TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Драч-Круја-Тирана 🚌

1 ден  08.10.2022  Битола-Ресен-Охрид-Струга-Драч
Поаѓање во 06;30 часот Битола, Ресен, Охрид, Струга, граничен премин Ќафасан.
Царински формалности, попатни одмори. Пристигнување во Драч.
Сместување во хотел Albanian Star 4* Слободно време за одмор. Пешачка прошетка во градот, со можност за разгледување на Античкиот амфитеатар, Венецијанската кула, Централниот плоштад со фонтаните и Големата џамија. Слободно време за индивидуални прошетки, разгледи… Враќање во хотелот. Вечера, ноќевање.

2 ден 09.10.2022 Драч-Круја-Тирана-Драч
Појадок. Поаѓање во Круја, родниот град на националниот херој Скендербег.
Можност за посета на средновековната тврдина, музејот Скендербег и Старата чаршија. По кафе паузата и прошетката низ старата чаршија, заминување за албанскиот главен град Тирана. Како град, Тирана постоел уште од 17 век, а главен град на земјата е од 1920 год. Тој е најголемиот град во Албанија, град кој има своја боја. Панорамски разглед на градот од автобус: плоштадот со споменикот на националниот херој Скендербег, џамијата Етем бег од ХVІІ век, Пирамидата замислена како музеј на поранешниот диктатор Енвер Хоџа, Националниот историски музеј, Палатата на претседателот, зградите на Министерствата, администрацијата, новите згради на банките, канцелариите, хотелите и првиот локален облакодер. Факултативно ручек, слободно време за прошетки, посети, шопинг…..
Во договореното време со придружникот од агенцијата заминување за Драч.
По пристигнувањето слободно време за одмор. Вечера. Ноќевање.

3 ден 10.10.2022 Драч
Појадок, Слободен ден за плажа, одмор, релаксација. Вечера, ноќевање

4 ден 11.10.2022 Драч – Македонија
Појадок. Слободно време. Во 12:00 ч.поаѓање од хотелот за Македонија.
Попатни одмори, царински фромалности.
Пристигнување во Струга, Охрид, Ресен, Битола, Прилеп.

Цените се по лице

Хотел Albanian Star 4* цена
Во двокреветна соба 149 €
Во еднокреевтна соба 198 €
дете 6-11,99 со 2 возрасни во соба  116 €
дете 6-11,99 со 1 возрасен во соба 132 €
дете до 5,99 г со 2 возрасни во соба  40 €

Цените се во €  се плаќа во денари, 1€ = 62 мкд

Во цената Е вклучено:
Превоз со лиценциран туристички автобус;
3 полупансиони (ноќевања со појадок и вечера) во хотел Албаниан стар 4 *;
Целодневна посета на знаменитостите на Круја и Тирана;
Посета, прошетка на Драч
Придружник од агенцијата
Организација и реализација на аранжманот

Во цената НЕ Е вклучено:
Патничко осигурување
Трошоци од лична природа;
Ручек;
Пијалок за време на оброците во хотелот;
Влезници за локалитети, музеи, знаменитости….

Цената со сопствен превоз се намалува за 10€ по лице

Последен рок за пријавување 30.08.2022

Локација на хотелот: хотелот се наоѓа во областа Голем, 13 км од центарот на Драч, 40 км од аеродромот во Тирана.

Плажа: приватна песочна плажа, лежалки и чадори се бесплатни.

Соби: хотелот има 130 соби.

Стандардните соби се околу 25-30 м² (макс. 2 возрасни + 2 деца или 3 возрасни), содржат брачен кревет или два посебни кревети, трет стандарден кревет, а дополнителен кревет е софа или кревет на преклоп.
Собите имаат поглед на копно, море или страничен поглед на морето.
Собите имаат бања, фен, клима, телевизорм телефон, сеф, фрижидер, балкон/тераса, wi-fi интернет.
Хотелски капацитети: рецепција, лоби, ресторан и базен.

Услуга: полупансион – (појадок и вечера) – шведска маса (самопослужување).

Клима Тераса Соба за багаж Интернет Сопствена плажа Туристичко биро
Сервис за перење Сервис за пеглање Греење Менувачница Ресторан Бар
Продавница за сувенири Паркинг Рецепција Масажа-со доплата Сауна Фитнес центар

Чадори за плажа и лежалки (бесплатно)

Драч / Durrës
Драч е најстариот град во Албанија и нејзиниот поранешен главен град.
Се наоѓа на Јадранското Море и е најголемото пристаниште во Албанија.
Градот одморалиште, е омилена дестинација за одмор за многу локални жители и странци.
Се наоѓа во близина на главниот град Тирана (30 минути со автомобил) и може да се стигне со воз. Интересни атракции се урнатините на ѕидот на тврдината, римскиот амфитеатар, џамијата Фатух, културниот центар, како и старите воени бункери околу плажата.

Круја / Krujë
Круја е град во Албанија и седиште на истоимениот округ
По статистика од 2004 година, во Круја живееле околу 20.000 жители.
Местото е најпознато како роден град на Ѓорги Кастриот – Скендербег албански национален јунак од времето на отпорот кој градот го пружал на Османлиското царство
За време на Османлиското Царство од 1443 до 1478 година турскиот аскер четири пати безуспешно се обидувал да го освои овој град.
Градот конечно паднал под Османлиска власт по Скендербеговата смрт.
Можност за посета на Музејот Скендербег, шопинг на улицата со сувенири и можност за кафе во еден од рестораните, кафетериите

Тирана / Tiranë
Тирана — главниот град на Република Албанија
Се наоѓа во централниот дел од земјата, на реката Ишми.
Основан во 1614 г. од Сулејман-паша, а главен град на Албанија е од 1920 г.
Според прелиминарните податоци од пописот од 2011 г, во градот живееле 421,286 жители. Муслиманите сочинуваат 55.9% а христијаните и атеистите заедно сочинуваат 44.1% од населението.
Тирана е културен и индустриски центар на Албанија.
Интересни знаменитости на градот се: плоштадот Скендербг, Операта,  Џамијата Етем беј; Националната библиотека; Часовникова кула симбол на градот, остатоците на Јустинијановата тврдина, културниот центар, поранешниот музеј на Енвер Хоџа, националниот историски музеј….

Цената за со сопствен превоз се намалува за 10€ по лице

НАЧИНИ НА ПЛАЌАЊЕ:

Авас 30% од објавената цена, остатокот во рок од 15 дена пред поаѓање.

ВАЖНИ ЗАБЕЛЕШКИ, НАПОМЕНИ:

За реализација на аранжманот потребен е минимален број 40 платежни патници.
Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 25 лица.
Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. нешта агенцијата не сноси одговорност.
Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци.
Седиштата во автобусот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот.
Може да се патува и со валиден пасош ни у со валидна лична карта издадена од МВР .
Организаторот го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Организаторот на патувањето НЕ Е овластен да ја цени исправноста на патните исправи на патниците.
Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.
Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.

***Агенцијата не може да гарантира брзина на интернет и не е одговорна во случај на слаб сигнал или прекин на интернетот поради технички проблеми на локалните оператори. Хотелите имаат право да менуваат одредени услуги, начини на плаќање, како и периодот на користење на содржината, промени на концептот all inclusive и слично, во согласност со нивната деловна политика, временските услови и други релевантни фактори (вклучувајќи го и Ковид -19 пандемични мерки), а организаторот патува за истите промени не може да сноси одговорност.

За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност
Со важност се и се применуваат Општите услови за патување на Турист