TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Корча-Поградец 🚌

Дати:  02.04-03.04.2022  /  09.04-10.04.2022  /  30.04-01.04.2022

1 ден Скопје-Велес-Дреново-Прилеп-Битола-Ресен-Корча-Поградец

Заминување од Скопје од паркингот пред Холидеј Ин во 06;00 ч. Попатно доколку има патници Велес ( на автопат ) Дреново, Прилеп ( бензиска Лук Оил ) Битола ( Спортска сала ) Ресен ( автобуска станица ) Гранични формалности. Пристигнување во Корча околу пладне.
Ова е шести град по големина во Албанија. Сместен е на висорамнина на надморска височина од 850 м, обиколена од планината Морава
Слободно време за индивидуални прошетки, кафе…..посета на Православната катедрала „Воскресението на Христос“ посета на Џамијата Илијаз Мирахори една од најстарите џамии во Албанија, изградена од Иљаз Хоџа во 1484 година…..
Можност за организиран ручек во ресторан. (по желба)
По ручекот посета на Бира Корча производители на едно од најдобрите пива во Албанија.
Припрема и заминување за Поградец. По пристигнувањето сместување во хотел. Слободно време, можност за користење на затворен базен воо хотелот. Вечерта во договор со групата можност за заедночка вечера во ресторанот на хотелот. Ноќевање.

2 ден Поградец-Охрид-Ресен-Битола-Прилеп-Дреново-Велес-Скопје

Појадок. Слободно време за користење на услуги во хотелот или индивидуални прошетки.
Во договор со групата можност за ручек во рибен ресторан. Во договорено време поаѓање за Охрид. Пред граница е паркот и изворите во Дрилон, веднаш пред границата, со мали мостови и кајчињата многу наликува на Свети Наум. По гранични формалности и влез во нашата држава посета на Манастирот Св. Наум. Припрема и поаѓање за Скопје со попатни застанувања

Цените се по лице:

Возрасен во двокреветна соба 4.000 денари
Трет возрасен 3.000 денари
Дете 5-11,99 години 2.000 денари
Дете до 4 години 1.500 денари

Во цената Е вклучено:
Автобуски превоз на наведената релација
1 ноќевање со појадок во хотел 4* во Поградец
Продружник од агенцијата
Организација на аранжманот

Во цената НЕ Е вклучено:
Патничко осигурување ( задолжително е да се има) инфо во агенцијата
Ручеци и вечера
Влезници за знаменитости
Личен трошок
Неспомнати услуги
Индивидуални трошоци

Сместување во собите после 14;00 часот ( прв ден )
Напуштање на собите до 11;00 часот ( последен ден )

Лоциран на брегот на Охридското Езеро во Поградец,
Хотел Енкелана нуди приватна плажа, затворен базен, менувачница, централно креење, ресторан, бар, фитнес сала, сауна, паркинг

Има 120 соби: двокреветни, трикреветни, фамилијарни
Во собите: сателитска телевиија, тоалет со туш, безжичен интернет, клима, мини бар (со доплата) балкон….

Шести град по големина во Албанија. Сместен е на висорамнина на надморска височина од 850 м, обиколена од планината Морава.
Корча е еден од најголемите и најважните културни и економски центри на Албанија.
Музејот за образование (се наоѓа во зградата каде што беше отворено првото албанско училиште во 1887 година) до Националниот музеј на средновековна уметност и куќата на познатиот сликар Ванѓуш Мио. Џамијата Илијаз Мирахори е една од најстарите џамии во Албанија. Ја изградил Иљаз Хоџа во 1484 година. Православната катедрала „Воскресението на Христос“ била изградена од Грција во 1995 г. за да ја замени историската катедрала „Свети Ѓорѓија“, која беше уништена од комунистичките власти во 1968 г.
Покрај музеите и спомениците, Корча е домаќин на најголемиот карневал во Албанија, кој се одржува пред православниот Велигден.
Во слободно време можност за ручек, пробајте ги  традиционалните: пита (лакрор), јагнешко на скара и палачинки (петула те фшира), додека слушате серенада..
По ручекот можност за посета на Бира Корча, производители на едно од најдобрите пива во Албанија.Можете да ги вкусите нивните пива и да видите зошто оваа пиварница добива одлични критики.

Поградец е едно од најшармантните туристички летувалишта во Албанија поради неговата положба во близина на Охридското Езеро, кое се издвојува по чистата вода.
Поради својата уникатна флора и фауна, во 1980 година, Поградец беше прогласен од УНЕСКО за место на светско природно и културно наследство. Градот има прекрасни ресторани, барови, пицерии….
Шетајќи наоколу, можете сами да го откриете Поградец, но ние ке ви дадеме неколку предлози за индивидуални или организирани посети и разгледи:
Уметничка галерија Поградец
Се наоѓа во центарот на градот. Има дела од познати поградецки сликари.
Можете да го посетите од 9.00 – 16.00 часот
Уметничка галерија Тасо
Можете да го посетите студиото Анастас Костандини со неговите слики, а исто така можете да ги купите неговите дела.
Музеј на градот Поградец
Поградец има богат музеј со антиквитети и антички сведоштва. Работи од 9.00 до 16.00 часот.
Поградец има стара православна црква „Света Марија“ сместена во стариот дел на градот и новоизградена црква наречена црква „Воскресение“.
Во градот има две џамии, едната во центарот на градот, а другата во стариот дел на Поградец.

 

 

 

 

 

Авас 30% од објавената цена, остатокот во рок од 15 дена пред поаѓање.

ВАЖНИ ЗАБЕЛЕШКИ, НАПОМЕНИ:
За реализација на аранжманот потребен е минимален број 40 платежни патници.
Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 3 дена пред датата на патувањето.
Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. нешта агенцијата не сноси одговорност.
Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци.
Седиштата во автобусот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот. (нема можност за измена)
Во Албанија е можно да се патува со валидни македонска лична карта или пасош.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Организаторот на патувањето НЕ  Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
Факултативите се плаќаат на лице место

Сите лични податоци кои се внесуваат во системот за резервирање се користат само и единствено за потребите на резервацијата.
Агенцијата не сноси одговорност за загуба на облека, пари и документи оставени во собата на хотелот/објектот.

Сите потреби од страна на хотелот се потврдуваат на лице место од страна на самиот хотел.
Ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот и треба да се направи на лице место за време на престојот во хотелот.

Категоријата на хотелите се определува според законите на соодветната држава.
За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност

Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )