TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Истанбул Нова година

 

ПРОГРАМА ( PDF )

 

29.12: (Сабота) МАКЕДОНИЈА-ТУРЦИЈА

Состанок на групата во 16 00 часот на паркингот пред спортска сала Младост. Поаѓање за Турција во 16 30 часот, патот води преку Грција. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.

30.12: (Недела) ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Панорамски разглед на градот – Ак Сарај, Римскиот Аквадукт, плоштадот Таксим… Можност за факултативна посета на една од најпознатите палати во Истанбул – Долма Бахче Сарај – првиот дворец изграден во Османлиската империја, кој до 1922г. бил резиденција на Отоманскиот Султан, а по 1922 г. во него живеел и Кемал Ататурк. Денес е национален музеј, кој содржи уметничко – историски збирки од непроценливо богатство. Потоа се упатуваме кон Азискиот дел на градот. Посета на ридот Чамлиџе кој се наоѓа на 286 метри надморска височина, од каде се гледа целата панорама на Истанбул. Можност за одмор и кафе во еден од рестораните или кафетериите на ридот. Сместување во хотел во попладневните часови. Слободно време за одмор и индивидуални активности (предлог посета на Капали чаршија). Факултативна групна посета на облакодерот ,,САФИР’’ највисоката зграда во Европависока 236 метри. Ќе се искачиме на самиот врв на зградата од каде се открива неверојатна глетка кон градот а исто така имате можност да направите прекрасни фотографии. Враќање во хотелот. Ноќевање.

31.12: (Понеделник) ИСТАНБУЛ

Појадок. Со трамвај се упатуваме во разглед на градот и можност за посета на најпознатите знаменитости на Истанбул : Аја СофијаНајпознатата градба во Истанбул, изградена во времето на владеењето на Јустинијан први, една од најголемите цркви во светот, претворена во џамија по падот на Византиското царство (факултативно), Топ Капи Палатата – некогашно главно седиште на Османлиската империја, денес е музеј во кој се наоѓа и мечот нa прорoкот Мухамед (факултативно), базиликата Цистерна (факултативно), Хиподромот, Сината џамија, Паркот Ѓулхан, Египетската чаршија…Предлагаме посета на плоштадот Таксим каде што се наоѓа и најпознатата улица во Истанбул а тоа е Истиклал. Таа е долга пешачка улица полна со сите видови продавници со познати турски и меѓународни брендови како и голем број на ресторани и кафулиња. Враќање во хотел. Слободно време за одмор. Вечерта факултативно организиран дочек на Новата 2019 година во национален ресторан , или на плоштад. Ноќевање.


01.01 (Вторник) ИСТАБУЛ – МАКЕДОНИЈА

Појадок. Можност за факултативно крстарење со брод по Босфор, панорамски разглед на палатите и мостовите кои ги поврзуваат Европскиот и Азискиот дел на Истанбул, во време траење од 1,5 до 2 часа. Или посета на најразновидниот аквариум во светот ,,Florya’’. За крај ве водиме во шопинг центарот ,,Венеција Аутлет’’ – каде што ќе имате шанса да се возите во гондола низ каналите на овој шопинг центар. Заминување за Македонија во доцните попладневни часови. Ноќно возење со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Македонија наредниот ден во раните утрински часови.

Цена на аранжманот: 103 € / 6.390,00 ден

Во цената на аранжманот Е вклучено:

Превоз со туристички автобус на наведената релација
Сместување во Истанбул во хотел со 3*, на база 2 ноќевања со појадок
Панорамски разглед на Истанбул (Европски и Азиски дел) со локален водич и автобус
Професионален туристички придружник од агенцијата
Организација и реализација на патувањето


Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:

Новогодишна вечера 31.12.2018 во национлен ресторан
Посета Долма Бахче Сарај
Посета Аја Софија, Топ Капи
Посета Облакодерот ,,Сафир’’ 
Посета Аквариумот ,,Florya’’
Крстарење со брод по Босфор
Доплата за трансфери со трамвај
Задолжително патичко осигурување


Напомени !

Со оваа програма важат Општите услови на Т.А ТУРИСТ

– Новогодишна вечера во национлен ресторан за дочек на Нова Година 2019
– Долма Бахче Сарај 20€ (влезница + локален водич)
– Аја Софија 17€ , Топ Капи 18€ (влезници + локален водич)
– Облакодерот ,,Сафир’’ 20€ (4D влезница + локален водич + превоз со автобус)
– Аквариумот ,,Florya’’ 20€
– Крстарење со брод по Босфор 20€

 

Аја Софија
Аја Софија се преведува и како Црква на Светата мудрост и се смета за најубав пример на византиската уметност. Црквата е градена за време на Византискиот цар Јустинијан и нејзината купола е висока 56 метри и изгледа како да лебди, со што го претставува небото. Била најголема катедрала во светот скоро 1000 години се додека не е изградена катедралата во Севили. По освојувањето на градот од Мехмед Освојувачот, бил толку имресиониран од цркавата па ја претвара во џамија и останува така се додека не е повторно претворена во Музеј. Аја Софија остана најголема верска зграда во Истанбул, иако секој моќен султан се обидел да ја претвори во џамија. Никој не успеал во тоа бидејќи ја нагласува величественоста на црквата каде што се нагласени прекрасните византиски мозаици. Музејот денес е една од најголемите атракции за туристите во Истанбул и препорачливо е посетата на истиот да почне рано изутрина бидејќи во текот на денот после 10 часот почнуваат долгите редици од туристи;

