TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Кападокија

8ми Септември во Кападокија

1  ден (05.09.2019) – четврток
08:30ч. Собир на групата на автобуската во Битола. Заминување кон Турција во 09.00 часот.
09:00ч. Собир на групата од дрводекор Скопје – бесплатен трансфер до Неготино.
Патот води преку Неготино, Гевгелија, Грција и истото трае отприлика 24 часа со предвидени паузи за одмор и царински формалности.

2  ден (06.09.2019) – петок
Предвидена подолга пауза пред пристигнувањето на второто по големина солено езеро Туз Ѓолу.
Пристигнување во Кападокија во пладневните часови, област која е позната по своите релјефни форми од пред десет илјади години по истовременото избувнување на два вулкана (Ерчисе и Хасанда). Оваа област е споменета уште во Библијата. Раните Христијани се населиле во областа за слободно да ја проповедаат својата религија. Под дејство на водата и воздухот се создале тие чудни форми – чуда на природата.
Сместување во хотел. Во договореното време факултативно- традиционална турска ноќ со програма на познатите Дервиши каде имате достапност на алкохол и мезе. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден (07.09.2019) – сабота
Појадок. Панорамски разглед. Поаѓање за Ѓореме – огромен манастирски комплекс, посебни манастири – секој со своја единствена црква. Самата долина ги содржи најубавите цркви вклесани во карпите, со преубави фрески чии бои ја задржале нивната оригинална свежина. Самото место е под заштита на УНЕСКО уште од 1984 година. Посета на  Црквата Св.Варвара (11.век), Змиската Црква (11.век), Епл Црквата (12.век), Темната Црква (11.век), Сандали Црквата (12-13.век). По манастирскиот комлекс групата се упатува на посета на Зелве. Слободно време за ручек. Посета на глинена – порксалан фабрика, имагинарната и Свети Симон долината. Во попладнедните часови се упатуваме кон Црвената Долина каде ќе бидеме сведоци на најубавото зајдисонце и каде се доживува една од најубавите глетки. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден (08.09.2019) – недела
Појадок. Во договорено време заедно со локален водич одиме на посета на подземниот град Деринкоју, посета на манастирите на Селим, долината на галебите, фабрика за оникс и скапоцени камења. По разгледот се упатуваме во долината на Ихлара. Предвидено враќање назад во хотел во 18ч. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

5 ден (09.09.2019) – понеделник
Рано наутро околу 04:00 часот, можност за факулативен лет со балон на топол воздух над самовилските оџаци на магичното изгрејсонце во Кападокија. Класичната обиколка на оваа туристичка атракција во Централна Анатолија од балон го вклучува разгледувањето на местото Ѓореме од воздух кое целосно е сместено помеѓу карпи, а во кое и денес живеат голем број жители.

Појадок. По појадокот спакувани и одјавени од хотелот групата се упатува кон  Во договореното време тргнување назад за Македонија.

6 ден (10.09.2019) – вторник
Пристигнување назад во Македонија во попладневните часови.

Редовна цена по лице 209€
За резервација и уплата до 15.07.2019 – цена 189€

 

Во цената на аранжманое Е вклучено:
Бесплатен трансфер од Скопје и Велес
Автобуски превоз на горенаведената релација
3 ноќевања со појадок во хотел во Кападокија
Пратител за време на патувањето

 

Во цената на аранжманое НЕ Е вклучено:
Патничко осигурување
Едночасовно летање со балон во Кападокија според можностите и цените на пазарот
Посета на подземниот град Деринкоју со локален водич и превоз (15€ по лице)
Турска национална вечер (30 евра по лице)
Посета на манастирскиот комплекс Ѓореме и долината Зелве со водич и превоз (20€ по лице)
Индивидуални трошоци

Посета на подземниот град Деринкоју со локален водич и превоз (15€ по лице)
Турска национална вечер (30€ по лице)
Посета на манастирскиот комплекс Ѓореме и долината Зелве со водич и превоз (20€ по лице)

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
Локалниот водич е на англиски јазик.
За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ.
Целосна доплата 10 дена пред патување.
Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација да си проверат дали патната исправа е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

Со оваа програма важат Општите услови на Т. А. Турист

Кападокија, Турција
петок, септември, 6, 2019
6 dena 3 noki
47
€209.00
€146.00

05.09-10.09.2019

АВТОБУС
Септември 2019

€209.00
по возрасен

Распродадено

Надминат е бројот на лица