TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Малдиви

 

Скопје – Доха
Полетување за Мале преку Доха во 11:40 часот со Qatar Airlines.
Слетување на аеродромот во Доха во 18:25 часот.

Мале
Пристигнување во Мале. Пречек на аеродром од страна на претставник на партнерската компанија и трансфер до избраниот хотел со брз брод (глисер), хидроавион.
Пристигнување во хотелот и сместување. Ноќевање.

Малдиви
Сонце, бел песок, водите на Индискиот Океан, стотици напуштени островчиња, топли лагуни со нијанси на сина, тиркизна и зелена боја, “подводни градини” од корали. Првата асоцијација при споменувањето на Малдиви е егзотика, романтика, релаксација и смирувачка топлина, која овој тропски рај ни ги дарува.
Ве уверуваме дека токму тоа ќе го пронајдете тука.
За сите љубители на водните спортови и истражување на подводниот свет има можност за дополнителни екскурзии од хотелите.

Мале –Доха
Појадок. Слободно време за плажа и забава. Трансфер од хотел до аеродромот во Мале со лет на Qatar Airlines, и полетување за Скопје преку Доха.

ДохаСкопје
Пристигнување во Скопје во 10:40ч.

 

Во цената Е вклучено:
Асистенција на аеродром во Мале од страна на локалниот партнер,
Повратен трансфер од аеродром до остров,
7/10 ноќевања на база на наведената услуга

Во цената НЕ Е вклучено:
Патничко осигурување,
Авионски карти до Мале
Излети и екскурзии
Пијалоци за време на оброците
Личен трошок на патникот
Неспомнати услуги

 

Важни забелешки:
Цените се во €, а плаќањето е исклучиво во денари по курс за 1€ = 62 денари
Цената на Авионски билет е според моменталнато пребарување и истата може да варира при правењето на резервација во зависност од расположливоста на местата.
Аеродромските такси се подложни на промени по одлука на авиокомпаниите.

 

http://www.funislandmaldives.com/

 

Цените се за 1 лице за 7 или 10 ноќевања и наведената услуга (без авио билет)

Хотел FUN ISLAND 3*

локација услуга период 7 ноќи 10 ноќи трансфер

Beach Front Room

FB

07.01-31.03 890 € 1145 €

глисер

01.04-30.04 814 € 1044 €
14.06-21.07 676 €   860 €
01.08-31.08 821 € 1053 €
01.09-31.10 687 €   874 €
01.11-27.12 693 €   883 €

FB полн панисон ( појадок, ручек, вечера )

 

Опис на хотелот

Fun  Island Resort & SPA 3* се наоѓа во South Male Atol, na okulu 45 минути возење со глисер од меѓународниот аеродром во Male. Се одликува со 2 опции за јадење и комфорни соби со приватни балкони, опремени со мини бар, фен за коса…..сместени на самата, бела песочна плажа со  поглед кон океанот или атолите.

Гостите можат да уживаат во одбојка на плажа, или да практикуваат водени спортови како сурфање на ветер и кајакарство. Нуркањето и нуркачките активности се исто така достапни.

Затоа, посетете го  Fun  Island Resort & SPA 4*- Малдиви, фатете некој сончев зрак на плажа, почестете се себеси во Спа центарот со целосна услуга, или уживајте во друштвото на најразличните тропски рипчиња при нуркањето кое ви е достапно веднаш покрај вашата соба.

 

Цените се за 1 лице за 7 или 10 ноќевања и наведената услуга (без авио билет)

Хотел HOLIDAY ISLAND 4*  

локација услуга период 7 ноќи 10 ноќи трансфер
Superior Beach Bungalow HB 07.01-31.03 1122 € 1395 €

авион

01.04-30.04   949 € 1182 €
14.06-21.07   705 €   856 €
01.08-31.08   795 €   975 €
01.09-31.10   760 €   929 €
01.11-27.12   802 €   984 €

HB полу панисон ( појадок, вечера )

 

 

Цените се за 1 лице за 7 или 10 ноќевања и наведената услуга (без авио билет)

Хотел SUN ISLAND 5*

локација услуга период 7 ноќи 10 ноќи трансфер

Sun Villa

HB

07.01-31.03 1119 € 1399 €

авион

01.04-30.04  950 € 1182 €
14.06-21.07  715 €   869 €
01.08-31.08  805 €   989 €
01.09-31.10  760 €   929 €
01.11-27.12  798 €   980 €

HB полу панисон ( појадок, вечера )

Sun Island Resort & Spa 5*****, Maldives

 

Sun island ќе Ви ги освои и душата и срцето со своите егзотични тропски цвеќиња и прекрасното зеленило како и најчистата, сафирно сина лагуна. Се наоѓа на 40км. од Аеродромот Мале и е најстариот неверојатен и живописен остров во Јужниот Ари Атол.

