TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

ВИЕТНАМ КАМБОЏА

Виетнам и Камбоџа
06.10.2019 – 16.10.2019

1 ден – 06.10.2019
Заминување од аеродромот во Скопје во 12;25ч. за Доха.
Пристигнување во Доха во 18;20ч.
Од Доха полетување за Ханој во 20;45ч. Ноќен лет.

2 ден – 07.10.2019
Пристигнување во Ханој во 07:35ч. Трансфер до хотелот. Слободно време до сместувањето во хотелот, после 12;00ч. Ноќевање.

3 ден – 08.10.2019
Појадок. Разглед на Ханој: меморијалниот комплекс на Хо Ши Мин, Претседателската палата – поранешна резиденција на гувернерите на Индокина, куќата на Хо Ши Мин.Ручек.
Посета на етнографски музеј, конфучијанскиот храм, наречен – Храмот на литературата, познат како првиот виетнамски универзитет, езерото Хоан Кием….
Едночасовно возење на Рикша во стариот дел на Ханој.
Посетете го традиционалното Виетнамско куклено шоу во вода. Ноќевање.

4 ден – 09.10.2019
Појадок. Во 08:00 ч. Поаѓање за Ха Лонг Беј. Сместување во традиционален брод (jongga). Коктел за добредојде. Прошетка низ легендарниот залив. Ручек на бродот. Посета на прекрасни пештери и острови. Слободно време за пливање, релаксација или сончање на островот Титов. Враќање на бродот. Заминување кон Конго. Вечера. Слободно време или можност да се вклучите во разни активности како што се риболов и разни игри. Ноќевање.
Забелешка: патувањето со брод може да се смени во лоши временски услови.

5 ден – 10.10.2019
Во 06.30 часот – Теа-хи вежби, предводени од професионален инструктор.
Појадок. Во 8:00 часот. Прошетка со бамбус чамец до пештерата Лјуон, пештерата тунел, лоцирана во прекрасниот залив Ха Лонг, една од најубавите и интересни пештери во регионот. Ручек. Напуштање на кабините на бродот. Трансфер до аеродромот во Ханој за лет до Сием Рип, Камбоџа. Слетување на аеродром Сием Рип. Трансфер. Ноќевање.

6 ден – 11.10.2019
Појадок. Посета на старата престолнина на кмерската империја – Анкор Том, познат по монументалните ѕидови и портите украсени со скулптури на човечки лица. Посета на храмот “Баион”, преполн со елементи од будизам и хиндуизам. Разгледио продолжува со посета на Хиндускиот храм на Фименакас, терасата на слоновите… Ручек. Попладне посета на најголемиот храм-комплекс во светот Ангкор Ват – симбол на величието на Кмерската империја. Ги соединува двете основни форми во кмерски верска архитектура – “храм-планина” и “храм-галерија”, Анкор Ват импресионира и со својата единствена скулптура и декорација која делува и до денес со величенствено. Прошетка до познатиот храм Ta Прохм, во густата вегетација на џунглата во Камбоџа. Ноќевање во Сием Рип.

7 ден – 12/10/2019
Појадок. Посета на традиционална фабрика за свила. Ручек. Посета на традиционално пловно село. Прошетка со брод по езерото Тонле Сап, најголемото езеро во Камбоџа и цела Југоисточна Азија. Попладне трансфер до аеродромот за лет до Хо Ши Мин Сити.
По пристигнувањето, трансфер до хотелот. Сместување. Ноќевање.

8 ден – 13.10.2019
Појадок. Разглед-турнеја на градот Хо Ши Мин или како западните туристи, а и локалните луѓе преферираат да го нарекуваат – Сајгон: катедралата Нотр Дам, Централната пошта, Старата опера и Палатата на обединувањето. Ручек. Посета на Музејот за остатоците од војната и Виетнамскиот историски музеј. Разглед на Кантонскиот Тиен Хау, посветен на божицата на морето, прошетка до шарениот пазар Бен Тхан. Ноќевање во Хо Ши Мин.

9 ден – 14.10.2019
Појадок. Поаѓање во Каи Бе-град долж реката Меконг, посета на пловниот пазар на Каи Би. Можност за кратка пауза на локални работилници, каде што можете да го видите начинот на правење традиционална кора од ориз, кокосови бомбони и пуканки. Бродот продолжува понатаму во селата, каде што можете да уживате во спокојството на делтата. Ќе видите традиционални куќи изградени од дрво и листови од палма и ќе го набљудувате животот на локалните фармери – ќе видите како тие фаќаат риба или собираат овошје со методи пренесувани од генерации. Ручек во локален ресторан. Попладне прошетка низ тесните улички. Бродот допловува до местото Вин Лонг.
Враќање во Хо Ши Мин. Ноќевање.

