TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Венеција

29.декември (недела)              СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА
Состанок на групата во Скопје на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во14:30ч. Поаѓање за Венеција во 15:00ч. Излез од Македонија преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.

30.декември  (понеделник)  ВЕНЕЦИЈА (околина)
Пристигнување на пристаништето “Пунта Сабиони” во Лидо Ди Јесоло, во предпладневните часови. Превоз со брод “вапорето” до центарот на Венеција. Разглед на градот: плоштадот и црквата Св.Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Сместување во хотел. Ноќевање.

 31.декември  (вторник)    ВЕНЕЦИЈА – ФИРЕНЦА
Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки или факултативна целодневна посета на Фиренца –  – еден од најсликовитите Италијански градови, познат и како Бисерот на ренесансата. Панорамско разгледување на градот во кој твореле големите уметници на 14 и 15 тиот век: Базиликата на Св. Крст (Santa Croce) – Фиорентинскиот Пантеон со гробовите на великаните ( Макијавели, Росини, Данте, Галилеј), палатата Гонди во која Леонардо ја наслика Мона Лиза, плоштадот Сињори (своевиден музеј на отворено со бројни скулптури, ремек дела на ренесансата, стариот мост Понте Векио и истоимената палата, Базиликата Сан Лоренцо со капелата на Медичи, крстилницата Сан Џовани…Враќање  во хотелот во вечерни часови.Вечерта можност за дочек на Новата година 2020 на некои од плоштадите во Лидо Ди Јесоло. Ноќевање.

01.јануари (среда)     ВЕНЕЦИЈА – ВЕРОНА – СКОПЈЕ
Појадок. Појадок. Напуштање на хотелот во Венеција и заминување кон Верона – градот на Ромео и Јулија: Разгледот на Верона започнува на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена, потоа следи прошетка по познатата улица Mazzini која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а потоа се упатуваме во дворот на куќата на Јулија каде ќе можете да се фотографирате со статуата на Јулија. Слободно време за индивидуални прошетки. Поаѓање за Скопје, со попатна посета на Палма Нова – познат outlet шопинг центар. Патувањето продолжува преку Словенија, Хрватска, Србија. Пристугнување во Скопје наредниот ден во предпладневните часови…..

 

Цена на аранжманот: 149 Є (9.238,00 мкд)

 

Во цената на аранжманот Е вклучено:
Превоз со туристички автобус на наведената релација.
Сместување во хотел *** во околина на Венеција -2НП (ноќевања со појадок).
Панорамски разглед на Венеција и Верона.
Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:
(*) Превоз со брод “Вапорето” од Пунта Сабионе – Венеција (15€).
Туристичка такса 1€ по лице од ден, се плаќа на рецепција во хотелот.
Факултативна посета на Фиренца (50 €) со локален водич.
Влезници за музеите и културно-историските споменици.
Патничко осигурување 155 мкд.

НАЧИНИ НА ПЛАЌАЊЕ:

Авас 30% од објавената цена, остатокот во рок од 15 дена пред поаѓање.

ВАЖНИ ЗАБЕЛЕШКИ, НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот потребен е минимален број 45 платежни патници.
– Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
– Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 20-30 лица( во зависност од факултативата).
Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. нешта агенцијата не сноси одговорност.
– Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци.
– Седиштата во автобусот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот. (нема можност за измена)
– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
– Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
– Организаторот на патувањето НЕ  Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
– Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.
– Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
– За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност
– Со важност се и се применуваат Општите услови за патување на Турист

Венеција, ИТАЛИЈА
недела, декември, 29, 2019
29.12.19-01.01.20
45
€149.00

29.12.2019-01.01.2020

НОВА ГОДИНА
29.12.2019

€149.00
по возрасен

Распродадено

Надминат е бројот на лица