TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Адвент-Загреб 🚌

“Christmas Мarket”  во Загреб
0913.12.2021

Адвентот во Загреб според изборот на “European Best Destinations” три пати по ред е прогласен за најдобра дестинација за посетување за новогодишните и божиќните празници во Европа во 2016, 2017 и 2018 год.

1 ден (09.12.2021) четврток:  Македонија – Загреб
Состанок на групата пред спортска сала „Боро Чурлевски“ во 17:00 ч. Заминување од Битола во 17:30 ч., попатнo Прилеп (бензиска Лук Оил ), Велес (бензиска Макпетрол-автопат), Скопје (паркинг пред хотел Континентал), Куманово (бензиска Макпетрол-автопат) доколку има патници.
Продолжување на патот преку Србија, царински формалности, попатни одмори, ноќно возење.

2 ден (10.12.2021) петок: Загреб
Пристигнување во Загреб во предпладневните часови. Сместување. Слободно време за одмор. Попладне, со организиран превоз, пристигнување во центарот на градот и почеток на пешачката тура со професионален локален туристички водич.

Марков Трг каде е седиштето на Владата на Хрватска, кулата Лотрсчак (13 век) каде е и стартот на најкратката жичара во Европа  и каде секој ден во 12:00 се пука од топ, Железната врата која е еден од влезовите во стариот град (13 век), пазарот на отворено Долац, главната Катедрала (100 метри висока) ќе бидат само дел од нашите попатни станици во склоп на градската тура во централниот дел на хрватскат метропола. Турата завршува кај малата фонтана, некогашен извор на лековита вода на десетина метри од споменикот на Бан Јелачиќ (времетраење на турата,околу 90 минути).Враќање во хотелот. Ноќевање.

3 ден (11.12.2021) сабота: Загреб
Појадок. Слободен ден за истражување на убавините на Загреб и понудата која изобилува со разни настани за сите генерации и вкусови. За време на адвентот кој е посетен од десетици илјади гости од цела Европа и светот, ќе пронајдете безброј штандови на кои се нудат разни домашни и традиционални пијалоци и храна, сувенири и сл. Секојдневно, на различни локации (главниот плоштад Бан Јелачиќ, Плоштадот на Европа, Паркот Зрињевац, Паркот Максимир, Октогонот….)
се одржуваат концерти на отворено, театарски претстави, хорски изведби на божиќни песни, куклени претстави, магионичарски трикови и шоу програми.
Доцна попладне, враќање во хотелот. Ноќевање.

5 ден (12.12.2021) недела: Македонија
Појадок. Во претпладневните часови напуштање на хотелот и упатување кон најголемиот шопинг центар во овај дел од Европа( West Gate shopping city), кој се наоѓа на само неколку километри од нашиот хотел. Слободно време за шопинг и разглед. 14:00ч  е предвидено време за поаѓање кон  Македонија. Попатни одмори, царински формалности. Ноќно возење.

6 ден (13.01.2020) четврток: Македонија
Пристигнување во Македонија во раните утрински часови, Куманово, Скопје, Велес, Прилеп, Битола…

                                               Цена по лице: 169 € 

Во цената Е вклучено:
Превоз со туристички автобус на наведената релација
Поаѓање од Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Скопје, Куманово (без доплата)
2 ноќевања со појадок во хотел I 3*
Разглед на Загреб со професионален водич
Посета на Christmas market (Advent Zagreb 2021)
Придружник од агенцијата
Организација и реализација на аранжманот

Во цената НЕ Е вклучено
Поаѓање од Охрид, Струга, Кичево доплата 5 € по лице, повратен трансфер
Влезници за музеи и културно – историски споменици
Патничко осигурување
Неспомeнати услуги
Личен трошок на патниците

Важни забелешки и напомени !!!

Според последните правила и регулативи кои ги има донесено Република Хрватска, а се поврзани со влез во земјата, одобрени и прифатени се вакцините : Pfizer, Moderna, AstaZeneca, Gamaleya, Sinopharm, Janssen/Johnson&Johnson. 
Патниците кои се вакцинирани со вакцините Синовак и Спутник, како и за сите останати, дозволен е влез со антиген/брз тест, кој не смее да биде постар од 48 часа од денот на влегување во земјата.
Во случај на измени, патниците ќе бидат навремено информирани.