10 ден – 15.10.2019
Појадок. Заминување до подземното село “Куши”. Прошетка низ мрежата на подземни тунели што ги користеле виетнамски борци за време на војната за независност. Ручек. Трансфер до аеродромот. Лет од Хо Ши Мин до Доха во 19:25ч.
Пристигнување во Доха во 23:40ч

11 ден – 16.10.2019
Лет од Доха за Скопје во 07;00ч. Пристигнување во Скопје во 11:15ч. Крај на програмата.

Напомена !
Туристичката агенција не сноси одговорност за распоредот на летовите, доколку ги промени авиокомпанијата.

Цени по ЛИЦЕ во €

сместување цена
Возрасен во двокреветна соба 2182 €
Возрасен во еднокреветна соба 2474 €
Возрасен на дополнително легло 2130 €
Дете до 11 г. на дополнително легло со 2 возрасни лица во соба 1998 €
Дете до 11 г. на редовно легло со 1 возрасно лице во соба 2104 €

Цените се во €, се плаќа во денари 1€ = 62 денари

Во цената Е вклучено:
Авионски билет Скопје-Доха-Ханој и Хо Ши Мин-Доха-Скопје;
Багаж-куфер 20кг+7кг рачна торбица;
Аеродромски такси;
Авионски билет за Ханој-Сед Реап и Сим Реал-Си Ми со вклучени аеродромски такси;
Сите трансфери према програмата;
2 ноќевања со појадок во хотел 4* во Ханој;
1 ноќевање со појадок на Брод;
2 ноќевања со појадок во хотел 4* во Cеам Реап;
3 ноќевања со појадок во хотел 4* во Сајгон;
7 Ручеци;
1 Појадок/ручек на бродот;
1 вечера;
Транспорт према програмата со туристички мини бус/автобус;
Влзници за објектите кои се посетуваат;
Професионален водич за цело време на програмата со превод на македонски, српски или бугарски јазик;

Во цената НЕ Е вклучено:
Влезна мулти виза за Виетнам ( се обезбедува од Софија) 120 еур
Влезна виза за Камбоџа – 30 УСД се издава на граница;
Пијалоци;
Бакшиш-задолжително;
Патничко осигурувањезадолжително;
Личен трошок на патниците
Неспомнати услуги

Информација:
потребна виза за Виетнам (посредува агенцијата)
потребна виза за Камбоџа (се добива на лице место)

Визи (Пасошот треба да важи најмалку 6 месеци по датумот на враќање.)

За добивање Виетнамска виза (се добива во Софија)
Се пополнува формулар, валиден пасош, 1 (една) фотографија во боја со големина 4см / 6 см;

Виза за Камбоџа се добива на аеродром во Сием Рипе / се плаќа на лице место, се пополнува визен формулар, валиден пасош и 2 (две) фотографии во боја со големина 4см / 6см;

Хотели кои се користат во програмата (или слични):

Ханој:              MK Premier Boutique 4*
Ха Лонг:          Syrena Cruisе 4*
Сием Реап:     Somadevi Angkor 4*
Хо Ши Мин:   Lotus Central 4

Цените на организираните екскурзии се објавени на нашата интернет страницата.
Во случај на значителна промена на девизниот курс, вкупната цена на пакетот е предмет на приспособување. Неговото зголемување (намалување) треба да биде економски оправдано и да одговара на промените.
Правото на прилагодување на цената (зголемување, намалување) е исклучива надлежност на Организаторот.

НАЧИНИ НА ПЛАЌАЊЕ:

Авас 30% од објавената цена, остатокот во рок од 15 дена пред поаѓање.

Важна инфромација:
Во  цената на аранжманот за авио билетот се наведени најниските цени (тарифа) за сите летови кои важеле на денот на објавувањето на програмата (цените на хотели и авио билетите некогаш зависат од  период на патување и достапноста за време на барање на резервација.

 За реализација на аранжманот потребен е минимален број 20 платежни патници.
 Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
 Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 20 лица( во зависност од факултативата).
 Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. нешта агенцијата не сноси одговорност.
 Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци.
 Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
 Организаторот на патувањето НЕ Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
 Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
 Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.
 Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
 За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност
 Со важност се и се применуваат Општите услови за патување на Турист и на партнер Агенцијата.

Ханој, ВИЕТНАМ
недела, октомври, 6, 2019
11 dena 8 noki
19
€2182.00
€1998.00

06.10-16.10.2019

ВИЕТНАМ и КАМБОЏА
Октомври 2019

€2182.00
по возрасен

Распродадено

Надминат е бројот на лица