TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Белград-Нови Сад

10% Попуст

БЕЛГРАД – 8ми МАРТ. PDF

1 ден: 05.03.2020               МАКЕДОНИЈА – БЕЛГРАД
Состанок на групата пред Спортска сала во 22:30, а поаѓање од Битола во 23:00ч.
Се патува преку граничен премин Табановце со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден: 06.03.2020               БЕЛГРАД
Пристигнување на групата во Белград во утринските часови. Разглед на Белград со
професионален туристички водич-црквата Св.Сава, Топчидер (стадионите на „Црвена Звезда“ и „Партизан“), Дедиње, мостот Газела, мостот на Бранко Чопиќ, црквата Св.Марко, музејот за воздухопловство, улицата на кнезот Михајло, плоштадот на Никола Пашиќ, Теразије, Народниот Театар, Собранието, тврдината Калемегдан. Во попладневните часови сместување во хотелот, одмор. Во доцните попладневни часови, можност за факултативно крстарење по Дунав или слободно време за индивидуални активности.
Присуство на велигденска литургија пред најголемиот православен храм на Балканот- Св.Сава.
Враќање во хотелот после полноќ. Ноќевање.

3 ден: 07.03.2020               БЕЛГРАД – НОВИ САД
Појадок. Можност за факултативна посета на Нови Сад (10 Еур). Панорамско и пешачко разгледување на Нови Сад: најпознатото шеталиште Змај Јован, кое изобилува со бројни продавници, кафичи и ресторани, Плоштадот со Градското Собрание и католичката црква, Дунавската улица која води до најубавиот новосадски парк – Дунавски парк. Враќање во Белград во хотел. Вечерта е предвидена за факултативна посета на некој од Белградските сплавови со богата вечера и жива музика (20 Еур) или слободна вечер за индивидуални активности. Ноќевање.

4 ден: 08.03.2020               БЕЛГРАД – НИШ – МАКЕДОНИЈА
Појадок. Одјавување од хотел. Посета на трговскиот центар Ушче со можност за шопинг.
Во попладневните часови заминување за Македонија.
Попатна посета на градот Ниш со можност за прошетка низ центарот и можност за ручек.
Пристигање во Македонија во доцните вечерни часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 89 Еур /5.518,00 денари
цена за уплата до 01/02/2020 79 Еур/4.898 ,00 денари

Во цената Е вклучено:
Превоз на дадената релација во туристички автобус
Сместување во хотел – брод Compass River City 3*, (2 ноќевања со појадок)
Панорамски разглед на градот
Комплетна организација со пратител при патувањето

Во цената НЕ Е вклучено:
Патничко и здравствено осигурување
Факултативна посета на Нови Сад
Факултативно крстарење по Дунав
Факултативно вечера на сплав со жива музика
Факултативна посета на Музејот за воздухопловство

Факултативна посета на Нови Сад 10
Факултативно крстарење по Дунав 15
Факултативно вечера на сплав со жива музика 20
Факултативна посета на Музејот за воздухопловство 5

БРОД – ХОТЕЛ „Compass River City Boatel“
„Compass River City“ е прв хотел – брод на реката Дунав во градот Белград, со 81 кабина,
6 апартмани, базен, реасторан и голема тераса. Од терасата има прекрасен поглед кон тврдината „Калемегдан“ и реките Дунав и Сава. Од копнената страна има парк со клупи и пешачка патека. Вистинско место за релаксација кои успеало да ги спои природата и градот.
Линк од хотелот за виртуелен поглед http://compassrivercity.com/360.php
Линк од хотелот http://compassrivercity.com/index.php

НИШ – НИШАВА – ТУРСКА ТВРДИНА – КАЗАНЏИСКО СОКАЧЕ
Череп кула – кула направена од Срби черепи обезглавен од страна на Турците во 19 век.
Ниш тврдина – турски тврдина во центарот на градот.
Казанџијско сокаче – Пример за оригинална архитектура од османлиски период.
Нишава – рекоја која тече низ Бугарија и Србија, со должина од 218 км е најдолгата притока на Јужна Морава.

НОВИ САД – ПЕТРОВАРАДИНСКА ТВРДИНА – СИНАГОГАТА –КАТОЛИЧКА КАТЕДРАЛА
Нови Сад е главен град на северната српска покраина Војводина. Втор град по големина
во Србија, по Белград. Градот изобилува со стари историски градби, со многу цркви,катедрала, синагога, тврдина, плоштади и други историски знаменитости. Покрај српскиот јазик, се користат и унгарскиот, словачкиот и панонскорусинскиот јазик.

НАЧИНИ НА ПЛАЌАЊЕ:

Авас 30% од објавената цена, остатокот во рок од 15 дена пред поаѓање.

ВАЖНИ ЗАБЕЛЕШКИ, НАПОМЕНИ:

За реализација на аранжманот потребен е минимален број 40 платежни патници.
Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 25 лица.
Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. нешта агенцијата не сноси одговорност.
Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непредвидени трошоци.
Седиштата во автобусот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот.
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
Организаторот го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Организаторот на патувањето НЕ Е овластен да ја цени исправноста на патните исправи на патниците.
Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.
Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност
Со важност се и се применуваат Општите услови за патување на Турист

Белград, СРБИЈА
четврток, март, 5, 2020
5 dena 2 noki
45
€79.00
10% Off

8ми МАРТ

АВТОБУС
05-08.03.2020

€79.00
по возрасен

Распродадено

Надминат е бројот на лица