Сè што треба да знаете за патување во Грција

-Нудиме закажување во агенција Т.А Турист за ПЦР тест при секоја резервација за Грција

-ПЦР тестот закажан преку Т.А Турист е во износ од 900 денари (само за патници кои имаат резервација во ТА Турист)

-Пополнување PLF документот за влез во Грција https://travel.gov.gr/#/user/login

– Сите патници кои влегуваат во земјата, независно од нивното државјанство, се должни да пополнат формулар ПЛФ (на веб-страна https://travel.gov.gr/#/), најмалку 24 часа пред датумот на влез. Пополнетиот ПЛФ формулар се смета за неопходен патнички документ за секој вид на влез во Грција (по копнен, воздушен и воден пат);. Образецот со лични податоци, траење и адреса на престој во Грција може да се покаже во отпечатена верзија или од мобините телефони.

– Во Грција може да влезете со сертификат за вакцинација издаден од јавна установа и да имаат доказ дека се поминати најмалку 14 дена од денот на нивната вакцинација против КОВИД-19. Грција ги признава сите вакцини.

– Негативен резултат од PCR тест, не постар од 72 часа

– Потврда дека сте прележале КОВИД-19, дијагностициран со позитивен ПЦР-тест или потврда за присуство на антитела со важност од 2 до 9 месеци од датум на дијагностицирањето на болеста

-За децата до 5 години не е потребен ПЦР тест

Mерки кои важат за туристите за време на престој:
-За време на престојот во Грција, посетителите треба да ги следат истите мерки кои важат и за Грците
-Заштитните маски се задолжителни и во затворени простори, и на отворено

Ресторани и кафетерии
-Отворени се само терасите на рестораните, кафетериите и баровите. Исклучок се објектите кои се во склоп на хотели и кои служат само гости во хотелот. Објектите работат од 05:00 до 22:45 часот и на маса може да седат најмногу шест гости. Гостите треба да носат маска додека порачуваат и ја чекаат нарачката

Плажи
-Дозволени се најмногу 80 луѓе на простор од 1000 метри квадратни. Еден чадор со лежалки можат да изнајмат најмногу двајца, со исклучок на семејства

Можете повеќе да прочитате на официјалнаа страна https://travel.gov.gr/#/