TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Врњачка бања 🚌

1 ден 05.03.2022 (сабота) Битола-Скопје-Врњачка Бања
Поаѓање во 04:00 часот од пред Спортска сала Младост. Патот води преку Прилеп, Велес, Скопје , Ниш со попатни паузи. Пристигнување во пладневните часови, сместување во Спа хотел Краљ 4* . Време за одмор и слободни активности, како и користење на спа центарот во хотелот. Во попладневните часови посета на изворите . Враќање во хотелот. Ноќевање1.

2 ден 06.03.2022 (недела) Врњачка Бања – Манастир Жича
Појадок. После појадокот , слободно време за користење на спа центарот. Во попладневните часови посета на минералните извори. Црквата Пресвета Богородица, Врњачките паркови , Мостот на љубовта, старите врњачки вили итн. Во вечерните часови враќање во хотелот. Можност за факултативна организиран посета на манастирот Жича кај Краљево (10 Еур). Жича е српски средновековен манастир од првата половина на 13 век, кој се наоѓа во близина на Краљево и припаѓа на жичката епархија на српската православна црква. Ја подигнал тогашниот прв крал на Србија од династијата Немањиќи а најзначајна улога во неговото подигање имал и неговиот брат Свети Сава. Главната манастирска црква, изградена во рашки стил, посветена на Воскреснување на Христос (Свети Спас), според мислењето на научникот и историчар на уметноста Војислав Ј. Ѓуриќ, кога била завршена црквата, станала пример, и тоа во текот на целиот 13 век, со што во историјата на рашкото градителство, имала клучно место. Внатре во црквата има два слоја на фрески.Враќање во хотелот. Користење на хотелски те содржини за одмор и релаксација. По желба организирана свечена вечера со музика и  вклучен пијалок (факултативно 15 Еур) . Ноќевање2

3 ден 07.03.2022 (понеделник) Врњачка Бања – Ниш
Појадок. Можност за претпладневно користење на хотелскиот СПА центар или прошетка низ прекрасното гратче. Одјавување од хотелот. Тргнување за Македонија во пладневните часови, попатна пауза и разглед на преубавиот Ниш со можност за шопинг. Тој е еден од најстарите градови на Балканот. Родниот град на римскиот император Константин е одалечен од Скопје нешто повеќе од 200 км. Овој град датира уште од предисториско време, а во себе зачувал многу од историјата.Градот го добил името од реката Ниш, која тече низ него и која келтските пражители ја нарекуваат Наисус.Враќање во Македонија во вечерните часови.

Цена на аранжманот со вклучен превоз:
89 € по лице /5,518 денари
*Деца до 4 години бесплатно во хотел (плаќа само бус 30 €)
*Деца од 4- 11.99 години плаќаат 59 € / 3658,00 денари.
Сопствен превоз -20 €

Во цената Е вклучено:
2 ноќевања со појадок во хотел Краљ 4* Врњачка Бања    www.hotelkralj.rs
Kористење: затворен базен со хидромасажа, турска бања, финска сауна, руска сауна, џакузи, тепидариум, мелен мраз, фатнес сала
Услугите на спа центарот можат да се користат од 10-21 часот и се вклучени во цената
Превоз со туристички автобус
Организиран повратен трансфер од хотелот до бањите
Посета на Ниш
Организација и придружник на патувањето
Запазени Ковид мерки

 Во цената НЕ Е вклучено:
Трансфери останати градови (10 €)
Свечена вечера со музика и пијалок (15 €)
Влезници за музеите и културно историските споменици
Патничко осигурување
Останати ненапоменати услуги

Хотел Краљ 4*  се наоѓа во најубавата бања во Србија- Врњачка бања на локација во центарот, недалеку од сите важни атракции.
Прекрасен амбиент, љубезен персонал , чистотата, мирот и тишината се вклопуваат во атмосферата на хотелот кој нуди идеално бегство од секојдневието.
Во хотелот: ресторан, фитнес и велнес центар (џакузи, тапидариум, топли клупи, финска бања , базен , надворешен базен)
Во собите: клима, кабловска телевизија, тоалет….
Апартманите имаат и кујна.

Авас 30% од објавената цена, остатокот во рок од 15 дена пред поаѓање.

Агенцијата гранатира за полна рефундација кај лица кои би откажале заради присуство ка Ковид19. За Србија не е потребен тест, а можно е да се патува само со лична карта. Агенцијата преговара со своите партнери, да доколку постои можност, се изврши бесплатна вакцинација на нашите патници на овај аранжман, нормално доколку се заинтересирани за истото

ВАЖНИ ЗАБЕЛЕШКИ, НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот потребен е минимален број 46 платежни патници.
– Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. нешта агенцијата не сноси одговорност.
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 30 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже.
– Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци.
– Седиштата во автобусот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот. (нема можност за измена)
– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
– Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
– Организаторот на патувањето НЕ  Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
– Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.
– Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
– За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност
– Со важност се и се применуваат Општите услови за патување на Турист