TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

ГРУЗИЈА

1 ден  08.10.2019  Битола-Солун-Кутаиси-Батуми
Состанок на групата на Спортска Сала во 00.30 часот. Заминување за аеродром Солун лет за Грузија во 08,35ч (грчко време). Пристигнување во аеродромот Кутаиси до 12.10 часот – втор по големина град во Грузија. Заминување за Батуми – најразвиениот туристички центар на Црно море. Сместување во хотел. Можност за прошетка по стариот булевар, разглед на градот навечер. Заедничка вечерна прошетка по градот. Слободно време за вечера. Ноќевање 1.

2 ден  09.10.2019  Батуми-Мтсхета-Тбилиси
Појадок во хотелот. Возење до Зелениот гребен, каде што се наоѓа Батумската ботаничка градина. Батумската ботаничка градина е уникатна по своите комбинации на видови од сосема различни климатски зони. Заминување со автобус кон источна Грузија и посета на градот Мтсхета попатно,  со локалитетите на светското наследство на УНЕСКО – манастирот на Жвари  VIII век и катедралата Светицховели од 11 век. Прошетка низ уличките наредени со продавници за шарени сувенири во градот Мцхета. Заминување за Тбилиси со попатни паузи. Сместување во хотел. Организирана  вечера во грузиски ресторан со народни изведби (вклучена во цена). Ноќевање 2.

3 ден  10.10.2019  Тбилиси-Ананури-Гергети-Црквата Св.Троица–Рафтинг на реката Арагви-Тбилиси
Појадок. По појадокот заминување  на  грузискиот воен пат кон планините на Голем Кавказ. На патот застануваме во Архитектонскиот комплекс Анарури, изграден во 14-17-ти век. Комплексот се состои од утврдувања, цркви и станбени згради на локалните феудали. Од Анарури возиме  на север, го поминуваме ски-центарот Гудаури и преминот Јава (2395 м) и стигнеме до Казбег – административниот центар на провинцијата Кеви, кој се наоѓа на 1700 метри надморска височина. Од Казбеги се искачуваме до планината Гергети за да ја посетиме црквата Св. Троица во Гергети, изградена во 14 век на врвот на планината под глечерот Казбеги (5047 м). Од Гергети ја продолжуваме нашата турнеја во провинцијата Псхави со можност за факултативен  рафтинг на реката Арагви. По рафтингот организиран  пикник вечера со традиционална грузиска храна во природа.Во вечерните часови заминување за Тбилиси. Ноќевање3.

4 ден  11.10.2019  Разглед на Тбилиси и Кутаиси :
Појадок. Организиран разглед на градот каде ги посетуваме сите главни атракции: црквата Метехи од 13 век  која се наоѓа покрај брегот на реката Мтквари. Возење со жичара до тврдината Нарикала . Тврдината Нарикала датира од 4 век од н.е., има извонредна локација со прекрасен панорамски поглед над градот Тбилиси. Прошетка до Лагатеви – прекрасно место со водопад и мала река. Прошетка се во паркот во близина на бањите на Сулфур, добро познати по своите лековити способности кои се наоѓаат во близина, улицата Шардени и неговата населба и плоштадот Мајдан со своите отворени кафулиња, галерии и продавници за сувенири. Го преминуваме  Мостот на мирот – модерен стаклен мост во високотехнолошки стил. Слободно време на авенијата Руставели, каде што можете да ги купите сувенири и ракотворби. Предложено време за ручек. Турата продолжува кон запад преку преминот Рикоти – земјата на Златното Руно. Патување со попатни застанувања на патот: постојат локални фармерски пазари на патеката, продавајќи мед, печурки и овошје. Пристигање во Кутаиси со можност за разглед  на градот и неговата околина: Посета на  две локации од светското наследство на УНЕСКО: Гелати академија и манастирот од  12-ти  век со прекрасните мозаици внатре. Вечера во ресторан во Кутаиси (вклучена во цена)  и ноќевање во хотел во Кутаиси. Ноќевање 4.

5 ден  12.10.2019  Кутаиси-Солун-Македонија
Пакован појадок за носење. Трансфер до аеродромот Кутаиси до 05:40 часот. Лет за Солун. Посета на Солун со можност за слободно време, прошетка и шопинг. Заминување  за Македонија во попладневните часови. Пристигнување во Битола во вечерните часови. Организирани трансфери по градови.

Цена на аранжманот: 619 Еур/ 38,370 денари
*Цена за целосна уплата до 31/07/2019   532 Еур/32,980 денари.


В
о цената НЕ Е вклучено:
Организиран автобуски превоз Битола-аеродром Солун-Битола
Авионски превоз со приоритет  Солун-Кутаиси со Wizzair (рачен багаж 55×40×23см 10 кг + рачна торба)
Превоз со удобен автобус за сите денови во Грузија;

Превоз со џипови 4х4 на планината Гергети
Хотелско сместување, 4 ноќевања со појадок
1 ноќевање со појадок во хотел  3* во Батуми https://www.divan.com.tr/divan-suites-batumi/en
2 ноќевања со појадок во хотел  3* во Тбилиси Hotel Zeg 3*
1 ноќевање со појадок  во хотел 3* во Кутаиси Баграти 1003

