Цени 2022
Наем на соба за 10 ноќевања
термин: | ноќи: | 1/2 СТД | 1/4 АПП | 1/5 АПП | 1/5 АПП-море |
26.05-05.06 | 10 | 250 € | 370 € | 400 € | 420 € |
05.06-15.06 | 10 | 300 € | 420 € | 450 € | 470 € |
15.06-25.06 | 10 | 350 € | 470 € | 500 € | 520 € |
25.06-05.07 | 10 | 400 € | 520 € | 550 € | 570 € |
05.07-15.07 | 10 | 450 € | 570 € | 600 € | 620 € |
15.07-25.07 | 10 | 500 € | 620 € | 650 € | 670 € |
25.07-04.08 | 10 | 500 € | 620 € | 650 € | 670 € |
04.08-14.08 | 10 | 500 € | 620 € | 650 € | 670 € |
14.08-24.08 | 10 | 500 € | 620 € | 650 € | 670 € |
24.08-03.09 | 10 | 450 € | 570 € | 600 € | 620 € |
03.09-13.09 | 10 | 350 € | 470 € | 500 € | 520 € |
13.09-23.09 | 10 | 270 € | 390 € | 420 € | 440 € |
Цените се во €, се плаќа во денари 1 € = 62 денари
АПП – апартман
Во цената Е вклучено:
10 ноќевања
Користење безжичен интернет
Во цената НЕ Е вклучено:
Автобуски превоз
Патничко осигурување
Туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
Информации, услови, попусти
На промо цените за рана резервација НЕ следува попуст
Сместување во собите прв ден е после 14:00 часот (локално време),
Напуштање на собите последен ден најдоцна до 09:00 часот (локално време)
Туристичката такса се плаќа на лице место по пристигнувањето во објектот..
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата.
Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман понуден и продаден по рани резерваци или т.н. last minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот поради: отказ од клиент, намалена цена од сопственикот или непродадена соба од контингентот) НЕ следува корекција на цената.
Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ (прочитајте ги на ликнот)
http://turist.com.mk/opsti-uslovi-na-patuvanje
Превоз
Сопствен превоз или организиран превоз Скопје-Неа Рода-Скопје
Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции
Цена на повратен билет 35 €;деца до 2 г. бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 €
Вила Лена
На околу 100 метри од плажата, во мирниот дел на Неа Рода на третиот крак Атос, веднаш пред апартхотелот „Lazaridis“ се наоѓа вилата „Lena“, нова вила во нашата понуда за ова лето. Во вилата располагаме со двокреветни, четирикреветни и петкреветни студија и апартмани на приземје и на прв спрат. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел, мини кујна, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Сите сместувачки капацитети имаат сопствени купатила и пространи тераси. Опремени се со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Веднаш пред вилата има простор за паркирање на возила
Неа Рода
Живописното приморско место Неа Рода е вистинскиот избор за сите кои се уморни од гужвата на плажите и сакаат да откријат нешто ново, а во истовреме да уживаат во природните убавини. Местото има исклучително чисто море и долга песочна плажа закитена со Плаво знаме за чистота, поплочени тесни улички со традиционални камени куќи со дворови полни со цвеќе, неколку барови покрај плажата, таверни, маркети, амбуланта, аптека… Скриена во преубавиот залив Akanthios, во непосредна близина на апартхотелот Lazaridis, меѓу два зелени рида се наоѓа плажата Voulitsa. Атрактивната песочна плажа ќе Ве остави без здив најпрво со бојата на морската вода, па со нејзината чистота и на крај со забавата што ја нуди преку целиот ден. Доколку Вашиот избор ова лето биде Неа Рода, тогаш задолжително посетете ја фантастичната песочна плажа Komitsa, оддалечена само 4,5 км. Плажата која ќе Ве фасцинира со својата раскошна убавина со право е на листата на светските културни богатства и е под заштита на УНЕСКО како подрачје со природна убавина
Соби
Соба бр. 1 - Апартман 1/4 (види)
Четирикреветен апартман на приземје. Апартманот има две простории. Во првата соба два единечни кревети со нормална големина, мебел, тв и клима. Од собата се излегува на тераса. Од оваа соба се влегува во втората соба која е издвоена со лизгачка врата. Во втората соба има два единечни кревети, мебел и мини кујна опремена со решо, аспиратор, фрижидер со мала комора и комплет садови за готвење и јадење. Од оваа просторија се излегува на тераса која има поглед на улицата, опремена со пластична маса и столчиња. Купатилото е со нормална големина.
