Програма
АЛПСКА ТУРА : ИТАЛИЈА-ФРАНЦИЈА-ШВАЈЦАРИЈА-ГЕРМАНИЈА
ЛАГО ДИ ГАРДА-МОНТРО-ЛОЗАНА–ЖЕНЕВА-БЕРН-БАЗЕЛ-ЛУЦЕРН-КОНСТАНЦ-ВАДУЗ-ЛУГАНО-КОМО
06.10.2022
Поаѓање во 16.00часот од пред Бран со туристички автобус. Патот води преку Белград, Загреб, Љубљана со попатни одмори.
07.10.22
Пристигнување во Ломбардија-Северна Италија во пладневните часови. Сместување во хотел кај езерото Лаго ди Гарда во подножјето на Алпите, кое изобилува со бајковити села и гратчиња,има 5 островчиња. Посета на шармантното гратче Сирмионе со замокот Скалиѓеро опкружен со вода,што ова место го прави атрактивно за милиони туристи. Ноќевање.
08.10.22
Појадок. Поаѓање за Швајцарија преку Алпите,за Женева со попатна посета на замокот Вевеј кај Монтро, каде е седиштето на Нестле.Попатна посета на музејот на МОК во Лозана. Попладнето пристигнување во Женева, градот на брегот на Женевското езеро, низ кој врви реката Рона, град познат по скапите часовници. Сместување во хотел. При разгледот на Женева ќе се видат:катедралата св.Петар со плоштадот Бур де Фур, фонтаната Жет д,О со водоскок висок 150м.,споменикот на Жан Жак Русо, Цветниот часовник, споменикот на генералот Анри Дефур, и прошетка по брегот на Женевското езеро. Ноќевање.
09.10.2022
Појадок. Поаѓање за главниот град на Швајцарија-Берн, разгледување на градот: Кулата со астролошкиот часовник Цитлоге,зградата на Парламентот,фонтаните Церингер и Симсон, колонадите,куќата на Ајнштајн… Потоа се продолжува за градот на културата-Базел, град на тромеѓето помеѓу Швајцарија, Франција и Германија. Во Базел-градот на реката Рајна може да се видат: Ратхаус-Градското собрание на плоштадот Marktplatz, најстарата зоолошка градина во Швајцарија,катедралата Монстер,шопинг улицата Фрајштрасе…Потоа се продолжува за најтуристичкиот град на Швајцарија-Луцерн,сместен на езерото Луцерн,на реката Reuss -која го дели градот на стар и нов дел, со поглед на Алпите, кој го карактеризираат прекрасни градби, а Kapellbrucke -204м. долг дрвен мост и водената кула се симбол на градот. Продолжување за Цирих. Разглед на градот, при што може да се видат: црквата св.Петар, катедралата Grosminster, црквата Frauminster, водената црква Wasserkirche, прошетка по брегот на Циришкото езеро и Банхофштрасе-една од најелитните улици во светот со најпознати модни брендови и познати банки. Сместување во хотел… Ноќевање.
10.10.2022
Поаѓање за градот Констанц–град на Боденското езеро кој се наоѓа во Германија и се граничи со Австрија и Швајцарија, град низ кој течи реката Рајна. Градот има добро сочуван средновековен стар град, кој не бил бомбардиран во 2-та св.војна, Rathaus –Старо Градско собрание, импресивна Мунстер-Катедрала во Романично-Готски стил… Потоа се продолжува за Лихтенштајн-една од најмалите држави на Алпите. Главен град е Вадуз, Лежи на реката Рајна,иако во срцето на Европа не е дел од ЕУ. Се поминува панорамски, пејсажот на Лихтенштајн е исполнет со мали фарми и планински терени. Продолжување за градот Лугано, кој се наоѓа на истоименото чудесно езеро,опкружено со планини, во јужните Алпи. Тој е голем туристички центар,каде човек ќе се заљуби во Италијанската архитектура, шеталишта и уредени улици за шопинг и уредени паркови и дворови. Освен Лугано, околу езерото има прекрасни села, насликани како на разгледница. Стариот центар на Лугано е прекрасен-полн со палати, ренесансни и барокни цркви,манастири и плоштади. На јужниот плоштад се наоѓа Градската куќа,палата изградена во неокласичен стил,катедралата Сан Лоренцо од 16-ти век…Поаѓање за Италија,до езеротo и гратчето Комо. Сместување во хотел во вечерните часови. Ноќевање.
11.10.2022
Појадок. Комо,поради езерото и близината на Алпите е топ туристичка дестинација. Градот Комо содржи многу градини, паркови, палати,цркви-катедрали, вили,театар, средновековно градско собрание… Бенито Мусолини при бегството за Швајцарија е фатен во едно мало гратче на Комо, каде е и стрелан. Поаѓање за Македонија преку Словенија, Хрватска и Србија со попатни паузи.
12.10.2022
Пристигнување во Прилеп во пладневните часови.
Цена на аранжманот………390 евра (24.000 денари)
(плаќање во денарска противвредност)
За резервации и уплати до 07.09.2022г.=22000 ден.(355eur)
Во цената е вклучено:
Aвтобуски превоз на дадената релација,
Сместување во хотели со 3*- 1 ноќевања со појадок на езерото Лаго ди гарда– Италија
1-ноќевање со појадок кај Женева-Анемасе-Франција,
1 ноќевање во хотел кај Цирих во Швајцарија, 1 ноќевања со појадок на езерото Комо-Италија,
Посети и разгледи на: Сирмионе, Женева, Берн, Базел, Луцерн, Констанц, Лугано, Комо
Придружник и организација на екскурзијата
Во цената не е вклучено:
Патничко здравствено осигурување 400ден.
Туристичка такса во хотелите
Влезници за посетите на културно-историските споменици
Напомена:
На оваа програма нема факултативни посети и доплати
За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници
Последен рок за пријавување: 30.09.2022
Услови
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 платежни патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмат.
Цените се по лице за сместување во двокреветни соби.
За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ.
Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.
За уплати на “early booking” потребна е уплата 50% од вкупната сума на аранжманот.
Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање.
При резервација задолжително изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот, како би можела агенцијата навремено да направи и потврди резервации за истите.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање..
Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се да ги приложат во агенцијата за проверка, патната исправа треба да е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот.
За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА ТУРИСТ и СКТМ