TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Виена

1 ден  (10.10.2019) Македонија  – Виена
Состанок со групата на Автобуската станица во Битола во 11;00 ч. заминување за Виена во 12;30 ч.,
попатно Прилеп, Дреново, Велес, Скопје, Куманово.
Денско и ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор, царински формалности.

2 ден  (11.10.2019) Виена
Пристигнување во Виена во утринските часови…разглед на градот со стручен водич…Парламентот, Рингштрасе, Градската Палата (Ратхаус), црквата Вотив, Операта, Универзитетот, комплексот Хундертвасер, дворецот Белведере, градскиот парк…прошетка низ зимската резиденција на Хабзбурговците – дворецот Хофбург, од каде се стигнува до строгиот центар на градот (улиците Грабен и Кертнер), каде се наоѓа монументалната Катедрала на Св.Стефан (Штефан дом)…сместување во хотел.
Во попладневните часови прошетка низ Виена и индивидуален разглед на градот… Ноќевање.

3 ден  (12.10.2019) Виена
Појадок. По појадокот – заминување во еден од најголемите трговски центри SCS Shopping Center (преку 300 продавници и бутици)…слободно време за шопинг. После пладне – слободно време за индивидуален разглед на градот или факултативна посета на Шенбрун – еден од најубавите барокни дворци на светот, летната резиденција на Хабзбурговците…прошетајте низ просториите и прекрасните градини, почувствувајте ја атмосферата во која уживале Моцарт, Гете, Франц Јозеф, Марија Антоанета, Наполеон…враќање во хотелот во попладневните часови. Вечерта факултативно – посета на Национален ресторан Гринзлинг. Ноќевање.

4 ден  (13.10.2019) Виена – Баден – Виенска кула
Појадок. По појадокот, одјавување од хотелот – слободно време или факултативен излет до Виенските шуми, посета на Segrote (некогашен рудник, каде се наоѓа најголемото подземно езеро во Австрија…локалитетот во II-ра Светска Војна бил и фабрика за производство на авиони за потребите на Третиот Рајх), прошетка низ живописното гратче BADEN, со посета на манастирот Heiligenkreuz (Светиот Крст – основан од Св.Леополд III во 1133 година кога е и осветен)…во раните попладневни часови – факултативна посета на Дунавската кула – висока 252 м. (терасата се наоѓа на 150 м. висина), од каде се пружа спектакуларен поглед на цел град, ракавците на Дунав, се до Словачка…поаѓање за Македонија околу 17.00 часот.
Патот води преку Будимпешта, Белград, Скопје…денско и ноќно патување со кратки попатни  одмори.

5 ден (14.10.2019)  Македонија
Пристигнување во Македонија во предпладневните часови.Куманово, Скопје, Велес, Прилеп, Битола

 

Цена:   147 € / 9.110 денари

 

Во цената на аранжманот Е вклучено:
Превоз со високотуристички автобус
Сместување во хотел со 3* во околината на Виена (2 нокевање со појадок)
Разглед на Виена со професионален водич
Професионален туристички придружник
Организација и реализација на програмата

 

Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:
Превоз + влезница за дворецот Шенбрун
Факултативно традиционален ресторан Грицлинг
Факултативна посета на Виенски шуми
Факултативна посета Дунавска Кула
Факултативна посета на Баден
Патничко осигурување –155 денари

Цените се за 1 лице
30€ Дворецот Шенбрун – минимум 25 лица (превоз+влезница+локален водич)
25€ Традиционален ресторан Грицлинг (минимум 30 лица)
25€ Посета на Виенски шуми со локален водич  (минимум 25 лица)
10€ Дунавска Кула – минимум 25 лица, (превоз + влезница)
25€ Посета на Баден & Сегроте (минимум 25 лица)

Доплата за еднокреветна соба – 3.200 ден

НАЧИНИ НА ПЛАЌАЊЕ:

Авас 30% од објавената цена, остатокот во рок од 15 дена пред поаѓање.

ВАЖНИ ЗАБЕЛЕШКИ, НАПОМЕНИ:

За реализација на аранжманот потребен е минимален број 40 платежни патници.
Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 25 лица.
Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. нешта агенцијата не сноси одговорност.
Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци.
Седиштата во автобусот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот.
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
Организаторот го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Организаторот на патувањето НЕ Е овластен да ја цени исправноста на патните исправи на патниците.
Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.
Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност
Со важност се и се применуваат Општите услови за патување на Турист

Виена, АВСТРИЈА
четврток, октомври, 10, 2019
5 dena 2 noki
44
€147.00
€127.00

11ти ОКТОМВРИ

ВИЕНА
Октомври 2019

€147.00
по возрасен

Распродадено

Надминат е бројот на лица