Соба бр. 2 - Студио 1/2
Двокреветно студио на приземје. Два единечни кревети со нормална големина, мебел, тв и клима. Во истата просторија се наоѓаат и елементите од кујната опремена со решо, аспиратор, фрижидер со мала комора и комплет садови за готвење и јадење. Од собата се излегува на терасата која има поглед на улица, опремена со пластична маса и столчиња. Купатилото е со нормална големина.
Соба бр. 3 - Апартман 1/5
Простран петкреветен апартман на приземје. Апартманот има две простории кои меѓу себе се одделени со лизгачка врата. Во првата соба три единечни кревети со нормална големина, мебел, тв и клима. Во оваа просторија се наоѓа мини кујна опремена со решо, аспиратор, фрижидер со издвоена комора и комплет садови за готвење и јадење. Од собата се излегува на тераса која има поглед на улицата, опремена со пластична маса и столчиња. Од оваа просторија се влегува во втората спална соба во која има два единечни кревети и мебел. Од собата се излегува на тераса која има страничен поглед на море.
Соба бр. 4 - Апартман 1/4
Четирикреветен апартман на прв спрат. Апартманот има две простории. Во првата соба два единечни кревети со нормална големина, мебел, тв и клима. Од собата се излегува на тераса. Од оваа соба се влегува во втората соба која е издвоена со лизгачка врата. Во втората соба има два единечни кревети, мебел и мини кујна опремена со решо, аспиратор, фрижидер со мала комора и комплет садови за готвење и јадење. Од оваа просторија се излегува на тераса која има поглед на улицата, опремена со пластична маса и столчиња. Купатилото е со нормална големина.
Соба бр. 5 - Студио 1/2
Двокреветно студио на прв спрат. Опремено е со два единечни кревети со нормална големина, мебел, тв и клима. Во истата просторија се наоѓаат и елементите од кујната опремена со решо, аспиратор, фрижидер со мала комора и комплет садови за готвење и јадење. Од собата се излегува на терасата која има поглед на улица и страничен поглед на море, опремена со пластична маса и столчиња. Купатилото е со нормална големина.
Соба бр. 6 - Апартман 1/5
Простран петкреветен апартман на прв спрат. Апартманот има две простории кои меѓу себе се одделени со лизгачка врата. Во првата соба три единечни кревети со нормална големина, мебел, тв и клима. Во оваа просторија се наоѓа мини кујна опремена со решо, аспиратор, фрижидер со издвоена комора и комплет садови за готвење и јадење. Од собата се излегува на тераса која има страничен поглед на море, опремена со пластична маса и столчиња. Од оваа просторија се влегува во втората спална соба во која има два единечни кревети и мебел. Од собата се излегува на тераса која има страничен поглед на море.
Важни информации
Автобускиот превоз е организиран со туристички автобуси со клима и придружник на патвањето..
Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање на автобусот до/од објектот на сместување.
Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата.
Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето.
Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот.
Организаторот на патувањето нема ингеренции да посредува меѓу Вас и надлежните институции во земјата во која престојувате, но ќе Ви помогнме колку е тоа можно од нас.
Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.
Можни се доцнења во летната сезона заради густината на сообраќајот за кои однапред се извинуваме.
Вие сте должни да сте на договореното место и час, со валидни Ваши документи за патувањето и багаж
Услови
Цената на аранжманот зависи од квалитетот и локацијата на објектот.
При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.
Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман продаден по рани резервации, не следува корекција на цената.
Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести едно дете до 6 години во легло со родител
Превозот ги слегува патниците на локација до сместувањето каде може да се паркира автобус
Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла.
Патниците се должни сами да ја одржуваат хигиената за време на престојот.
Тоалетни и хигиенските производи самите гости си ги обезбедуваат.