TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Велигден – Будва

 

1 ден 30.04.2021 (Петок)
Состанок на групата на Дрводекор во 20:30 часот, поаѓање во 21часот. Ноќно возење преку Косово и Албанија по новиот автопат до Острог со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ден  01.05.2021 (Сабота)
Посета на Острошкиот Манастир, едно од најпосетуваните светилишта на Балканот. Манастир кој е врежан во карпите, основан од митрополитот Василије Острошки во XVII век. По посетата на Острошки Манастир, се уплатуваме кон шопинг центарот Delta City во Подгорица. Во договореното време поаѓаме кон Будва. Сместување во вила во центарот на Будва. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
3 ден 02.05.2021 (Недела)
Третиот ден е предвиден за факултативтна посета на градот Котор, Херцег Нови и Тиват. Најпрво се упатуваме кон Котор. Пристигнување и слободно време за индивидуален разглед на градот каде може да се видат Саат Кулата, Катедралата Св. Трифун, Православната Црква Св.Никола. По посетата на Котор се упатуваме кон Херцег Нови. Херцег Нови е град на брегот на Јадранско Море и во подножјето на планината Орјен. Херцег Нови е центар на Општина Херцег Нови и е најголем град со српско население на брегот на Јадранско Море. Градот бил познат и под името Castelnuovo. Поради важното стратегиско значење, во градот биле подигнати неколку тврдини. Прва во низата одбранбени линии била Цитаделата (позната и како Macel) чии остатоци денес лежат во непосредна близина на тврдината Forte Mare. Слободно индивидуално време за прошетка низ градот. Во договорено време се упатуваме кон Тиват. Слободно време за индивидуален разглед на градот. Патувањето го продолжуваме кон Будва. Враќање во Будва. Ноќевање.
4 ден  03.05.2021 (Понеделник)
Одјавување од вилата. Слободно индивудално време за прошетка низ центарот на Будва. Во договореното време поаѓање кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

 

Цена на аранжманот: 55€ по лице
Трансфер од Битола Прилеп и Велес 10€ по лице

 

Во цената Е вклучено:
2 ноќевања во вила во центарот на Будва
Превоз со високотуристички автобус
Посета на манастирот Св.Василије Острошки
Посета на трговскиот центар DELTA CITY
Лиценциран пратител во текот на целото патување
Организација и реализацијa на аранжманот
Во цената НЕ Е вклучено:
Факултативен излет до Котор-Херцег Нови и Тиват – 10
Туристичка такса 1 евро за посета на Манастирот Острог

Комбињата за превоз до манастирот се плаќаат дополнително на лице место
Можност за организиран трансфер од Битола, Прилеп, Црна Река и Велес  доплата 5 по лице
Туристичка такса 1 по лице од ноќевање во Будва

 

 

Цените се по лице за сместување во двокреветни соби валидни за најмалку 2 лица во соба.
За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.
За влез во Црна Гора не е потребен PCR тест, ниту тест за антитела
За реализација на патувањето потребен е минимум од 30 патници

За реализација на факултативата потребно е да бидат пријавени минимум 20 патници

Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат.
За реализација на факултативата потребно е да бидат пријавени минимум 15 патници.
За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 14 дена пред поаѓање.
Доколку сме спречени да ја реализираме турата поради ситуацијата со која се соочуваме, уплатените средства ќе бидат рефундирани.
За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 5 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
За ова патување важат Општите Услови за Патување на Т.А.Турист.