TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

ВИЕНА

Понуда за индивидуално патување (за 2 лица)

1 ден:
Присигнување на аеродромот во Виена. Трансфер до избраниот xотел.
Најдобриот начин за да го запознаете овој град е пешачејќи низ него.
Можност да ја посетите црквата Св. Стефан од каде може да имате убав поглед на градот. Ноќевање.

2 ден:
Појадок. Препорачуваме: Посета на Палатата Schonbrunn. Слободно време. Ноќевање.

3 ден:

Појадок. Препорачуваме: Посета на забавниот парк Пратер, каде сто би имале можност да се возите на огромото тркало, во попладневните часови препорачуваме посета на музејот Мадам Тисо, вечерта може да ја поминете во прекрасната Данубе Кула со незаборавниот поглед кон градот во ротирачкиот ресторан од кој ќе имате можност да ја гледате Виена од 360 степени. Ноќевање.

4 ден:

Појадок. Тансфер од хотелот до аеродром. (препорака, да бидете на аеродром 2 часа пред летот)

 

Цена од 288 

 

Во цената Е вклучено: 
Авионски превоз на релација: Скопје – Виена – Скопје (Austrian Airlines)
Аеродромски такси
Хотелско сместување во хотел 2*/3*/4*,  (3 ноќевања со појадок)
Трансфер аеродром-хотел-аеродром
Рачен багаж од 8кг
Летови (секој ден)
OS  776 SKPVIE  0425   0605
OS  779 VIESKP  1005   1140
* цената и саатниците зависат од моментално расположливите места на aвио компанијата.

Во цената НЕ Е вклучено:
Патничко осигурување
Личен трошок на патникот
Неспомнати услуги

Индивидуално: посети, разгледи по Ваша желба.
Може да се информирате на рецепција во хотелот кој ден каков разглед има

За реализација на аранжманот потребен е минимален број 2 платежни патници.
Ако некои од предложените од нас разгледи и посети, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и слично агенцијата не сноси одговорност.
Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и други непрдвидени трошоци.
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
Организаторот на патувањето НЕ Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.
Факултативите се плаќаат на лице место.
За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност
Со важност се и се применуваат Општите услови за патување на Турист

Виена со сигурност е еден од најубавите и најелегантни градови не само во Европа.
Преполн со антички архитектонски богатства, но сепак со многу современи згради.
Виена е компактен град кој успешно се вклопува во новиот век. За љубителите на уметноста градот претставува една голема збирка на колекции со повеке од 100 галерии и музеи.
Виена е еден од најживите градови кога станува збор за викенд, ке бидете воодушевени од изборот на перформанси во живо на секој можен начин а ке бидете вчудоневидени ако се одлучите да го посетите градот за време на Божиќните празници. Ноќниот живот во Виена, исто така, ќе ве воодушеви и изненади. Како магнет за забава за сите возрасти, сигурно нема да Ви недостигаат идеи, а убавината е во тоа што има многу забава во живо. Инспиративната архитектура е дел од самите темели на Виена, со обележја како што се  катедралата Свети Стефан, и неверојатните палати Шенбрун и Хофбург кои се истакнуваат како апсолутни – и на некој начин задолжително е да се посетат за време на посета на Виена. За разлика од повеќето други европски метрополи, Виена е одлична локација за викенд. Многу забележителна е и најстарата зоолошка градина во светот во Шенбрун исто така и Пратер парк, како и уште многу културни, спортски настани кои се одржуваат овде. Виена вреди да се посети и доживее….