TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Aзурен Брег и Италија

01.ден (28.декември) СКОПЈЕ – ВЕРОНА
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 11:30 часот. Поаѓање за Италија во 12:00 часот. Патот води преку граничниот премин Табановце со дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.

02.ден (29.декември) ВЕРОНА  
Пристигнување во Верона околу пладне. Разглед на градот познат по неговите Ромео и Јулија. Прошетка дo плоштадот Бра и познатата Арена, кон улицата “Mazzini” која низ центарот на градот води директно до плоштадот “Erbe”, плоштадот “Dei Signori” на кој се наоѓа статуата на Данте, дворот и куќата на Јулија со нејзината статуа крај која се фотографираат илјадниците туристи. Слободно време за шопинг и индивидуални прошетки низ градот.  Сместување во хотел во околина на Верона. Ноќевање.

03.ден (30.декември) СИРМИОНЕ – ЛАГО ДИ ГАРДА  – АЗУРЕН БРЕГ
Појадок. Патувањето продолжува кон Ница со попатна посета на Езерото Гарда. Разглед на живописното градче Сирмионе со замокот на семејството “Scaligeri” од XIII век, кој на необично формираниот полуостров длабоко навлегува во езерото. Продолжување на патувањето кон Азурниот брег. Пристигнување и сместување во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

04.ден (31.декември) НИЦА – ЕЗ – МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО
Појадок. Заминување на целодневна прошетка покрај Азурниот брег. Разглед на Ница: хотелот “Negresco”, променадата на Англичаните, пристаништето, плоштадот Масена… Слободно време за шопинг и индивидуални прошетки. Во попладневните часови организирана посета на кнежевството Монако. Панорамски разглед на една од најмалите држави на светот и нејзиниот главен град Монте Карло: Океанографскиот музеј, Ботаничката градина, црквата Св.Никола, гробот на принцезата Грејс Кели, патеката за трките на Формула 1, најпознатиот хотел ”De Paris”, коцкарниците… Враќање во хотелот. Навечер, можност за заедничка прослава на Новогодишната ноќ на градските плоштади, со мноштвото туристи и локалното население. Ноќевање.

05.ден (01.јануари) НИЦА – КАН – МИЛАНО
Појадок. Заминување од Ница со попатна посета на позанатиот Кан: Филмската палата, плочникот со отисоците од рацете на светски познатите актери, авенијата на палмите, марината… Слободно време за индивидуални прошетки низ Кан, до продолжување на патувањето кон Милано. Пристигнување во вечерните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.

06.ден (02.јануари) МИЛАНО – СКОПЈЕ
Појадок. Панорамски разглед на Милано: тврдината Сфорцеско, централниот плоштад со истоимената и најголема готска катедрала во светот – “Duomo”, галеријата “Vittorio Emanuelle” која ги поврзува катедралата и Миланската Скала (една од најпрочуените оперски куќи во светот)… Слободно време за индивидуални прошетки до заминување за Скопје. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија, со попатни одмори. Пристигнување во Скопје, наредниот ден во попладневните часови.

 

  Цена на аранжманот:  339 Є (21.018,00 мкд)

 

Во цената на аранжманот Е вклучено:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација.
– Сместување во хотели **+ или *** во околина на Верона 1НП, Ница 2НП и Mилано 1НП.
– Организирани посети и разгледи на Верона, Сирмионе, Милано, Ница, Монако, Монте Карло, Кан
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:
– Влезници за културно историски знаменитости
– Туристичка такса во хотелите, се плаќа на рецепција 1€-2,5€ лице/ноќ
– Патничко здравствено осигурување (190 мкд.)

НАЧИНИ НА ПЛАЌАЊЕ:

Авас 30% од објавената цена, остатокот во рок од 15 дена пред поаѓање.

ВАЖНИ ЗАБЕЛЕШКИ, НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот потребен е минимален број 45 платежни патници.
– Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
– Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 20-30 лица( во зависност од факултативата).
Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. нешта агенцијата не сноси одговорност.
– Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци.
– Седиштата во автобусот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот. (нема можност за измена)
– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
– Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
– Организаторот на патувањето НЕ  Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
– Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.
– Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
– За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност
– Со важност се и се применуваат Општите услови за патување на Турист

 

Верона, ИТАЛИЈА
сабота, декември, 28, 2019
6 dena 4 nokji
45
€339.00

28.12.2019-02.01.2020

НОВА ГОДИНА
28.12.2019

€339.00
по возрасен

Распродадено

Надминат е бројот на лица