историја, уживајќи во врвната гастрономија, ХАНИОТИ е идеален избор за вашиот незаборавен одмор или подолг престој. Препознатливо е по космополитската атмосфера, традиционалното се меша со модерните европски трендови. Ханиоти е место кое гарантира релаксирачки и незаборавен престој, има голем број хотели, апартмани и вили, бутици, продавници, бројни ресторани, кафе барови и традиционални таверни што ќе го задоволи секое семејство, исто така има и модерни барови и денс- клубови кои нудат вечерна забава за сите возрасти, а разновидните продавници и бутици нудат можност за шопинг интересен за туристите од сите возрасти.Овде имате можност за факултативни излети и екскурзии, така што можете да ги посетите Света Гора, Метеорите, заливот Торонеос.
Опис на сместувањето:
Локација: 300 m од плажа, 100 m од центар
Сместување: Студија за три и четири лица на приземје.
Опрема: Кујна комплет за соодветниот број на гости, ТВ, клима, бања, тераса, WiFi.
Лежишта: Класични единечни и француски кревети.
Содржини: Рецепција, двор, базен, лежалки и чадори за сонце покрај базен.
Клима: се доплаќа 4 евра на ден по сместувачка единица.
СТУДИО бр. 19 приземје 1/3 франциски лежај + 1 единечен кревет
СТУДИО бр. 20 приземје 1/4 франциски лежај + 2 единечни кревети
СТУДИО бр. 21 приземје 1/4 франциски лежај + 2 единечни кревети
СТУДИО бр. 22 приземје 1/4 франциски лежај + 2 единечни кревети
СТУДИО бр. 23 приземје 1/3+1 франциски лежај + 1 единечни кревети + 1 помошен лежај
Гостите се сместуваат во чиста соба, во текот на сместувањето сами се грижат за хигиената.
Секоја штета напрвена од страна на гостинот се плака на лице место.
Во студијата нема крпи.
За квалитетот и брзината на интернетот не гарантира агенцијата.
Прием на собата по: 14:00 ч.
Напуштање на собата до : 09:00 ч.
Услови
– Резервација се прави со аванс од минимум 30% од цената и копија од лична карта.
– Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
– Можност за плаќање од 6-12 рати со кредитна картичка на Халк банка
– За уплата на два или повеќе последователни термини 7% попуст на вториот термин.
– На промо цените нема попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација.
– Попустите не може да се комбинираат.
– Патниците слегуваат на најблиску до сметувањето каде може да се паркира автобус.
– Прв ден влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за хигиената.
– По завршување на Вашето летување, должни сте апартманот да го оставите чист.
– Во случај на причинета штета за време на престојот,корисникот на апартманот ја надоместува
– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
– Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
– Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
– Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
– Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења
– Агенцијата го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз
– Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe.
За отказ на резервација важат опшите услови, односно:
– за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
– за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
– за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
– за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација.
Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.
Приговори
– Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
– Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
– Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.
ГПС
39°59’50.9″N 23°34’36.3″E