Топ Капи
При главниот влез на Топ Капи Палатата, од десната страна се наоѓа црквата Света Ирина, единствена христијанска црква во Истанбул која никогаш не е претворена во џамија. Ова палата е прва на многуте листи на знаменитости во Истанбул, тоа е палата во која турските султани со векови живееле, вистински град во град. Комплексот е огромен, гужвите за влез во ризницата каде што се наоѓаат светите мошти на Исламот (Мухамедовиот заб) и Христијанството ( раката на Св. Јован Крстител) се големи, тука се изложени колекцијата на часовници на султанот, приборите за јадење и доста подароци  меѓу кои се наоѓа и најголемиот дијамант на светот. Во палатата се чувствува автентичниот дух на Османлиската Имерија. Редицата за билети е прилично долга, но има многу билетарници, и кога е групно организирано, редицата оди многу бргу. Работно време: 9:00 – 17:00;

Долма Бахче Сарај
Долма Бахче Палатата е отворена секој ден освен Понеделник и Четврток од 09:00 – 17:00. Палатата е градена во европски стил и ја заменува старата Топкапи Палата во средината на 19 век. Се во палатата зрачи со луксуз поради исклучително вредните и скапи збирки на непроценливо богатство. Палатата е поделена на два дела, Селамлик – дел за мажите и Харем – делот за жените. Во харемот се просториите во кои живеел и умрел таткото на турската нација Кемал Ататурк. Долма Бахче Палатата е изградена во 19 век и е една од најгламурозните палати во светот. Таа била административен центар на крајот од Отоманската Империја со последниот Султан кој живеел таму. Палатата располага со непроценливо богатство;

Капали Чаршија
Капали Чаршија во Истанбул е еден од најголемите и најстарите затворени пазари во светот со 61 покриени улици и над 3000 продавници коишто привлекуваат од 25000 до 400000 туристи дневно. Цените во Капали Чаршија се високи и препорачливо е да се влезе и да се види како значаен локалитет во Истанбул.

Крстарење по Босфор
Престојот во Истанбул не е комплетен без традиционалното и незаборавно крстарење по Босфорот, теснецот кој ги дели Азија и Европа. Бреговите од двете страни претставуваат мешавина од минатото и сегашноста, од модерни раскошни хотели, палати до приватни куќи. За време на патувањето се поминува покрај прекрасната Долма Бахче Палата, зелените паркови и царските паваљони на Јилдиз Палатата, Белербеј Палатата која се наоѓа покрај самиот мост од Азиската страна, под двата моста кои го делат Истанбул на Азиски и Европски дел. Прекрасна панорамска прошетка низ Истанбул;

Сафир Сеир Тераси
Сафир Сеир Тераси е највисоката зграда во Европа од 236 метри. Првите два спрата нагоре и околу 4 спрата надоле е шопинг центар каде што можете да најдете повеќе познати брендови (H&M, Cotton, LC Waikikи итн.) На врвот од зградата се наоѓа тераса со панорамски поглед на Истанбул, каде што во мала кино сала се овозможува 4Д проекција, симулација на надлетување на Истанбул со хелихоптер и можност и шанси да го почувствуваат сјајот на Босфорот, шармот на Момината кула, или позната како Мејден Кула, магичната Аја Софија, тајната на Топ Капи Палатата, Брилијантната Султанахмет џамија (Сината џамија), застрашувачката природа на базиликата, цистерната, страшниот вртлог, дервишите, убавините на модерниот дел од Истанбул, ппоштадот Таксим, Истаклал Улицата. Сето ова можете да го доживеете во четвртата димезија во Сафир Сеир Тераси;

Сината џамија
Султанахмет џамијата е историска џамија во Истанбул, која исто така е наречена и Сината џамија поради сините плочки околу ѕидовите и внатрешниот дизајн на џамијата. Покрај се, уште е активна како џамија, така што за туристите е затворена по 5 пати дневно половина час за време на молитвите и е доста популарна туристичка атракција;

НАЧИНИ НА ПЛАЌАЊЕ:

Авас 30% од објавената цена, остатокот во рок од 15 дена пред поаѓање.

ВАЖНИ ЗАБЕЛЕШКИ, НАПОМЕНИ:

 За реализација на аранжманот потребен е минимален број 40 платежни патници.
Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 20-30 лица( во зависност од факултативата).
 Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. нешта агенцијата не сноси одговорност. Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци.
Седиштата во автобусот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот. (нема можност за измена)
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Организаторот на патувањето НЕ Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
 Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.
 Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
 За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност
 Со важност се и се применуваат Општите услови за патување на Турист