Цени 2023
Вонсезоски цени (објаени по лице за 7 ноќевања со вклучен превоз)
термини | ноќевања | 1 и 2 лица | 3 и 4 лица |
28.05 – 04.06 | 7 | 99 | 45 |
04.06 – 11.06 | 7 | 119 | 45 |
11.06 – 18.06 | 7 | 139 | 45 |
18.06 – 25.06 | 7 | 155 | 45 |
25.06 – 02.07 | 7 | 175 | 45 |
*Задолжитено плаќаат најмалку 3 лица
Цените се во €, се плаќа во денари 1 € = 62 денари
Сезонски цена (објавени за наем на апартман за 7 ноќевања)
термин | ноќевања | Четирикреветен апартман 1/4 |
02.07 – 09.07 | 7 | 420 |
09.07 – 16.07 | 7 | 455 |
16.07 – 23.07 | 7 | 490 |
23.07 – 30.07 | 7 | 560 |
30.07 – 06.08 | 7 | 560 |
06.08 – 13.08 | 7 | 560 |
13.08 – 20.08 | 7 | 490 |
20.08 – 27.08 | 7 | 455 |
Цените се во €, се плаќа во денари 1 € = 62 денари
Вонсезоски цени (објаени по лице за 7 ноќевања со вклучен превоз)
термин | ноќевања | 1 и 2 лица | 3 и 4 лица |
27/08-03/09 | 7 | 175 | 45 |
03/09-10/09 | 7 | 155 | 45 |
10/09-17/09 | 7 | 139 | 45 |
17/09-24/09 | 7 | 109 | 45 |
* Задолжитено плаќаат најмалку 3 лица
Цените се во €, се плаќа во денари 1 € = 62 денари
Во цената Е вклучено:
7 ноќевања
Користење безжичен интернет
Користење клима уред
Во цената НЕ Е вклучено:
Автобуски превоз
Патничко осигурување
Туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )
Превоз
Цената за автобуски превоз изнесува:
3.100 денари (50 €) за возрани
2.480 денари (40 €) за деца до 11,99 години
Термините во табелата се денови на започнување и на завршување на аранжманот
За патниците кои користат организиран превоз тргнувањето од Скопје е во.
03:00 часот на паркингот спроти хотел Холидеј Ин, а состанок на групата е во 02:30 часот.
Агенцијата – организатор на патувањето го задржува правото за промена на времето и местото на тргнување, ве молиме минимум 24 часа пред секое тргнување да се информирате за потврда на времето и местото.
Опис
Куќа „Палаис де Фурка“ е лоцирана на 40-50 метри од прекрасната песочна плажа, во мирниот дел на Фурка, или 5 минути од центарот. Има убаво уреден голем двор со многу зеленило и содржини за деца, сопствен приватен паркинг. Располага со четирикреветни апартмани на приземје, сите опремени со ТВ, клима (вклучена во цената), тоалет, комплетно опремена кујна и големи тераси со поглед кон дворот.
Фурка се наоѓа на околу 100 км од Солун.
Првата работа со која се среќаваат туристите во ова место е прекрасната плажа која се наоѓа на 50 метри од вилата.
Фурка е комбинација од природни убавини и мирен ноќен живот.
Местото е богато со зеленило, морето е кристално чисто и сино и изгледа совршено во комбинација со околните шуми и планини. Заоѓањето на сонцето е посебно доживување – како се спушта зад морето небото се украсува со црвени, пурпурни и портокалови зраци, па престојот на плажа попладне се продолжува и до 21 часот. Покрај природните убавини, туристите ги привлекува и добрата туристичка организација.
Модерната инфраструктура овозможува пријатен и комфорен одмор, одмор за сечиј вкус.
ГСП координати
40.003134, 23.383092
Важни информации
– Цените во табелите 1 и 3 или вонсезонски се објавени по лице за пакет аранжман од 7 ноќевања со вклучен превоз. Доколку се патува со сопствен превоз се одбиваат по 10 евра од првите 2 лица или 20 евра од вкупната – финална цена на аранжманот
– Цените во табелата 2 или сезонски се објавени за наем на апартман за 4 лица, во истиот може да престојуваат помалку лица но не повеќе од 4 возрасни и 1 дете до 2,99 години, при тоа цената останува непроменета – иста
– Цената за автобуски превоз изнесува:
– 3.100 денари (50 евра) за возрани
– 2.480 денари (40 евра) за деца до 11,99 години
– Термините во табелата се денови на започнување и на завршување на аранжманот
– За патниците кои користат организиран превоз тргнувањето од Скопје е во 3:00 часот на паркингот спроти хотел Холидеј Ин, а состанок на групата е во 2:30 часот. Агенцијата – организатор на патувањето го задржува правото за промена на времето и местото на тргнување, ве молиме минимум 24 часа пред секое тргнување да се информирате за потврда на времето и местото.
– Патничкото – здравствено осигурување кое е задолжително не е вклучено во цената на аранжманот
– Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на промоција или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.
Клиентите кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
– Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Официјална е единствено онаа резервација направена со уплата од најмалку 30% од вкупната сума на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот, а според Општите услови за патување кои се составен дела на секој меѓусебно потпишан Договор за патување се врши најдоцна 15 дена пред терминот на тргнување
– Сместување во собите е од 14:00 – 15:00 а напуштање на истите е најдоцна до 9.00 часот по локално време
– За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите истата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место
– Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/ апартман
– Цените објавени во табелите се конечни, без скриени – дополнителни трошоци
– Агенцијата не може и нема да гарантира стабилност, брзина на интернет врската во кој-било објект од целата понуда
– Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата
– Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко – здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во Агенцијата
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ и Турист