TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Евиа

ен 17.04.2020                               БИТОЛА – ЕВИА
Тргнување од Битола во 01:00 часот од на главна автобуска станица. (Можност за организиран трансфер од други градови со доплата) Патување кон Грција со кратки попатни застанувања за одмор. Во утринските часови пристигнување во местото Глифа. Качување на траект. Возењето трае 30 минути. Симнување во местото Agiokampos. Продолжување на патувањето за Пефки. Сместување на групата во хотел-апартмани. Запознавање со местото. Слободно време. Ноќевање

2.ден 18.04.202                                ЕВИА – Лихадонисја
Појадок. Слободно претпладне. Можност за факултативна посета на архипелагот Лихадонисја. Кога станува збор за екскурзии на Евија, можеби најинтересно е тоа што им нуди на туристите можност да се запознаат со познатите вулкански острови Лихадонисја, за кои честопати можат да се слушне изразот грчките Сејшели. Она што е особено интересно за овие острови, што се создале од природна сила по ерупцијата на вулкан и се смета за рај на земјата, пред се поради тоа што биле населени во минатото, но денес  тие немаат жители и се познати како посебна атракција за туристите. Слободно попладне. Посета на локалната црква во Пефки. Ноќевање.

3.ден 19.04.2020              ЕВИА– ЕДИПСОС-СВ.ДАВИД- СВ. ЈОВАН РУСКИ
Појадок. Организирана посета на Манастирите Св. Давид, кој е четврти по значење на манастирите во цела Грција, после манастирите на Света Гора, Метеорите како и манастирот Свети Јован Руски. Преподобниот Давид го основал манастирот во 16 век, кој сега го носи неговото име, на рушевините на претходната црква која ја уништиле турците после напуштањето на Евиа. Свети Давид, заштитникот на островот Евиа, познат е по своите исцелителски и пророчки способности. Го оставил зад себе манастирот чија црква е посветена на Преображенито, која секојдневно прима голем број на верници од цела Европа. Враќање во Пефки.
Можност за организиран велигденски ручек со традиционална храна(факултативно).
Слободно попладне. Ноќевање.

4.ден 20.04.2020                              ЕВИА-БИТОЛА
Појадок. Слободно претпладне. Напуштање на хотелот. Преку Agiokampos, со траект до Глифа. Попатна посета на клисурата Темби како и црквата Св.Петка. Во вечерните часови пристигнување во Битола. Трансфер до останати градови.

Цена: 99 € (6.138,00 денари)

Во цената на аранжманот Е вклучено:
Превоз со современ туристички автобус;
Сместување во апарт-хотел Анемос во Пефки
3 ноќевања
Превоз со траект на релација Глифа – Агиокампос
Услугите на претставниците на агенцијата;
Трошоци за организација на патувањето.


Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:
Посета на манастирите Св.Јован Руски и Св.Давид 10€
Екскурзија до архипелагот Лихадонисја 20€
Велигденски ручек 15€
Повратен трансфер од останати градови 10€
Патничко осигурување


Доплата:
Доплата за еднокреветна соба 50% од цената на аранжманот
Деца од 2–12 години плаќаат 50% од цената на аранжманот
Доплата за трансфер од останати градови 10€ повратно.

1.   За реализација на аранжманот потребен е минимален број 44 платежни патници.
2.  Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
3.   Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 20-30 лица
(во зависност од факултативата).
4.   Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. нешта агенцијата не сноси одговорност.
5.   Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци.
6.   Седиштата во автобусот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот.
7.   Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
8.  Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
9.  Организаторот на патувањето НЕ  Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
10.  Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.
11.   Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
12.  За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност
13.  Со важност се и се применуваат Општите услови за патување на Турист
14.  
Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
15.  Поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
16.  Патниците кои имаат за цел да посетат одредени знаменитости, надвор од програмата ги советуваме да се информираат за работното време за истите.
17.  Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
18.  Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од tax free.
19.  Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза.
20.  Агенцијата не сноси одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ или Турција.
21.  Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
22.  Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешни податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
23.  Патниците се должни да внимаваат на валидноста на пасошот, за влез во ЕУ и Турција, пасошот треба да е минимум до 6 месеци пред истекување…
24.  Агенцијата не сноси одговорност доколку настане проблем на самата гранница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.
25.  Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.
26.  Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување-кое е задолжително.
27.  Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот по 14;00 часот.
28. Рокот за пријава и резервација зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
29. Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сноси одговорност, целокупниот износ на штетата ја сноси патникот.
30.  Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
31.  Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената

Атина, ГРЦИЈА
петок, април, 17, 2020
4 dena 3 noki
48
€99.00

ВЕЛИГДЕН

АВТОБУС
17-20.04.2020

€99.00
по возрасен

Распродадено

Надминат е бројот на лица