Цени 2023
Цени по СОБА на ДЕН – ноќевање со појадок
сместување | Миним. лица |
01.05-07.05 | 07.05-28.05 | 28.05-18.06 17.09-30.09 |
18.06-09.07 27.08-17.09 |
09,07-27.08 |
Release period (days) | 7 | 7 | 7 | 7 | 14 | |
STD DBL | 2 | 75,20 | 88,60 | 117,40 | 135,00 | 143,50 |
APP TRPL | 3 | 102,90 | 126,30 | 162,60 | 176,10 | 194,40 |
APP QUAD | 4 | 137,10 | 168,40 | 216,80 | 234,80 | 259,20 |
Цените се во €, плаќањe во денарска противвредност 1€ = 62 денари
Дете до 6 години – бесплатно
Легенда:
STD DBL – Студио за 2 возрасни + 1 дете до 6 години
APP TRPL – Трикреветен апартман за 3 возрасни + 1 дете до 6 години
APP QUAD – Четирикреветен апартман за 4 возрасни + 1 дете до 6 години
Во цената Е вклучено:
Ноќевања по избор
Појадок
Безжичен интернет во лоби / јавен простор
Лежалки покрај базен ( до достапност )
Паркинг
Во цената НЕ Е вклучено:
Превоз
Патничко осигурување
Туристичка такса: возрасен 1,59.€, деца од 12-18 г. 50% по лице на ден (се плаќа во објектот)
Доплата на ден за вечера за 1 лице: ворзасен = 15€ / дете до 6 г = бесплатно / дете 6-12 г = 8€ /
Информации !
Датум на резервација од/до 20.03 – 01.06.2023 и престој 01.07.2023 – 01.08.2023 = 10% попуст
Прв ден пријавување: 14:00 часот, последен ден одјавување: 11:00 часот
Детско креветче за дете до 5 г – бесплатно.
Лежалките и чадори за сонце на базенот се бесплатни, (до пополнување)
Лежалките и чадори за сонце на плажа 5€ по стол и 3€ по чадор, плаќање на лице место
Појадок – шведска маса. Пијалоци за време на оброкот не се вклучени во цената
Важат хотелските услови за откажување резервација:
Доколку гостинот не се појави во резервираното сместување, на денот на почетокот на услугата ќе се наплаќа 100% од вкупната цена на резервацијата
0 – 7 дена пред почетокот на користењето на услугата 100% од вкупната цена на резервацијата
8 – 14 дена пред почетокот на користењето на услугата се наплаќа 80% од вкупната цена на резервацијата
15 – 21 ден пред почетокот на користењето на услугата се доплаќа 40% од вкупната цена на резервацијата
22 – 29 дена пред почетокот на користењето на услугата се доплаќа 30% од вкупната цена на резервацијата
29 – 30 дена пред почетокот на користењето на услугата се наплаќа 15% од вкупната цена на резервацијата
Villas Plat
Комплексот вили Плат се наоѓаат на крајниот југ на Хрватска во една од нејзините најубави окрузи, на само 12 км од Дубровник и 8 км од Цавтат и аеродромот.
Ресортот се состои од 4 вили, Анита, Барбара, Селија и Дијана со вкупно 104 апартмани и студија.
Вилите се целосно реконструирани и опремени со природни материјали, опкружени со маслинови дрвја, свртени кон морето и се идеални за оние кои бараат мирен и релаксирачки одмор далеку од секојдневниот стрес.
Како дел од комплексот, можете да уживате во гастрономската понуда на таверната Плат, исто така и две плажи, бар на плажа, бар покрај базен, ресторан, детско игралиште и патеки во градината.
Дополнителни услуги како салон за масажа, мини маркет, продавница за сувенири, превоз од/до аеродром.
Особено сме горди на нашиот простран базен со морска вода и прекрасен поглед на морето.
Планирано е хотелот да биде отворен од 01.05.2023 година. до 30.09.2023 година.
Комплексот вили се наоѓа во непосредна близи на сместувањето 20-100 метри
Сместување
Вили Плат се состои од 4 вили, Анита, Барбара, Селија и Дијана со вкупно 104 апартмани и студија.
Вилите се целосно реконструирани во медитерански стил и опремени со природни материјали, опкружени со маслинови дрвја, идеални за оние кои бараат мирен и релаксирачки одмор далеку од секојдневниот стрес.
Студијата и апартмани даваат можност да создадете одмор според вашите желби и вашиот животен стил.
Сите соби имаат балкон или тераса, чајна кујна и мини фрижидер, тоалет, фен, греење, тавански вентилатор, ТВ и телефон.
Според нивната големина, во студијата и апартманите можат да сместат 2-5 лица.