Оброци вклучени во цена:
4 x Појадок – на денови 2, 3, 4, 5;
1 x вечера во грузиски ресторан со фолклорни изведби на ден 2;
1 x ручек-вечера во природа  на ден 3;
1 x вечера во грузиски ресторани на 4 ден;
Вода (2 x шишиња по лице дневно)

Забава и други услуги:
Екскурзии во согласност со програмата
Влезници во согласност со програмата
Сите даноци и туристичка такса

Во цената НЕ Е вклучено:
Виза за Република Грузија 20 УСД
Патничко осигурување  360 денари
Трансфери од останати градови во Македонија 10 Еур повратно
Сите ручеци и вечерите на денови 1 и 5;
Алкохолни пијалоци
Лични трошоци
Доплата за голем куфер 20 кг во двата правци 40 Еур
Услуги што не се споменати во оваа програма

Должина на рутата: 1210км / Времетраење: 5 дена

ПРЕДВИДЕНИ МЕСТА ЗА ПОСЕТА:
Град Мтскета: манастир Жвари, катедрала Светицховели
Провинција Кеви: црква “Гергети Св. Троица”, архитектонски комплекс “Анарури”, село Магароскари;
Град Тбилиси: Катедралата Св. Троица, Црквата Метехи, Тврдина Нарикала, Легвакхеви, Шардени и неговата населба, Мостот на Мирот
Имерети регион: град Кутаиси, премин Рикоти, Академија и манастир Гелати
Регион Аџара: разглед во Батуми и стариот булевар, Батумиска ботаничка градина;

Грузија (грузиски: საქართველო / Сакартвело) е држава во Источна Европа.На запад, Грузија излегува на Црното Море, на север граничи со Русија, на југ со Турција и на исток со Азербејџан. Вкупната површина на Грузија изнесува околу 69.000 километри квадратни со население од околу 4.385 милиони жители. Главен град на државата е Тбилиси, додека официјален јазик е грузискиот јазик.

Историјата на Грузија започнува уште со старите кралства Колчис и Кавкаска Иберија и таа е една од првите држави кои го прифатиле христијанството во 4 век. Својата најголема економска и политичка моќ Грузија ја стекнала под раководство на кралот Давид IV и кралицата Тамар во 11 и 12 век. На почетокот на 19 век Грузија била припоена кон Царска Русија.[6] По кратката самостојност како Демократска Република Грузија, државата била приклучена кон СССР во 1922, за да во 1991 година повторно стане независна држава.

Општи податоци
Самите Грузијци се нарекуваат „Картвелеби“ (ქართველები), нивната земја ја нарекуваат „Сакартвело“ (საქართველო и значи „место на Картвелите“) и нивниот јазик го нарекуваат „картули“ (ქართული). Според старите грузиски хроничари, предок на грузискиот народ е Картлос, правнук на библискиот Јефет.
Името „Сакартвело“ се состои од два дела. Коренот на зборот е kartvel-i (ქართველ-ი) што означува жител на источниот грузиски регион Картли.
Старите грчки и римски писатели ги именувале источните Грузијците како „Ибери“, додека западните Грузијци како „колхиди“.
Македонскиот назив за државата најверојатно се презел од рускиот јазик (Грузия), кој пак потекнува од персиско-арапско потекло. Имено, сирискиот назив од 11 и 12 век за регионот бил gurz-ān или gurz-iyān. Исто така во записите на патеписецот Ингатиј Солњанин од 1389 се споменува називот гурзи, додека пак кај Афанасиј Никитин се споменува терминот грузиска земја.
Во јуни 2011 година, владата на оваа земја ги повикала сите држави во светот кои го користат нејзиното име (Грузија) кое потекнува од руското говорно подрачје, да се откажат од него и да почнат да го употребуваат името од англиското говорно подачје – Џорџија. Според властите во Тбилиси, до сега тоа го прифатила само Јужна Кореја.
Вкупната површина на земјата изнесува 69.700 km², и според тоа се наоѓа на 118 место по големина во светот. Таа граничи со Русија на север, Азербејџан на исток, Ерменија и Турција на југ и Црно Море на запад. Главниот град Тбилиси е најголемиот во државата со oколу 1.093.000 жители.
Климата во Грузија е умерена и суптропска. Најголемиот дел од површината на Грузија е покриен со планини, каде се одгледува грозје и производство на вино и коњак. Црноморскиот брег на оваа земја е популарна туристичка атракција. Многу туристи доаѓаат во Грузија поради лековитите бањи или да ги видат величествените пештери и водопади. Топлата и влажна грузиска клима е погодна за одгледување на чај и агрум. Исто така, Грузија е позната и по производство на свила и останати ткаенини.
Грузија има долга историја на верската хармонија во рамките на своите граници, и покрај историските конфликти со околните народи. Во текот на својата историја, различни верски организации опстојувале на териториијата на денешна Грузија, проследени од верски дискриминации[12]. Еврејските заедници главно се населени во двата најголеми градови Тбилиси и Кутаиси. Азербејџанските групи, кои главно се муслимани се концентрирани главно во новните автономни области во земјата. Ерменската Православна црква, која на некој начин се разликува од грузиската, има статус на афтокефална црква.

Тбилиси, ГРУЗИЈА
вторник, октомври, 8, 2019
5 dena 4 noki
28
€619.00

08-12 ОКТОМВРИ 2019

ГРУЗИЈА
08.10.2019

€619.00
по возрасен

Распродадено

Надминат е бројот на лица