TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Азурен брег ✈️

АВИОН/ 4 дена/ 3 ноќевања

 

21.05.2022                           БИТОЛА – ШТИП – СКОПЈЕ – СОФИЈА
Поаѓање од Штип во 12:00 часот.Поаѓање од Скопје пред Хотел ВИП во 13:00 часот кон аеродромот во Софија. Пристигнување во Софија во 17:00 часот по локално време.
Лет од Софија во 19:45 часот. Пристигнување во Ница во 21:10 часот.
Трансфер од аеродромот во Ница до хотелот.Сместување во хотел. Ноќевање.
22.05.2022                           НИЦА
Појадок. Панорамски (пешачки) разглед на Ница со локален водич. Запознавање со Ница – кралицата на Азурната обала, препознатлива по познатите хотели, прекрасните палати, казината и долгите плажи): стариот град, најатрактивниот пазар на цвеќињата, најголемиот плоштад во Масена и шеталиштето Променаде Де-Англ (прочуеното Англиско шеталиште, долго 5 км, место на кое Ница му должи за својата слава и популарност. Оваа феноменална препознатлива авенија го зафаќа целиот залив на Ница. Авенијата ја изградил англичанец, Луис Веј, кој сам ја финансирал изградбата во 1820 година. Населението во Ница оваа улица ја нарекувале Приморска улица за потоа англискиот војвода,синот на кралицата Викторија да ја промовира како Англиско шеталиште). Најпознатата градба на шеталиштето е Гранд Хотел Негреско 5* изграден во 1912 година. Разглед на Плоштадот Масена (од каде започнуваат сите големи булевари,кој многу потсетува на северноиталијанските градови и каде се одржува карневал), Градската куќа (Hotel de Ville)… Слободно време за индивидуални активности. Откријте и сами зошто овој град е толку посетуван и секогаш магнетски привлекува безброј туристи. Ноќевање.
23.05.2022                           НИЦА – АНТИБ – КАН – НИЦА
Појадок.Факултативна посета со железница на Антиб и Кан. Антиб – прошетка низ градот кој претставува бисер на Медитеранот и едно од најстарите утврдувања на Азурната обала.
Во градот доминира тврдината Fort Kare во чие подножје се наоѓа познатата ексклузивна марина. Овде се наоѓа и музеј со една од најдобрите колекции на Пабло Пикасо.
Продолжуваме кон Кан – прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, Марината. Посета на стариот дел на градот, тврдината и црквата Notre Dame De Esperance. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.
24.05.2022                           НИЦА – МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО – НИЦА
Појадок.Слободен ден за индивидуални активности и прошетки или предлагаме факултативна посета со железница на Монако – втората најмала независна држава после Ватикан, кој се наоѓа на брегот на Средоземното Море со вкупна површина од само 2 квадратни километри и претставува уставна монархија и кнежевство.
Монако е името на државата и на единствениот град во државата. Бидете дел од оваа луксузна бајка, прошетајте низ самата патека каде што се одржува најпознатата трка Формула 1 за Гран При. Можност да ја видете Палатата на принцот на Монако и официјалната резиденција на монархот, Музејот Наполеон, Катедралата на Монако, казиното..Посета на Монте Карло – омиленото место на многу славни ликови. Претставува административна област на Кнежевството Монако. Овој град е домаќин на најголемотот европско финале во покер, бројни боксерки мечеви и многубројни модни гламурозни случувања. Можност за посета на океанографскиот институт, кралската палата, градското собрание и стариот град.
А за оние што сакаат возбудливост, адреналин и ризик – можност барем еднаш да влезете во најпознатото казино во светот – Казиното Монте Карло. Слободно време за индивидуални активности прошетки и шопинг. Враќање со железница во договореното време во хотелот. Трансфер од хотел до аеродромот во Ница. Лет за Софија во 21:55 часот.)
25.05.2022                           СОФИЈА-МАКЕДОНИЈА
Пристигнување во Софија во 00:55 часот.
Превоз од аеродромот во Софија до Македонија.
Пристигнување до Скопје во раните утрински часови.

 Цена со попуст за уплата до 31 Март  399 € (24.740 ден)

Редовна цена по 01.04.2022  469 € (29.080 ден)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Авионски превоз на наведената релација Софија – Ница – Софија со WizzAir
– трансфер со автобус / минибус на релација Македонија-Софија-Македонија
– Рачен багаж со димензии 40 х 30 х 20 см
– Трансфер од аеродром Ница до хотел во Ница со 3* и обратно;
– Сместување во хотел 3* на база 3 ноќевања со појадок во Ница;
– Организиран разглед во Ница со локален водич;
– Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Аеродромски такси по лице се 2.500 денари
– Факултативна посета на Антиб и Кан со локален водич – 60 €
– Факултативна посета на Монако и Монте Карло со локален водич – 60€
– Туристичка такса во  Ница – 4 евра од ноќ по лице
– Влезница за Казино “Монте Карло” – 17 евра
– Влезници за локалитети
– Патничко осигурување
– Сите неспоменати трошоци

НАПОМЕНИ:
* ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!
* За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ
* За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници
* Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош,
комплетна доплата 14 дена пред поаѓање.
* Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62,00мкд.
* Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето

Цените се по лице за сместување во двокреветни соби.
Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 62,00 денари.
Калкулацијата е правена на минимум пријавени 20 патници.
За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ. За уплати на “early booking” потребна е уплата 50% од вкупната сума на аранжманот.
Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање.
При резервација задолжително изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот, како би можела агенцијата навремено да направи и потврди резервации за истите.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање, доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
За патувањето потребно е да се поседува едно од наведените: сертификат за примени 2 дози европски признаени вакцини (со поминати 14 дена од втората) или потврда за прележан Ковид или ПЦР тест.
Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се да ги приложат во агенцијата за проверка, патната исправа треба да е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот.
За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА ТУРИСТ и СКТМ