Цени 2022
Цените се за 9 ноќевања, наем по лице со вклучен превоз
Термин | 02.09 – 11.09 | 11.09 – 22.09 | |||||
сместување | тип соба | редовна цена | попуст | тип соба | редовна цена | попуст | |
Labrini | 1/3 1/2 |
169€ | 139€ | 1/3 1/2 |
159€ | 129€ | |
Ionian Colors | 1/2 | 189€ | 159€ | 1/2 | 179€ | 149€ | |
Korali | 1/2 | 179€ | 149€ | 1/2 | 169€ | 139€ | |
Ioanna | 1/4 | 159€ | 119€ | 1/4 | 149€ | 199€ | |
Hristos | 1/2 | 169€ | 139€ | 1/2 | 159€ | 129€ |
Цените се во €, се плаќа во денари 1 € = 62 денари
Понудата е по лице за 9 ноќевања и автобуски превоз.
Доплата во автобус за траект 25€ по лице.
На акциските цени нема одбивање за сопствен превоз.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
9 ноќевања во една од избраните вили, остров Закинто
Автобуски превоз на дадената релација
Туристички придружник за време на патувањето
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
Задолжителна доплата за траект 25 евра по лице (повратен) се плаќа во автобус
Задолжително патничко осигурување 400 денари по лице
Задолжителна доплата на туристичка такса 0.50 центи по соба од ден (се плаќа во автобус)
НАПОМЕНИ:
– Цените се за едно лице за 9 ноќевања во една од избраните вили и автобуски превоз
– Задолжителна доплата за траект во двата правци 25 евра по лице – се плаќа во автобус
– Во цената не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА туристичка такса од 0.50 центи по соба на ден.
– Патничко осигурување 400 денари за целиот престој, ( ако имате да се донесе потврда дека постои).
– Можност за уплата во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка.
– За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
– За сопствен превоз -20 евра само на редовните цени, не важи за цени со попуст.
– Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата
– Седиштата се нумерирани со уплатите, можност за бирање на седишта со доплата од 10 евра
– Доплата за клима 5 евра од ден по желба
– Агенцијата не гарантира за брзината и квалитетот на интернетот во вилите
– Со оваа програма Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )
ЗА ДЕЦА:
Дете до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен
Дете од 3-12 години плаќаат 50% од сумата доколку се сместени со две возрасни лица
Превоз
Тргнување во Скопје според дадениот датум во вечерните часови. Следува возење и попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Килини од каде се качуваме на траект до Лаганас. Сместување во апартманите. За време на престојот на Закинтос ќе има организирани програми: посети на најубавите плажи, ноќни забави, посета на пештери и крстарења. Последниот ден од престојот во најавено време одјавување од апармтаните и враќање во Македонија
Сместување
Вила Labrini – Лаганас
Вилата се наоѓа во Лаганас, на централната улица, во близина на клубовите. Плажата е оддалечена околу 5 минути пешачење. Студијата имаат кујнски дел со решо, фрижидер, како и тераса. Некои од студијата имаат можност за изнајмување на клима уред.
Вила Korali – Лаганас
Вила Корали се наоѓа на идеална локација во Лаганас, на околу 50м од плажата и на 2 минути пешачење од главната улица и сите случувања. Во близина на вилата има маркет, како и барови на плажата. Вилата е поделена на 2 блока кои имаат посебни влезови. Има двокреветни, трокеветни и четворокреветни апартмани. Сите соби имаат кујна со решо и фрижидер, како и можност за изнајмување на клима, додека користење на сеф е вклучено во понудата.
Вила Ionian Colors – Лаганас
Се наоѓа во самиот центар на Лаганас, непосредно до главната улица, на само 150 метри од плажата. Во околината на вилата и главната улица се наоѓаат бројни објекти за забава, ресторани, кафетерии, забавни музички клубови, маркети. Вилата има сопствен паркинг и вифи интернет.
Сите соби се студија (двокреветни соби) кои се модерно опремени и пространи со брачен или два одвоени кревета и во собата има кујнски простор (фрижидер, решо и доволен прибор за соодветниот број на лица), клима (со доплата), тоалет. Секоја соба има своја тераса со гарнитура за седење. Во собите нема можност за додавање на трет дополнителен кревет.
Вила Ioanna – Лаганас
Вилата Иоанна се наоѓа во мирната уличка позади Лаганас на само 150 метри од главната улица. Оддалечена е само 5минути лесно одење од плажата. На располагање се четворокреветни апартмани со две спални соби, од која секоја соба си излегува на сопствена тераса. Апартманите имаат кујнски дел со решо и фрижидер.
Вила Hristos – Лаганас
Вилата Христос се наоѓа во мирниот дел на Лаганас, во резиденцијалниот дел на местото. Од плажата е оддалечена неколку минути, додека од главната улица и дискотеките е оддалечена некои 10ина минути. Секоја соба има своја тераса, мини кујна со основните средства за функционирање. Климата се доплатува по желба. Во склоп на вилата се наоѓа единствениот специјализиран рибен ресторан во Лаганас.
Услови
Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во туристичката агенција, која и нема надлежност да ја цени исправноста на патни документи и здравствено патничко осигурување. (обврската е Ваша)
Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање на автобусот до/од објектот на сместување.
Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата.
Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето.
Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот.
Организаторот на патувањето нема ингеренции да посредува меѓу Вас и надлежните институции во земјата во која престојувате, но секако ќе Ви помогнме колку е тоа можно од нас.
Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.
Можни се доцнења во летната сезона заради густината на сообраќајот за кои однапред се извинуваме.
Вие сте должни да сте на договореното место и час, со валидни Ваши документи и багаж
Сликите кои се објавени на нашата веб-страница www.turist.com.mk се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените.
Нашата веб-страница www.turist.com.mk е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај вработените во агенцијата организатор на аранжманот.
Цената на аранжманот зависи од квалитетот и локацијата на објектот.
При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.
Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман продаден по рани резервации, не следува корекција на цената.
Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести едно дете до 3 години во легло со родител.
Превозот ги слегува патниците на локација до сместувањето каде може да се паркира автобус
Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла.
Патниците се должни сами да ја одржуваат хигиената за време на престојот.
Тоалетни и хигиенските производи самите гости си ги обезбедуваат.
Закинтос
Закинтос – Тука се одморале Аполон и Артемида. Биле маѓепсани од тројанскиот принц Закинтос, кој прв го открил островот и по него по добило своето име. Поради природната убавина за него се бореле Римјаните, Византијците и Млеќаните. Се верувал дека островот прва го посетила Марија Магдалена, па оттука се проширило христијанството, кое е важен дел од нивната култура.
Лаганас
Лаганас е место каде забавата не застанува. Со бројните клубови по главната улица, нејзината околина и плажите, местото е рај за забава. Големата песочна плажа од 9 километри дава голем избор за уживање. Островот е прилично мал, па така сите плажи се близу како Дафни, Агиос Николаус и Банана Бич. Најпозната е плажата Навагио или Shipwreck на која се наоѓаат остатоци од стар пиратски брод, а морето е како од бајка.
Плажите на Закинтос се познати по својата природна убавина и препознатливата смарагдна боја на водата. Најпозната е Навагио, која има бел, мек песок, тиркизно море, импресивна карпа која може да се посети само со брод. Останатите прекрасни плажи на Закинтос се Геракос, Агиос Николаус и Спанзиа