Детали

Опис

 Редовни цени 2018
 
 Ценовник Нова Година 



НАПОМЕНА

Поради  чистење на надворешните и внатрешните термални базени на хотелот,  нема да  работат од 05.11 до 08.11.2018 година.

Редовниот ценовник не важи за следниве периоди:

05.04-09.04.2018 г.
31.03-06.04.2018 г.
02.03-05.03.2018 г.
04.05-07.05.2018 г.
21.09-24.09.2018 г.
21.12-26.12.2018 г.
28.12.18-01.01.19 г.

За овие периоди има специјални пакет цени кои ќе бидат објавувани дополнително. 

 

Локација

Сандански е град на југозападот на Бугарија, во подножјето на Пирин планина на само 40 км од Македонската граница. Овај регион има најтопла клима во Бугарија и најмногу сончеви денови во годината. Тука се наоѓаат над 80 минерални извори со температура од 33°С до 83°С со ниска минерализација и успешно се користат за третмани на најразлични болести.

Интерхотел Сандански е најголемиот медицински центар за балнеологија и рехабилитација на Балканот и е сместен во самиот центар на градот на главната пешачка улица.

Структура

DBL стандард:
брачен кревет или два единечни, софа на спуштање и можност за бебешко креветче (1-4 кат)
Макс. капацитет: 2 возрасни + 1 дете до 15,99 + 1 дете до 3,99
*можност за connect соби (две DBL соби поврзани со врата) во зависност од расположливоста во моментот

DBL лукс:
брачен кревет или два единечни, софа на спуштање и можност за бебешко креветче (нова гарнитура, 5-7 кат)
Макс. капацитет: 2 возрасни + 1 дете до 15,99 + 1 дете до 3,99

Студио стандард:
спална со еден брачен кревет, физички одделена  (без врата) дневна со кауч на спуштање и можност за бебешко креветче (1-4 кат)
Макс. капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 11,99 год + 1 дете до 3,99 год

APP лукс:
спална со еден брачен кревет, физички одделена (со врата) дневна со кауч на спуштање и можност за бебешко креветче, две купатила (5-7 кат)
Макс. капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 11,99 год + 1 дете до 3,99 год

APP фамилијарен:
спална со еден брачен кревет, физички одделена (со врата) дневна со кауч и софа на спуштање и можност за бебешко креветче, две купатила (7 кат)
Макс. капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 15,99 год. + 1 дете до 3,99

Базени

Два базени со минерална вода и еден термален базен кои се отворени во текот на целата година:

  • надворешен 12.5м x 6.5м - температура на вода 33 °С
  • внатрешен 25м x 12.5м - температура на вода 33 °С
  • надворешен термален - температура на вода 38 °С

 

Спа центар:

  • бањи со арома и минерални соли,
  • сауна,
  • парна бања,
  • фитнес центар и
  • релакс соби за козметички третмани и масажи.

 

Легенда

DBL - двокреветна соба; 
SGL - еднокреветна соба; 
APP - апартман; 
BB - ноќевање со појадок; 
HB - полупансион.


Политика и услови

УСЛОВИ ЗА АГЕНТОТ И ГОСТИНОТ

За валидна резервација ќе се смета, резервација направена со 30% уплата при самото резервирање од страна на агентот или гостинот, а со целосна уплата до пред поаѓање.

Агентот или гостинот има право да ја откажи или промени резервацијата до 7 дена пред пристигањето без пенали.

Откажување или промена на резервацијата помалку од 7 дена пред датата на пристигање, агентот или гостинот ја плаќа првата ноќ од резервацијата.

Откажување или промена на резервацијата на денот на пристигање на гостинот или порано напуштање на хотелот, платената сума не подлежи на враќање на агентот или гостинот.

Промена или откажување на резервација за време на празници (Нова Година, Божиќ, Велигден) до 30 дена пред пристигање е без пенали.

Промена или откажување на резервација за време на празници (Нова Година, Божиќ, Велигден) помалку од 30 дена пред пристигање, или на денот на пристигање, агентот или гостинот ја плаќа 100% од целата резервација.

Хотелот прифаќа рекламации во рок од 48 ч.
За валидни рекламации ќе се сметаат оние кои се со документ потпишан од страна на гостинот и од овластените во хотелот.

НАПОМЕНА: Пред да ја извршите уплатата, Ве молиме контактирајте ја агенцијата за проверка на расположливи места.



Check in

Check in : 02:00 PM
Check out : 10:00 AM

Хотелски содржини
Бизнис центар
Ресторан
Wi-Fi
Лоби бар
Надворешен базен
Внатрешен паркинг
Фитнес центар
СПА центар
Детско катче
Клима уред
Лифт
Внатрешен базен
Патничко осигурување
Превоз
Приватен паркинг
Сеф на рецепција
Лежалки и крпи на базен
Туристичка такса
Отворен термален базен
Џакузи на отворено со минерална вода
Додај во листата на желби
Interhotel Цена/Ноќ
Сандански Цена €60
Одберете соба
изберете валиден датум
Нема резултати!!
Напиши коментар x

Севкупно  1 / 10

Ве молиме забелешка : Кога ке го напишете коментарот тој не може да биди избришан