Во собите
Бесплатен безжичен интернет (wi-fi)
Телефон со директна линија
Телевизор
Тавански вентилатор
Работно биро
Ормар
Чајна кујна
Фен
Тоалет со туш кабина или када
Мал фрижидер
Балкон или тераса
Четирикреветен апартман
(Quadruple apartman)
Простран апартман со тераса и поглед на Јадранското море или градина.
Има: кујна, дневна, спална и тоалет.
Во апартманот може да се сместат 4 лица. (два стандардни + 2 кревети на спрат)
И едно дете до 6 годишна возраст
Трикреветен апартман
(Triple apartman)
Простран апартман со тераса и поглед на Јадранското море или градина.
Има: кујна, дневна соба, спална соба и тоалет.
Брачен кревет и доп. кревет (софа) идеален за 3 лица.
И едно дете до 6 годишна возраст
Студио
(Studio)
Тераса и поглед на Јадранското море или градина.
Има: кујна, спална соба и тоалет.
Избор: брачен кревет или разделени кревети.
Во студиото може да се сместат 2 лица.
И едно дете до 6 годишна возраст
Важни информации
Лични податоци
Сите Ваши лични податоци кои се внесуваат во системот за резервирање се користат само и единствено за потребите на резервацијата-договорот, дадените податоците од вас мора да се точни како во пасошот.
Агенцијата не сноси одговорност за неточно потполнети обрзаци за резервација од страна-изјава на клиентот.
Неправилното пополнување на податоците (име, презиме, дата на раѓање, адреса) може да доведе пограничните служби да не ви дозволат влез во соодветната земја и да ви се откаже престојот. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.
Цена
Цената на аранжманот зависи од квалитетот, категоријата и локацијата на објектот.
Категоријата на објектите/хотелите се определува според законодавните одредби и критериуми на соодветната држава.
Доколку вие барате посебни потреби (а не се во договорот со агенцијата) од страна на објектот/хотелот и ако ви ги потврдат на лице место и ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот на лице место за време на престојот во објектот/хотелот.
Сместување
Категоријата на објектите/хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата.
Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем.
Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација или сликани од нас. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки.
Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица.
Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица.
Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!
Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 14:00-15;00 часот,
Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро.
Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект.
Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот.
Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди.
Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-80 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 145-155 см со 180-190 см.
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата.
Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето.
Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Одговорност
Агенцијата не сноси одговорност за неточно дадени информации за резервацијата од страна на клиентот.
Агенцијата не сноси одговорност за односот на граничните и царинарски служби, авиокомпании, автобуски и железнички транспортни компании и не ги обесштетува туристите, независно дали поради тоа туристите пропуштиле дел од услугата или целата услуга.
Неправилното пополнување на името може да доведе пограничните служби да не ви дозволат влез во соодветната земја и да ви се откаже престојот. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.
Агенцијата не сноси одговорност пред туристот за неиздавање на виза кога тоа се бара. При поднесување на редовни документи и неиздавање на виза на туристот платените суми не се враќаат. При неиздавање на виза поради поднесување на непотполни или неточни документи, предходни криминални дејствија на туристот во соодветната земја, незапазување на роковите за поднесување на документите, како и не пријавување на интервју во конзуларните служби каде тоа се бара, услугата се поништува и се задржуваат пенали.
При штети кои што се нанесуваат во објектите/хотелите конретниот извршител или извршители ја прифаќа/ат материјална одговорност за штетата на лице место кога тоа се бара од оштетениот објектот/хотелот.
Агенцијата не прифаќа трошоци по тој основ и не е должна никакви компензации или обештетувања
Агенцијата не прифаќа трошоци поврзани со консумацијата за храна и пијалоци надвор од платената услуга и опишана во ваучерот издаден на клиентот.
Агенцијата не сноси одговорност за загуба на облека, пари и документи оставени во собата на објектот/хотелот.
Агенцијата не сноси одговорност за штети настанати при неисполнување или нецелосно исполнување на услугата при појава на непретпоставена или виша сила која што не може да се предвиди или избегне од страна на агенцијата или нејзините суб агенти ако истите совесно ги извршиле своите должности.
Агенцијата не сноси одговорност за проблеми поврзани со сместување на домашни миленици, ако не е пријавено во писмена форма и одобрено сместувањето од агенцијата при изработка на резервацијата.
Патничко осигурување
Патничко осигурување е задолжително е да се има (информации во агенцијата)
Одговорноста е Ваша доколку го немате.
Интернет
Агенцијата организатор не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во капацитетите од понудата-безжичниот интернет не е задолжителен дел од опремата во собата, апартманот, студиото….
Во описите на сместувањето јасно е назначено дали сместувачките капацитети имаат wi fi. Ако објектот има wi fi, тоа не значи достапност на мрежата во собите, може рутерот да се наоѓа во заедничките простории (лоби, простор за прием….).