Sun island е најголемиот остров Ресорт на Малдивите и ги нуди сите модерни удобности и содржини за незаборавен одмор и уживање. Изобилува  со густа тропска вегетација и високи кокосови палми, толку бројни, што би можеле да се изгубите меѓу нив. Благодарение на широките плажи, насекаде окулу островот, нема да Ви биде проблем да си најдете свое, интимно катче.

Sun island е пример за добра услуга и кујна од светска класа

 

 

Цените се за 1 лице за 7 или 10 ноќевања и наведената услуга (без авио билет)

Хотел PARADISE ISLAND 5*

локација услуга период 7 ноќи 10 ноќи трансфер

Superior Beach Bungalow

HB

07.01-31.03 1153 € 1504 €

глисер

01.04-30.04 1009 € 1310 €
14.06-21.07   771 € 992 €
01.08-31.08   967 € 1254 €
01.09-31.10   815 € 1053 €
01.11-27.12   864 € 1117 €

HB полу панисон ( појадок, вечера )

 

Paradise Island 5* / North Male’ Atoll

www.paradiseislandmaldives.net

Положба: Лоциран е на 1000м. долгиот и 250м. широк остров Lankanfinolhu, на окулу 10км. оддалеченост од аеродромот Мале односно 15мин. возење со глисер.
Ресортот се одликува со бел корален песок и кристално чиста лагуна. На гостите им нуди 1 главен ресторан “Paradise” како и 4 Ala-carte ресторани ( Со Јапонска, Италијанска, Интернационална кујна и морски специјалитети ). Понудата е дополнета и со други содржини како Пица експрес, 5 барови, кафуле, базен, сувенирница, фотолабораторија, интернет WLAN (со доплата), златара, фризер, игралиште за деца и амбуланта.

Исхрана: Богата шведска маса за појадок и вечера во главниот ресторан а со доплата за полн пансион, вклучена е и шведска маса за ручек.

Сместување : На островот има 220 соби (Superior Beach Bungalow), бунгалови со површина од 26м2, сите со полуотворено купатило со када / туш, со надворешен туш, телефон, фен, ТВ, клима, вентилатор на плафон, минибар, тераса и сите на прва линија покрај море.

Спортови: Кошарка, одбојка, пинг понг а со доплата скијање на вода, едрење, банана чамци, чамец со провидно дно, сквош, бадминтон и 2 тениски терени, пикадо и фитнес центар.

Нуркање: Внатрешниот дел од гребенот е на окулу 300-400м. оддалеченост а надворешниот е на десетина минути возење со чамец. Во понуда е ПАДИ училиште за нуркање а може да се изнајми и опрема.

 

 

Цените се за 1 лице за 7 или 10 ноќевања и наведената услуга (без авио билет)

Хотел ROYAL ISLAND 5*

локација услуга период 7 ноќи 10 ноќи трансфер

Superior Beach Bungalow

HB

07.01-31.03 1347 € 1707 €

авион

 

01.04-30.04 1185 € 1495 €
14.06-21.07 860 € 1062 €
01.08-31.08 1039 € 1300 €

HB полу панисон ( појадок, вечера )

 

Royal Island Resort & SPA, или Horubadho како што е наречен на локалниот јазик, е многу зелен остров и се наоѓа во Атолот БАА. Летот со мал хидро авион кој полетува од аеродромот на Мале трае 30 минути . Бидејќи Royal Island Resort е во средината на Атолот , земјата е поплодна отколку на многуте острови на работ на Атолот и има богата вегетација вклучувајќи ги неверојатните Banyan дрвја. Островот изобилува со голем број на содржини како: тениски игралишта, фитнес, спа и неверојатен базен со поглед на океанот

 

ВАЖНА НАПОМЕНА !

При резервавција се уплаќа 50% од вкупниот износ по лице, остатокот 50% по потврдувањето на резервацијата.

Понудените дати на поаѓање и цени во хотелите се предмет на потврда.
ТУРИСТ Туристичка Агенција ќе Ви понуди најевтин авионски билет во моментот на барањето.
Повратен авионски билет до островот Мале со аеродромски такси и вклучен рачен бараж  (до 7 кг) и чекиран багаж (до 30 кг) со авио компанијата Катар ервејс.
Добро е да си носите универзален адаптер кој одговара на сите стандарди (за мобилен, лап топ).

Важат Општите услови за патување на Т.А. ТУРИСТ