TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Атина 🚌

30.12.2021 (Четврток) Македонија-Атина
Состанок на групата на Спортска сала Битола во 20,30 часот.Поаѓање во 21:00 часот. Ноќно возење низ Грција со попатни паузи за одмор.

31.12.2021 (Петок) Атина-Разглед-Нова Година Дочек
Пристигнување во Атина во утринските часови. Заминување на панорамско разгледување на градот (Плоштадот Омонија, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитет…) Акропол (Пропилеј, Партенон, Ерџтејон…). Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта можност за дочек на Нова Година  во центарот на Атина со новогодишната прослава на Атинскиот плоштад “Синтагма„ или факултативно – Новогодишна вечера во хотелот со богато мени и неограничен пијалок (35 Еур). Ноќевање1.

01.01.2020 (Сабота) Атина-Сунион
Појадок. Факултативна екскурзија  (10 Еур) покрај Аполоновиот брег на Атика: летувалиштата Глифада, Вула, Вулиагмени и  рт’от Сунион, кој е и најужниот дел од европското копно. Поглед кон остатоците на некогашниот антички храм, подигнат над самиот рт’ во слава на богот Посејдон. Враќање во Глифада. Слободна вечер. Ноќевање 2.

02.01.2021 (Недела) Атина-Коринт-Пелопонез
Појадок. Целодневна екскурзија на Арголида (вклучена во цена): Коринтскиот канал (кој ги поврзува Егејското и Јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), гратчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон). Планиран одмор со можност за ручек во локална таверна, како и можност за посета на работилница – продавница за производство на сувенири од порцелан и керамика. Поаѓање за Македонија. Пристигнување во Битола во доцните вечерни часови. Организирани трансфери до градови. Крај на аранжманот.

Цена на аранжманот: 119 / 7.378 мкд

Деца: 2-12 години со двајца возрасни 79 € /  4,898,00
Еднокреветна соба 159 €
Доплата за повратен трансфер во МК: Скопје и Велес 10 €/лице, Прилеп, Охрид и Кавадарци 5 €/лице

Во цената се вклучени следниве услуги:
Превоз со високо туристички автобус
2 ноќевања со појадок во хотел 4* во Глифада покрај море www.londonhotel.gr
Организиран разглед на градот со локален водич
Екскурзија  на Арголида – Пелопонез (вклучена во цената)
Организација и водство на патувањето

Во цената не се вклучени следниве услуги:
Факултативен излет Сунион и Аполоновиот брег 10 €
Туристичка такса 1,5€ по соба од ден, наплата на рецепција во хотел
Влезници за посета на локалитетите со водич: Акропол (12 €);
Патничко и здравствено осигурување 150 мкд

КОВИД МЕРКИ ЗА ВЛЕЗ ВО ГРЦИЈА ОД МАКЕДОНИЈА
-Патникот треба да поседува еден од следните документи:
-Валиден сертификат за целосна вакцинација добиен од здравстевните органи по втората вакцина, по која треба да бидат поминати минимум 14 дена.
-Доколку не е вакциниран патникот треба да поседува негативен ПЦР или брз антигенски тест, не постар од 72 часа, односно 48 часа.
-Патниците треба да го пополнат онлајн дигиталниот формулар за локализација на патниците (PLF формулар) на веб страницата https://travel.gov.gr/#/ и истиот да се прикаже на сите овластени лица кои тоа ќе го побараат, во дигитална форма на смартфон или отпечатен на хартија.
-За влез во Македонија невакцинираните патници ќе треба да поседуваат негативен ПЦР или брз антигенски тест, не постар од 72 часа, односно 48 часа.

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
Агенцијата нема одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ, и нема да му гиврати уплатените средства ако е по негова вина, и не е должна да му обезбеди превоз од граница до местото на живеење.
Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.
Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.
Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот по 14 часот.
Описот на сместувачкиот објект е од информативен карактер. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сноси одговорност, тоа зависи исклучиво од хотелот.
За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата нема одговорност.
Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.
Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.
Агенцијата не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото, и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.
Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето нема одговорност, целокупниот износ на штетата е на патникот.
Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот на нотар од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или ласт минут понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната.
Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.
Т.А. Турист е посредник во аранжманот.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата. Важат Општите услови за патување на СКТМ и ТА ТУРИСТ.

Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )

НАЧИНИ НА ПЛАЌАЊЕ:
Авас 30% од објавената цена, остатокот во рок од 15 дена пред поаѓање.