TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Протокол за патување – Грција

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ!
ОНЛАЈН ФОРМУЛАР ЗА ПАТУВАЊЕ ВО ГРЦИЈА! 

-Почитувани Tуристи, за влез во Грција, потребно е да се пополни онлајн формулар за евиденција.
Образецот се пополнува 48 часа пред да се влезе во Грција.
-Причината за воведувањето на онлајн формулар е за да се намали чекањето на граничните премини и да се вовоеде поголема контрола врз ситуацијата на „Ковид-19“.

-Претпоставката е дека туристите ќе бидат тестирани врз основа на податоците од формуларот кој ќе го пополнат: Патници кои ќе бидат во поголем број тестирани се од земји и места со поголем број заразени.

-Формуларот се состои од неколку страници и е многу лесeн за пополнување. Потребно е да го внесете вашиот број пасош, превозно средство со кое патувате, број на таблички, граничен премин на кој ќе поминувате, место каде патувате, последна земја во која сте биле, податоци (име, презиме, адреса..и тн.)

-Откако ќе го пополните формуларот, потврдата со QR-код ќе ја добиете на вашата е-маил адреса. Можно е да не го добиете веднаш QR-кодот, но во нареден маил, ќе ви биде испратен.

Формуларот можете да го пополните тука https://travel.gov.gr/?#/form

Повеќе инфо околу протоколите и формуларот прочитајте на  https://travel.gov.gr/?#/