-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ И УПЛАТА ДО 10.06.2022
Цени 2022
Цена за НАЕМ на студио/апартман за 8 дена 7 ноќевања
Термини | Ноќи | 1/3 gv | 1/3 sv |
11.06-18.06 | 7 | 219 | 249 |
18.06-25.06 | 7 | 269 | 299 |
25.06-02.07 | 7 | 329 | 349 |
02.07-09.07 | 7 | 359 | 389 |
09.07-16.07 | 7 | 359 | 389 |
16.07-23.07 | 7 | 359 | 389 |
23.07-30.07 | 7 | 359 | 389 |
30.07-06.08 | 7 | 359 | 389 |
06.08-13.08 | 7 | 359 | 389 |
13.08-20.08 | 7 | 339 | 369 |
20.08-27.08 | 7 | 299 | 319 |
27.08-03.09 | 7 | 269 | 289 |
03.09-10.09 | 7 | 249 | 269 |
10.09-17.09 | 7 | 219 | 239 |
17.09-24.09 | 7 | 189 | 199 |
24.09-01.10 | 7 | 169 | 179 |
Цени во € се плаќа во денари 1€ = 62 денари
Едно дете до 6 години може да користи заеднички кревет, (плаќа само за превоз)
Еднокреветна соба: Кога едно лице користи двокреветно студио, има попуст од 20%.
Во ценате Е вклучено:
7 ноќевања во студио
Безжичен интернет
Во ценате НЕ Е вклучено:
Превоз
Патничко осигурување ( задолжително е да се има )
Доплата за клима уред 6 € на ден ( се плаќа во вилата )
Туристичка такса 0,50 центи на ден за соба (се плаќа во објектот)
Превоз
Информации; цени, време на поаѓање, места на поаѓање до ПИЕРИА секоја САБОТА:
Цена по ЛИЦЕ за ПРЕВОЗ од Скопје за Пиериа | време на поаѓање | цена |
Скопје – Дрводекор | 04:00 | 40 € |
Велес – БП мотел Македонија | 04:30 | 40 € |
Штип – паркинг пред пошта, трансфер до Велес | 03:40 | 55 € |
Неготино – бензинска, Неготино | 05:00 | 40 € |
Граничен премин – бензинска Шимов | 06:00 | 40 € |
Деца од 2 до 11,99 години: попуст -10 € од редовната цена
Деца до 1,99 години бесплатно
Цена по ЛИЦЕ за ПРЕВОЗ од Битола за Пиериа | време на поаѓање | цена |
Битола – Автобуска станица Транскоп – на перон | 04:00 | 35 € |
Прилеп – БП Салида, трансфер до Битола | 03:15 | 35 € |
Струга – Хотел Дрим, трансфер до Битола | 02:15 | 40 € |
Кичево – БП Пуцко Петрол, трансфер до Битола | 02:45 | 45 € |
Охрид – БП Лук Оил излез кон Битола, трансфер до Битола | 02:30 | 40 € |
Ресен – спроти автобуска станица, трансфер до Битола | 03:15 | 40 € |
Деца од 2 до 11,99 години: попуст -10 € од редовната цена
Деца до 1,99 години бесплатно
Релациите кои се наведени како (трансфер во МКД) се реализираат со патнички возила или комбe
Вила Yalos
Студиа Yalos се ново изградени студиа, лоцирани на прва линија покрај плажа, истите се наоѓаат на прв спрат, две од нив со поглед на море, и две со поглед на Олимп и градина.
Сите студиа се трокреветни со едно дупло легло и едно еднинечно легло, опремени со мини кујна со прибор за готвење и јадење, телевизор, клима (со доплата 6 € на ден) интренет, балкон со гарнитура за седење, балконите на двете студиа кој се ориентирани према море се поголеми, од тие кој се опремени преку .
за Лептокарија
Лептокарија (село од лешник) се наоѓа во подножјето на планината Олимп, на околу 100 км од Солун.
Се смета за едно од најубавите одморалишта во Грција.
Шеталиштето, топлото море и прекрасната песочна плажа се само дел од привлечностите на Лептокарија.
Местото е идеално за семејства со деца, за оние кои сакаат вистински одмор, и за млади кои сакаат добра забава.
Многу продавници, таверни, кафулиња, ресторани, бутици и летна врева се печат на Лептокарија.
Местото има многу игралишта, забавни паркови, како и огромен парк со детски активности, лулашки….
Секоја вечер кружат два воза низ Лептокарија, кои по релативно ниски цени ги носат туристите на обиколка. Главната улица е исто така главното шеталиштето каде има многу кафулиња, ресторани.
За оние кои бараат и забава, има дискотеки и барови покрај плажата…
Цените се многу пониски од другите одморалишта.
Кафулињата и рестораните ги нудат своите специјалитети по многу пониски цени.
Сепак најевтин е пазарниот ден во вторник, каде освен свежо овошје и зеленчук….
Добра патна мрежа, ја поврзува Лептокарија со сите околни места што можете да ги посетите.
Местото има сè што му треба на еден град.
Лептокарија е едно од ретките одморалишта каде можете да консумирате вода од чешма.
Интересно е што ноќе нема горштини како во други места бидејќи има влијание планината Олимп.
Градската плажа е долга околу 5 км и има Сино знаме, што зборува за чистотата и квалитетот на водата.
Со нарачан пијалок во кое било од многуте кафулиња, туристите добиваат чадор и лежалка..
Плажата Скотинас се наоѓа на 5 км од Лептокарија и е особено интересна за семејства со деца.
Молос плажата е на околу 2 км од одморалиштето.
Има спортски терени каде исто можете да се забавувате, играте…..
Информации
Агенцијата го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во случај на донесување на законски мерки за дозволена исполнетост на автобусите со 50 или 70% или при промена на цената на горивото
Автобускиот превоз е организиран со туристички автобуси со клима и придружник на патвањето..
Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање на автобусот до/од објектот на сместување.
Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата.
Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето.
Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот.
Организаторот на патувањето нема ингеренции да посредува меѓу Вас и надлежните институции во земјата во која престојувате, но секако ќе Ви помогнме колку е тоа можно од нас.
Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.
Можни се доцнења во летната сезона заради густината на сообраќајот за кои однапред се извинуваме.
Вие сте должни да сте на договореното место и час, со валидни Ваши документи за патувањето и багаж
Услови
букирање ќе Цената на аранжманот зависи од квалитетот и локацијата на објектот.
Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица.
Патниците студиото/апартманот првиот ден го превземаат по 14:00 часот,
Последниот ден напуштање на студиото/апартманот е до 09:00 часот наутро.
Патниците се должни сами да ја одржуваат хигиената за време на престојот.
Тоалетни и хигиенските производи самите гости си ги обезбедуваат
При резервација се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот
За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст на последниот термин,
Попустите не може да се комбинираат,
Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 г. во кревет со родител,
Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
Услови за “early booking”: За резервација е потребно 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на доплата.
Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )