TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

МАЛТА

22 Октомври 2019 (Вторник) СКОПЈЕ – МАЛТА
Состанок на групата на аеродром Скопје во 10.30 часот Полетување во 13:05 часот.
Слетување на аеродром во Малта во 14,50 часот (локално време).
Кратка екскурзијата кон   трите града Senglea-Isla, Vitoriossa-Birgu, Conspicoua Bormla, едни од најубавите историски места на Малта, од каде ќе ги дознаеме за историјата и културата на Малтежаните.
Бедемите кои се направени за заштита на градот од витешкиот ред, кои датираат од 16ти век.
Трансфер и сместување во хотел 4*. Слободно попладне. Ноќевање 1.

23 Октомври 2019 (Среда)МАЛТА- ГОЗО
Појадок. Можност за факултативна целодневна посета на Гозо (Calypso’s Island), вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг. Тргнување со брод од пристаништето Cirkewa. Гозо во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа, која го држела Одисеј на нејзиниот остров. Панорамски разглед на Рабат или Викториа, главниот град кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади, заливот Xlaendi… посета на Dwejra, спектакуларно место каде се наоѓал Азурниот прозорец, како и посета на црквата ta’Pinu…
Цена на турата (со вклучен ручек) 55 . Попладне враќање во хотел. Ноќевање 2.

24 Октомври 2019 (Четврток) Моста-Мдина-Валета
Појадок. Појадок. Можност за факултативна целодневна екскурзија до M0sta, Mdina, Crafts Village i Valetta.  Разглед на Валета изграден од витезите на St. John. Разгледот го започнуваме со 3Д шоу каде низ видео запис ќе првично ќе се запознаеме со Малта. Потоа прошетка низ сликовитите улички се до Градините “Barracca” од каде што има панорамски поглед на Големиот Залив. Посета на богато украсената Катедрала и музејот на St. John, со светски познатите уметнички ремек дела на Караваџо и Матија Прети …
Цена на турата: 50 €. Попладне враќање во хотел. Ноќевање3.

25 Октомври 2019 (Петок) Kомино и Плава Лагуна
Појадок. Организирана факултаттивна тура со автобус и брод за островот Комино. Комино е населен остров со околу 500 жители. Непосредно  од Комино се наоѓа Коминото. Коминото е многу мал остров кој спаѓа во Комино и е ненаселен. Помеѓу Комино и Коминото се наоѓа познатата „сината лагуна“ која е многу посетена од туристи од насекаде. Островот го добил името по растението ким (Cuminum cyminum) што е мошне распространето на таа почва.Целодневна екскурзија со можност за забава, капење во прекрасните води на сината лагуна, ручек, неограничени пијалоци и многу насмевки. Цена 35 .
Враќање во хотел во попладневните часови.Ноќевање 4.

26 Октомври  2019 (Сабота) МАЛТА – СКОПЈЕ  Појадок.
Слободно претпладне. Организиран трансфер до аеродром во 12.00 часот.
Полетување за Скопје во 15:35 часот. Слетување во Скопје во 17:15 часот.
Организиран трансфер до Битола и останати градови со доплата..

 

Цена на аранжманот: 397  / 24.614,00

Попуст за уплата до 15/08/2019  337 /20,920,00

Попуст за уплата до 15/09/2019 357 /22,150,00

 

Во цената на аранжманот Е вклучено:
Авионски превоз на наведената релација Скопје – Малта – Скопје (WizzAir)
Приоритетна авионска карта со рачен багаж со димензии 55х40х23см 10кг+рачна торба
Трансфер аеродром – хотел – аеродром во Малта.
Сместување во хотел со 4*
4 ноќевања со појадок (базен, фитнес, сауна) https://www.hotelsantana.com/
Посета на Трите Града SЕNGLEA, BIRGU, BORMLA
Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето

Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:

Трансфер Битола-Скопје-Битола  15 Еур
Факултативна посета на Моста-Мдина-Валета (МОСТА – ТА’АЛИ ) 50 Еур
Факултативна посета на Гозо 55 Еур (вклучен ручек)
Факултативнo островот Комино и Плавата Лагуна со можност за капење (вклучен ручек)  35 Еур
Туристичка такса во хотел
Влезници за културно историските музеи
Патничко осигурување
Сите неспоменати трошоци

Факултативна посета на Мдина (Моста – Та’али – градините на Св.Антон) 50€
Факултативна посета на Гозо 55€ (вклучен ручек)
Факултативна посета на Трите Града Сенглеа, Биргу, Бормла 30€

* ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ И РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!
* За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници
* Резервација се прави со уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош,
* Комплетна доплата 14 дена пред поаѓање.
* Цените се во €, уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
* Минимален број учесници за факултативите 15 лица, резервација во агенција

Општи напомени за патувањето:

– Агенцијата го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот 7 дена пред поаѓање.
– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
– Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

За овој арнажман важат Општите Услови на Т.А Турист

Малта е најголемиот остров и културен, трговски и административен центар. Тука се премостуваат милениуми од неверојатен спектар на работи кои треба да се откријат. Каде и да одите, сценографијата и архитектура се со спектакуларна позадина. Боите се впечатливи, боите на меден-камен во мешавина со медитеранската сина. Малта е опишан како еден голем музеј на отворено. Она што ја прави уникатна е тоа што толку многу од минатото е видливо денес. Истражете ја мистериозната праисторијата на островот, рутата на стапките на Свети Павле или пак видете каде витешкиот ред на Свети Јован се борел во своите најпознати битки. Малта е одмор, Малта е расположение… Може да се релаксирате со спорт, да ги посетите познатите историски знаменитости, и сеуште да имате време за ноќен живот. Тоа е вистинската предност на престојот тука. Малта има велнес и спа објекти на луксузни хотели и одморалишта. И, ако тоа не ви е доволно, тука се другите два острови – Гозо и Comino-кои може да бидат пријатна промена на сцена за време на вашиот престој во Малта. Изборот е ваш!

Слиема, МАЛТА
вторник, октомври, 22, 2019
5 dena 4 noki
25
€397.00

ОКТОМВРИ 2019

АВИОН
22-26.10.2019

€397.00
по возрасен

Распродадено

Надминат е бројот на лица