TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

ВИЕТНАМ

1 ден 29.12.2019
Заминување од скопскиот аеродром за Истанбул во 20:40ч.Пристигнување во Истанбул. 00:20+1

2 ден 30.12.2019
Во 02;25ч заминување за Хо Ши Мин, ноќен лет. Слетување во Хо Ши Мин во 17:10ч.
Трансфер од аеродромот до хотелот. Сместување во хотелот. Слободно време за одмор.
Можност за посета на традиционалното Виетнамско кукленско шоу во вода. Ноќевање.

3 ден 31.12.2019
Појадок. Разглед  на градот Хо Ши Мин или како западните туристи, а и локалните луѓе преферираат да го нарекуваат – Сајгон: катедралата Нотр Дам, Централната пошта, Старата опера и Палатата на обединувањето. Ручек. Посета на Музејот на остатоците од војната. Разглед Тиен Хау, посветена на божицата на морето, прошетка до шарениот пазар Бен Тхан. Враќање во хотелот. Новогодишна гала вечера во ресторанот на хотелот (вечерата е вклучена, со вклучени безалкохолни пијалоци и локално бело и црвено вино). Ноќевање во Хо Ши Мин.

4 ден 01.01.2020
Појадок. Слободно време. Можност за посета на подземната населба Куши – мрежа од подземни тунели кои се користеле од виетнамски борци за време на војната за независност (со доплата 40 еур на човек со претходна резервација и уплата во агенцијата Турист). Посетата се реализира со минимум 12 платежни лица. Ноќевање во Хо Ши Мин.

5 ден 02.01.2020
Појадок. Поаѓање во Каи Бе-град долж реката Меконг. Посета на пловниот пазар на Каи Би.
Кратка пауза во локалните работилници, каде што можете да видите како да се подготвува традиционална оризова хартија, кокосови бонбони и пуканки. Бродот продолжува да плови по делтата…Ќе видите традиционални куќи изградени од дрво и листови од палма и ќе го набљудувате животот на локалните фармери – ќе видите како тие фаќаат риба или собираат овошје со методи пренесувани од генерации. Ручек во локален ресторан. Слободно време. Крстарењето завршува во провинцијата Вин Лонг. Враќање во Хо Ши Мин. Ноќевање.

6 ден 03.01.2020
Појадок. Заминување за Муи Не најпознатото виетнамски одморалиште кое се наоѓа во Заливот Пан Тиете. Тоа е рибарско гратче, познато по своите огромни портокалови дини кои го штитат од дождовните облаци и придонесуваат за прекрасната клима. Овде програмата не може да вклучува ништо освен капење во морето на огромната плажа од фин бел песок со расфрлени кокосови палми на брегот на Јужокинеското море.
Сместување во хотелот. Слободно време. Вечера. Ноќевање во Муи Не.

7 ден 04.01.2020
Појадок. Слободно време. Вечера. Ноќевање во Муи Не.

8 ден 05.01.2020
Појадок. Слободно време. Вечера. Ноќевање во Муи Не.

9 ден 06.01.2020
Појадок. Слободно време. Вечера. Ноќевање во Муи Не.

10 ден 07.01.2020
Појадок. Слободен време.Трансфер до аеродромот во Хо Ши Мин.
Лет за Истанбул во 21;30ч.Ноќен лет.

11 ден 08.01.2020
Пристигнување во Истанбул во 04;35ч. Лет од Истанбул за Скопје во 08;30ч.
Пристигнување во Скопје во 08;00ч. (локално време).

 

Цени по ЛИЦЕ во €

сместување цена
Возрасен во двокреветна соба 1968 €
Возрасен во еднокреветна соба 2368 €
Возрасен на дополнително легло 1930 €
Дете до 11 г. на дополнително легло со 2 возрасни лица во соба 1764 €
Дете до 11 г. на редовно легло со 1 возрасно лице во соба 1836 €

