TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

БАРЦЕЛОНА ✈️

1 ден  30.12.2019  (понеделник)    СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 16:30 часот. Полетување за Барселона во 18:30 часот.  Пристигнување во Барселона во 21:20 часот. Трансфер до хотелот. Ноќевање.

2 ден  31.12.2019  (вторник)        БАРСЕЛОНА
Појадок. Организиран панорамски разглед на Барселона: авенијата Diagonal која Барселона ја дели на источен и западен дел, прекрасната катедрала Саграда Фамилија, плоштадот Каталонија –  централниот градски плоштад точка каде стариот град се сретнува со новиот во чие продолжение се протега зелената авенија Рамбла, споменикот на Колумбо – местото каде Колумбо пристигнал по откривањето на Америка, ридот Мон Жуик со Олимпискиот стадион и спортската палата, плоштадот Шпанија (Plaza Espanya) на кој се наоѓа Конгресниот центар, Националната галерија на каталонската уметност и “Магичните фонтани” со величествена игра на вода, светлина и музика, плажата Барселонета, Шпанското село (Pueblo Espanol) комплекс на градби во разни архитектонски стилови од цела Шпанија… Слободно попладне.
Вечерта дочек на Новата Година на некои од плоштадите на Барселона. Ноќевање.

3 ден  01.01.2020  (среда)                БАРСЕЛОНА (парк Гауди)
Појадок. Слободно време за индивидуални активности, или прошетка (со метро) до паркот “Guell” – ремек дело на познатиот шпански архитект Антонио Гауди .Прекрасните медитерански градини и специфичните фигури, препознатливи по својата уникатност, денес се дел од листата на светското културно наслетство под заштита на UNESCO. На враќање, прошетката продолжува по авенијата De Gracia со познатите Гаудиеви згради: “Casa Mila” и “Casa Batllo”. Попладне препорачуваме поршетка низ Готскиот кварт, срцето на стариот град на Барцелона, со познатата Катедрала, Улицата на Кралевите, плоштадот “San Jaime”… Ноќевање.

4 ден  02.01.2020  (четврток)                БАРСЕЛОНА (Фигерас и Герона)
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, прошетки и можност за шопинг во познатите шопинг центри од градот, или факултативен излет до Фигерас и Герона – посета на Фигерас каде се наоѓа музејот на Салвадор Дали, што е предизвик за сите љубители на уметноста и оние кои сакаат да видат нешто потполно оригинално. Место во кое е роден и цел свој живот творел Дали, и насекаде може да се забележи Далиевото влијание. Сите негови дела прикажани на посебен начин и на посебно место ја прикажуваат  неговата генијалност. Музејот во кој може да се види најголемата и најразновидната колекција, скулптури, 3D колажи, како и приватната колекција на Дали од други уметници. Попатно на враќање посета на убавото, живописно градче Герона, кој се наоѓа на североисток на Шпанија непосредно до Француската граница. Прошетка низ историскиот центар на градот, неговата тврдина изградена како систем на одбрана во римскиот период, катедралата која се наоѓа во срцето на тврдината, колористичниот куќички на брегот на реката Onyar… Слободно време за кафе пауза. Вечерта, факултативна вечер со Фламенко шоу. Ноќевање.

5 ден  03.01.2020  (петок)         БАРСЕЛОНА
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или можност за прошетка (со метро) до Олимпиското пристаниште и плажата Барселонета. Можност за посета на Аквариумот – еден од наголемите и најубавите во Европа. Попладне, препорачуваме посета на Триумфијалната Порта, Главниот парк со неговите градини…  Можност за посета на многубројните музеи, како Музејот на Пикасо и Чоколадниот Музеј. А за љубителите на фудбалот, можност за посета на Ноу Камп. Попладне трансфер до аеродормот во Барселона. Лет за Скопје во 21:15 часот. Пристигнување во Скопје после полноќ во 23:55 часот, наредниот ден.

Цена во претпродажба: 469 € (29.078,00 мкд)
Цена на аранжманот: 499 Є (30.938,00 мкд)

Во цената Е вклучено :
Авионски превоз на релација Скопје – Барселона – Скопје (со Wizz-Air)
Трансфери во Барселона, на релација: аеродром – хотел – аеродром
4 ноќевања со појадок  во “Hotel Madanis” ****
Организиран панорамски разглед на Барселона со водич
Организирани посети на паркот Гауди, прошетки до Олимпиското пристаниште, Годскиот кварт… (без вклучени влезници за музеи и културно историски споменици)
Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Туристичка такса 1.5€ на ден.

Во цената НЕ Е вклучено:
Аеродромски такси  (60€)
Пријавен багаж до 20кг – ______мкд по правец
Пријавен багаж до 32кг – _______мкд по правец
Доплата за 1/1 соба 152€

Факултативна вечера со Фламенко шоу (55€) – со метро
Факултативна посета на Фигерас и музејот на Салвадор Дали (со вклучена влезница) и Герона (80€) / за минимум 15 пријавени патници
Влезници во објектите и културно историски споменици: Sagrada Familia, Montjuic, Parc Guell, Camp Nou, Шпанско Село,

Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 20 патника
За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или  хотелот
Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред  датумот на започнување на истиот
Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици
Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
Со важност се и се применуваат Општите услови за патување на Турист