TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Лутра Едипсос

1 ден 08.12.2019 (сабота) БИТОЛА – ЕВИА
Тргнување од Битола во 01:00 часот од на главна автобуска станица. (Можност за организиран трансфер од други градови со доплата) Патување кон Грција со кратки попатни застанувања за одмор. Во утринските часови пристигнување во местото Глифа. Качување на траект. Возењето трае 30 минути. Симнување во местото Агиокампос. Продолжување на патувањето за Едипсос. Сместување на групата во хотел.
Запознавање со местото. Слободно време. Ноќевање

2 ден 09.12.2019 (недела) ЕВИА – Разглед на островот – Едипсос, Св.Давид, Св.Јован Руски
Појадок. Факултативно (10) организирана посета на Манастирите Св. Давид, кој е четврти по значење на манастирите во цела Грција, после манастирите на Света Гора, Метеорите како и манастирот Свети Јован Руски. Преподобниот Давид го основал манастирот во 16 век, кој сега го носи неговото име, на рушевините на претходната црква која ја уништиле турците после напуштањето на Евиа. Свети Давид, заштитникот на островот Евиа, познат е по своите исцелителски и пророчки способности. Го оставил зад себе манастирот чија црква е посветена на Преображенито, која секојдневно прима голем број на верници од цела Европа. Враќање во Едипсос. Oрганизирана Грчка вечер со храна, пијалок и музика (факултативно 10) Ноќевање.

3 ден 10.12.2019 (понеделни) ЕДИПСОС – Битола
Појадок. Слободно претпладне. Можност за користење на хотелскиот базен или плажите со минерална вода во морето. Напуштање на хотелот. Преку Агиокампос, со траект до Глифа. Попатна посета на клисурата Темби како и црквата Св.Петка. Во вечерните часови пристигнување во Битола. Трансфер до останати градови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 89 € (5,518 ден.)

Цената на аранжманот опфаќа:
Превоз со современ туристички автобус;
2 ноќевања со појадок во Хотел Ирини 3* (базен, џакузи, сауна)
Превоз со траект на релација Глифа – Агиокампос
Услугите на придружниците на групата и претставниците на агенцијата за време на престојот;
Трошоци за организација на патувањето.

Цената на аранжманот не опфаќа:
Останати ненапоменати услуги
Свечена вечера 10
Повратен трансфер од останати градови 10
Патничко осигурување

Доплата:
Доплата за 1/1 соба е 50% од цената на аранжманот
Деца од 2 – 12 години плаќаат 50% од цената на аранжманот
Доплата за трансфер од/до останати градови 10 (повратно).

Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
Цените на аранжманот се дадени во € за уплата во денарска противвредност по курс 1€= 62 ден;
За реализација на аранжманот се потребни минимум 40 пријавени патника;
За ова патување мора да имате пасош со важност минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата;
За овој арнажман важат Општите Услови на Т.А Турист

Едипсос, ГРЦИЈА
недела, декември, 8, 2019
3 dena 2 noki
41
€89.00
€45.00

8 - ми Декември

АВТОБУС
08.12.2019

€89.00
по возрасен

Распродадено

Надминат е бројот на лица