За реализација на аранжманот потребен е минимален број 40 платежни патници.
Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени патници да го откаже патувањето а за тоа ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
Доколку некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности/оправдани причини работа на патишта, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, или природни катастрофи агенцијата не сноси одговорност.
Агенцијата го задржува правото за промена на цените во случај на промена на цените во транспортот и патни трошоци.
Седиштата ( местата) во автобусот се определуваат автоматски со пријавувањето на патниците на денот на реализирање и авансната уплата – договорот ( нема можност за измена ).
Пасошот треба да важи минимум 90 дена од завршувањето на патувањето.
Агенцијата НЕ Е надлежна да ја цени исправноста на патните документи.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Организаторот/ на патувањето НЕ Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.
Во согласност со одредбите на Законот за туристичка дејност, за ова патување важат и се применуваат Општите услови за патување на Турист.

 


Зошто да го посетите божиќниот адвент во Загреб?!

Адвент во Загреб  Christmas Market    

Звуците на божиќните ѕвончиња, мирисот на медењаците, вареното вино …. доволно е само да се препуштите на уживање! Загреб за време на Адвентот нуди безброј случувања и манифестации кои би го задоволиле вкусот и на најпребирливите посетители. Забава, добра храна, уникатни случувања, уметност, но и вистински божиќен настан ве очекуваат на улиците на главниот град на Хрватска. Немојте да го чекате Дедо Мраз пред каминот, туку пронајдете го низ Загреб. Спремете ги вашите зимски обувки за долга авантура затоа што ве чекаат безброј изненадувања и музички програми, со кои прекрасната атмосфера е неизбежна!

Започнуваме со Адвентот во Загреб, спремете се!
Адвентот во Загреб е традиционална претпразнична манифестација која се одржува на повеќе локации во центарот на Загреб со богата културно-забавна програма. Програмата започнува на крајот на ноември и трае до крајот на декември.

Адвентот во Загреб започнува со традиционално палење на првата адвентска свеќа на Плоштадот Бан Јелачиќ, кај Мандушевац. Во уличките околу плоштадот Бан Јелачиќ се одржува Божиќен саем. Пригодни божиќни подароци, медењаци, шарени украси, божиќен накит и сувенири, кои што можат да се најдат во огромниот број на продавнички, кај уметниците кои ги продаваат и кај произведувачите на традиционални хрватски производи.
На главниот плоштад во Загреб кај големиот часовник, се наоѓа голема божиќна елка, а на сцената се одржуваат концерти и претстави.
Од 2014 година новитет е Ледениот парк на плоштадот Томислав, кој вклучува лизгалиште, угостителски услуги и музичка програма.

ДЕЛ ОД БОЖИЌНАТА ПРОГРАМА:
ПОСЕТА НА „ЛЕДЕНИ ПАРК“
На плоштадот „Краљ Томислав“ Ве очекува магична зимска идила на мраз – лизгалиште на отворено. Можност да научите да лизгате со помош на стручни лица од школи за лизгање. Музичката програма и разните гастрономски специјалитети ќе ја затоплат празничната атмосфера, додека пак, квалитетната културна содржина ќе направи да се почувствувате како да сте дел од вистинска Божиќна бајка.

ПОСЕТА НА „ПАРК  ЗРИЊЕВАЦ“
Во еден од најубавите паркови во Загреб, во кој има преку 220 раскошни дрвја украсени со преку илјада светилки, музички павилјон со божиќни класици и валцери, стари загребачки специјалитети, уникатни рачно изработени сувенири и  топла атмосфера ќе ве вратат во детството и ќе ве потсетат, што е всушност Божиќ.

ПОСЕТА НА „ЕВРОПСКИ ПЛОШТАД“
Строгиот Центар на градот е омилено место на младите. Освен концерти, можете да погледнете добар филм, многу  интересни изложби и понуди од разни европски градови…Добро друштво, греано вино, како ѝ богата музичка програма, е услов за незаборавна забава.

ПОСЕТА НА „ЗАГРЕБАЧКА БОЖИЌНА ПРИКАЗНА“
Во Центарот на градот ќе уживате шетајќи низ божиќните куќарки полни со сувенири, благи специјалитети и новогодишни подароци. Звукот на различните жанрови (џез, фанк, рок, поп) само ќе допринесе расположението да биде поголемо.

ПОСЕТА НА „ФУЛИРАЊЕ“
Како дел од „адвентот“, на плоштадот „Штросмајер“ кај „успињача“ (Загребачка жичара), сместени се врвни ресторани и барови со специјална гурманска „street food“ понуда –  гулаш, истарска супа, локални специјалитети, скара, сармички, креативни бургери и сочни колбаси…

ПОСЕТА НА „ТУНЕЛ ГРИЧ“
Пешачкиот тунел „Грич“ кој се наоѓа под „Стариот град“, за време на празници се претвора во вистинска Божиќна бајка.

ПОСЕТА НА „ТУНЕЛ МАРИЌ“
Тунел од бели гранки украсен со илјадници бели светилки. Минувајќи низ него, ќе доживеете милион воздивки, позитивни вибрации, како ѝ мали трик изненадувања.

ПОСЕТА НА „ДВОРОВИ КЛОВИЌ“
Во најубавиот дел од градот, во идилично опкружување на „Горниот Град“ ве очекуваат незаборавни моменти и спомени.
Освен бесплатни концерти, божиќни колачиња и добра забава, посетителите ќе имаат можност да се сликаат во посебна рамка – која има поглед на Загребачката катедрала. За совршена зимска фотографија, од оваа рамка може да врне снег кога и да посакате.

ПОСЕТА НА„ВРАНИЦАНИЕВА ПОЉАНА“
Бајковита локација на „Горниот Град“ која што едноставно мора да се види во живо – џез ритам со чудесна и помалку мистична атмосфера дополнета со сценографија.

ПОСЕТА НА„ШЕТАЛИШТЕ ШТРОСМАЈЕР“
Најромантичниот дел од „Горни Град“- место каде секој сон станува реалност. Препорака за посета на „Caffe de Matoš“.

ПОСЕТА НА „ИСУСОВО РАЃАЊЕ“
Драмски сцени од Исусово раѓање.

ПОСЕТА НА„АДВЕНТСКИ ВЕНАЦ“
Низ целиот град ќе бидат поставени дрвени куќарки со рачно изработени сувенири, украси и божиќни подароци за најблиските. Печени костени, божиќни колачи, греано вино и весел амбиент се рецепт за незаборавно искуство и вистинска празнична еуфорија.
Локации: Улици – Боговиќева, Гајева, Петриќева, Варшавска, Плоштадот на република Хрватска, Плоштадот Бан Јелачиќ
Видео од „Божиќниот базар“ во Загреб: Christmas Market

Опис на локации  
Загреб
е главен град наРепублика Хрватска, најголем град во Хрватска по број на жители. Историски гледано, Загреб израснал од две населби на два соседни рида, Градец и Капитол, кои го сочинуваат јадрото на денешен Загреб, неговиот стар град. Денес Загреб претставува административен, деловен, културен, сообраќаен и научен центар на Хрватска. И по местоположбата и својата култура, Загреб спаѓа во градовите на Средна Европа. Стариот и Новиот град се сметаат за споменици на културата кои успеале да го сочуваат чувството на средниот век и барокниот период.

Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )

Начин на плаќање:

Авас 30% од објавената цена, остатокот во рок од 15 дена пред поаѓање.

Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )

 

Загреб, ХРВАТСКА
четврток, декември, 9, 2021
5 dena 2 noki
44
€169.00

АДВЕНТ-ЗАГРЕБ

ЗИМСКО ПАТУВАЊЕ
09.12-13.12.2021

€169.00

Распродадено

Надминат е бројот на лица