Исто така во Грција, wi fi е генерално слабо (особено на островите), зошто има голем број корисници, и затоа има слаб проток.
Агенцијата не превзема одговорност во случај на прекин на интернетот во текот на сезоната поради какви било околности:
дефекти, раскинување на договорот со провајдерот од страна на сопственикот и обратно и слично.
Резервации
По потврдување на резервацијата Вие сте обврзани со неа, треба да е платен аванс или да е платена во целост и во сила стапуваат сите услови за промена и анулација на резервацијата.
Во случај агенцијата да не ја добие сумата за направената резервација во предвидениот и договорен рок или до 7 дена пред нејзиниот почеток, постои правото резервацијата да биде анулирана, а сите трошоци кои прозилегуваат од условите за глоба се на Ваш товар.
Резервацијата која сте ја направиле е валидна само кога сте платиле аванс или во целост и ви е предаден ваучер од наша страна на наведен од Вас факс или е маил.
Секоја анулација од Вас на конкретна резервација треба да биде направена во писмен вид во агенцијата каде е платена резервацијата.
При резервации се уплаќа аванс од 30-50% од вредноста на аранжманот, (ако не е поинаку предвидено) а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 10 дена пред реализацијата на аранжманот.
Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман понуден и продаден по рани резерваци или т.н. last minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот поради: отказ од клиент, намалена цена од сопственикот или непродадена соба од контингентот) НЕ следува корекција на цената.
За резервации со попуст (рани попусти – EB):
При резервација e потребна уплата од минимум 30-50% од цената на аранжманот-резервацијата.
Останатиот дел од износот, треба да се доплати најдоцна до датата определена за попуст.
Уплатениот износ од 30-50%, не се враќа доколку патникот се откаже од патувањето.
За резервации по понуда – со редовни цени (освен EB и LM)
30% од вредноста на пакетот се плаќа при резервација на услугата,
30% од вредноста на пакетот ќе се плати до 30 дена пред датумот на поаѓање,
40% од вкупната вредност на услугите ќе се плати до 21 ден пред датумот на поаѓање;
Во случај на резервација во последен момент-last minute (LM), резервација ќе се изврши само со целосна уплата на услугите;
Фотографии
Информацијата за услугите и конфорот кои што секој објект/хотел ги нуди се осигурани од самите објекти/хотели, а агенцијата само нив ги прикажува.
Фотографиите од сместувачките капацитети се од повеќе соби, студиа, апартмани, истите служат за да дадат генерален впечаток на објектот за сместување.
Штети
Во случај на причинета материјална штета, корисникот ја надоместува штетата на лице место или по пријава од објектот за материјалната штета за време на престојот.
Објектот/хотелот прифака рекламации во рок од 48 часа.
За валидни рекламации ќе се сметаат оние кои се со документ потпишан од страна на гостинот и од овластените во хотелот
Патни документи
Туристичката агенција не е надлежна да ја цени исправноста на патните документи на патникот исто и задолжителното патничко осигурување се обврска на патникот.
Пасошот треба да е со важност 3-6 месеци по датата на престојот во соодветната држава. ( во зависност од државата во која се престојува, инфо треба да има во понудата-аранжманот)
Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.
Превоз
Автобускиот превоз е организиран со туристички автобуси…
Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање на автобусот до/од објектот/хотелот на сместувањето.
Секој патник има право на превоз на 1 куфер багаж до 20 кг и 1 торбица рачен багаж.
Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.
Можни се доцнења во летната сезона заради густината на сообраќајот за кои однапред се извинуваме.
Вие сте должни да сте на договореното место и час, со валидни Ваши документи и багаж.
Незгода
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот.
Организаторот на патувањето нема ингеренции да посредува меѓу Вас и надлежните институции во земјата во која престојувате, но секако ќе Ви помогнме колку е тоа можно од нас.
Откажување на резервација
Отказни трошоци во случај на отказ на услугите
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма.
Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот).
Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услуга / индивидуален престој се различни за секој објект/хотел и тие ке бидат составен дел во понудата. Доколку не се опишани во понудата други услови се применуваат и во сила и со важност се Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )
За оваа понуда важат условите на Villas Plat
А тие се:
Доколку гостинот не се појави на рецепција на денот на почетокот на услугата се наплаќа 100% од вкупната цена на резервацијата
0 – 7 дена пред почетокот на користењето на услугата 100% од вкупната цена на резервацијата
8 – 14 дена пред почетокот на користењето на услугата се наплаќа 80% од вкупната цена на резервацијата
15 – 21 ден пред почетокот на користењето на услугата се доплаќа 40% од вкупната цена на резервацијата
22 – 29 дена пред почетокот на користењето на услугата се доплаќа 30% од вкупната цена на резервацијата
29 – 30 дена пред почетокот на користењето на услугата се наплаќа 15% од вкупната цена на резервацијата