TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

МИЛАНО

 

8 Ноември   (Петок)    СКОПЈЕ – МИЛАНО
Состанок  на групата на аеродромот во Скопје во 10:45 часот. Полетување за Милано во 12:20 и слетување во 14:25 часот. Организиран трансфер од аеродромот до хотелот, со запознавање на елитниот град Милано, еден од најразвиените урбани центри во Европа, модната престолнина што стои рамо до рамо со Њујорк, Лондон и Париз. Сместување во хотелот. Ноќевање.

9 Ноември   (Сабота)    МИЛАНО
Појадок. Разглед на убавините на градот: Замокот Сфорцеско, пешачката улица Данте, Плоштадот Дуомо и Катедралата Дуомо, Миланската Скала, градската куќа на Милано. Прошетка по најмонденската улица Спига каде што свои бутици имаат речиси сите познати модни креатори. Почувствувајте ја највисоката мода во најпознатата модна икона Galleria Vittorio Emanuele, изградена во период 1865-1867 година, импресивна градба, фасада со царски лик, а, внатрешноста плени со многу луксуз и детали за восхит. Во средината на Галеријата е поставен плоштад – октагон чиј под е украсен со прекрасни мозаици, симболите на главните градови на обединета Италија – Рим, Фиренца, Милано и Торино (традицијата вели дека ако едно лице ја стави петата на гениталиите на бикот и се сврти во круг три пати, ова ќе му донесе среќа). Над октагонот е поставена стаклена купола висока 47 метри и околу неа се насликани мотиви кои ги претставуваат континентите: Европа, Африка, Азија и Америка. Можност за посета на Црквата Santa Maria delle Graziе. Слободно време за шопинг во Милано и да се почувствува атмосферата на миланските кафулиња со “вистинскo” италијанско кафе. Ноќевање.

10 Ноември   (Недела)    МИЛАНО– ЛУГАНО – КОМО
Појадок. Препорачуваме факултативна посета на Лугано, гратче во Швајцарија, што лежи на брегот на езерото Лугано под Алпите. Поради добрите климатски услови, развиеното банкарство и понудата за богата забава, го нарекуваат “Швајцарско Монте Карло”. Посетата на Лугано дава можност за прошетка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк, еден од најубавите во Швајцарија Parco Civico… Прошетката продолжува со посета на живописното италијанско гратче Комо, кое се простира на брегот на истоименото езеро, едно од најпознатите и најдлабоките езера во Европа. Околу Езерото, светскиот џет сет има свои вили и го поминува својот одмор. Тука се снимени и некои од подобрите филмски остварувања, меѓу кои и Казино Ројал – Џејмс Бонд. Ноќевање.

11 Ноември   (Понеделник)    МИЛАНО – СКОПЈЕ
Појадок. Трансфер до аеродромот Малпенса со кратка пауза пред стадионот “Сан Сиро”. Полетување за Скопје во 15:00 и слетување во 17:05 часот.

 

Редовна цена на аранжманот е 249 евра

 

Во цената Е вклучено:
Авионски превоз на релација Скопје-Милано-Скопје
Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20cm до 10kg)
Организиран трансфер до Милано од аеродромот до хотелот и обратно
Сместување во Хотел Novotel Milano Nord Ca Granda 4* во Милано-3 ноќевања со појадок
Организиран разглед и прошетки во Милано според програмата
Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената НЕ Е вклучено:
Аеродромски такси 3.300 денари
Доплата за уште 1 торба/куфер за рачен багаж со димензии 55х40х23cm (до10kg) 2.100 денари
Доплата за куфер за чекирање (со максимум 10kg) 2.300 денари
Доплата за поголем куфер за чекирање (со максимум 20kg наместо 10kg) 3.100 денари

Туристичка такса 5 евра на ден (се плаќа во хотелот)
Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
Патничко – здравствено осигурување 250 денари

Посета на Лугано и Комо 50 евра

За реализација на аранжманот потребен е минимален број 24 платежни патници.
Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 20 лица.
Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. нешта агенцијата не сноси одговорност.
Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. трошоци.
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Организаторот на патувањето НЕ  Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.
Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност
Со важност се и се применуваат Општите услови за патување на Турист

Милано, ИТАЛИЈА
петок, ноември, 8, 2019
4 dena 3 noki
25
€249.00

08-11 НОЕМВРИ 2019

АВИОН
08.11.2019

€249.00
по возрасен

Распродадено

Надминат е бројот на лица