Цените се во €, се плаќа во денари 1€ = 62 денари


Во цената Е вклучено:
Авио билет Скопје-Истанбул-Хо Ши Мин-Истанбул-Скопје;
Багаж  1 куфер;
Багаж рачна торбица до 7 кг.;
Аеродромски такси;
Трансфери аеродром-хотел-аеродром;
Сите трансфери опишани во програмата со автобус/мини бус;
4 ноќевања со појадок во хотел 4* во Хо Ши Мин;
4 ноќевања со појадок и вечера во хотел 4* во Муи Не;
2 ручеци;
Новогодишна вечера 31.12.2019;
Влезници за објектите кои се посетуваат;
Придружник на групата од агенцијата организатор;
Локален професионален водич (со симултан превод);

Во цената НЕ Е вклучено:
Влезна виза за Виетнам околу 85€
Патничко осигурување – задолжително
Бакшиш 6 УСД на ден од човек – задолжително
Пијалоци за време на оброците
Неспомнати услуги
Трошоци од личен карактер

Информации и потребни документи за издавање на туристичка виза за Виетнам:

Биометрски пасош со важност најмалку 6 месеци по датумот на враќањето;
Надомест за издавање на еднократна виетнамска виза е во износ од 85 евра,
се пополнува визен формулар, потребна е и  1 (една) слика во боја со големина 4см / 6 см;
Процедурата за издавање виза трае околу 10 работни дена.

Хотели кои се предвидени да се користат во програмата (или слични):

Хо Ши Мин:
Хотел Eden Star **** има одлична локација. Хотелот располага со 128 комфорни, добро опремени, модерни и климатизирани соби со личен сеф, телевизор, минибар.
Бањите се опремени со фен, туш…
Појадок се служи на шведска маса
На хотелот, има соба за масажа, фитнес, отворен базен и бар….

Муи Не
Хотел The Cliff Resort **** се наоѓа на околу 6 км од Пан Тиет, неговата локација нуди неверојатен панорамски поглед на синото море. Вграден во медитерански стил со модерно опремени соби. Хотелот располага со сопствена плажа и олимписки базен со поглед кон морето.
Во собите:телевизор, сеф и минибар, безжичен интернет….

Напомена! Сместување во трикреветна соба, третиот кревет е дополнително легло.

Цените на организираните екскурзии се објавени на нашата интернет страницата.
Во случај на значителна промена на девизниот курс, вкупната цена на пакетот е предмет на приспособување. Неговото зголемување (намалување) треба да биде економски оправдано и да одговара на промените.
Правото на прилагодување на цената (зголемување, намалување) е исклучива надлежност на Организаторот.

Начин на плаќање:
Резервација со задолжителен депозит во износ од 50% од вредноста на пакетот при склучување на договор за организирано патување. Плаќањето на остатокот до 100% се врши не подоцна од 65 дена пред објавената датум на поаѓање.

Услови доколку патникот го откажува резервираниот аранжман:

Доколку откажувањето е до 185 дена пред датумот на поаѓање, патникот не должи надомест откажување на аранжманот (доколку тоа не е спротивно на анулационните услови на авиопревозникот при купени билети);

Доколку откажувањето е од 184 до 85 дена пред датумот на поаѓање, таксата за раскинување на договорениот аранжман е во износ од 35% од цената на патувањето;

Доколку откажувањето е од 84 до 65 дена пред датумот на поаѓање, таксата за раскинување на договорот е во износ од 50% од цената на патувањето;

Доколку откажувањето е од 64 до 35 дена пред датумот на поаѓање, таксата за раскинување на договорот е во износ од 80% од цената на патувањето;

Доколку откажувањето е под 35 дена пред датумот на поаѓање, таксата за раскинување на договорот е во износ од 100% од цената на патувањето;

Минимален број на патници за реализирање на аранжманот е 20 туристи.
Во случај кога минималниот број патници е помал од 20 лица, агенцијата го задржува правото да го сторнира аранжманот, без да има обврска за обештетување према туристите.
Агенцијата е должна да ги извести патниците за сторнирање на аранжманот благовремено.
Локална Валута: Виетнамски Донг
За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност
Со важност се и се применуваат Општите услови за патување на Турист и на партнер Агенцијата.

Хо Ши Мин, ВИЕТНАМ
недела, декември, 29, 2019
11 dena 8 noki
19
€1968.00
€1764.00

29.12.2019 -08.01.2020

ВИЕТНАМ - НОВА ГОДИНА
Декември 2019

€1968.00
по возрасен

Распродадено

Надминат е бројот на лица