TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

НЕПАЛ и БУТАН

05 – 14.11.2019

1 ден 05.11.2019
Лет од скопскиот аеродром во 20:40ч. Слетување во Истанбул во 00:20ч. по локално време.

2 ден 06.11.2019
Лет од аеродоромот во Истанбул за Катманду во 01:45 ч.пристигнување во Катманду во 11:25ч. Трансфер. Полудневен разглед на Катманду – храмот Пашупатинат, посветен на богот Шива, кој се наоѓа на околу 5 км од градот. Посета на Боданат – храм комплекс во кој се наоѓа најголемата конусовидно градба, објект на почит во будистичката култура во Непал. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање во Катманду.

3 ден 07.11.2019
Појадок. Посета на Патан (10 км) – еден од најстарите и историски значајни градови во долината Катманду. Познат е како центар на ликовни уметности а према легендата бил создаден од императорот Ашок уште во III век пред Христос. Прошетка низ плоштадот “Патан Дурбар” – прогласен за еден од најубавите градски пејзажи со своите згради и споменици од XVI – XVIII век. Посета на манган чаршија, храмот Махабуда и Златниот храм. Враќање во хотелот во Катманду. Вечера и ноќевање во Катманду.

4 ден 08.11.2019
Појадок. Трансфер до аеродром за лет до Паро, Бутан (трае околу 01:30 ч.). Летот над Хималаите е дефинитивно незаборавно искуство и ќе имате можност да уживате во навистина неверојатна глетка. По пристигнувањето, трансфер. Ручек. Посета на Националниот музеј на Бутан и на Римпунг дзонг – тврдина-манастир од XVII век со неверојатна типична архитектура. Продолжување кон Тимпу – главниот град на Бутан (50 км). Посета на споменикот Чортен, статуата на Буда – најголемата во Бутан, зоолошката градина, и на Ташичо дзонг каде се наоѓа секретаријатот и тронот на кралот на Бутан.
Сместување во хотел. Вечера и ноќевање во Тимпу или околина.

5 ден 09.11.2019
Појадок. Заминување за Пунака – старата престолнина на Бутан (85 км). На патот пауза во преминот Дочула (1300 м), каде се открива прекрасен поглед на Хималаите. Пристигнување во Пунака. Ручек. Посета на Пунака дзонг, тврдина – манастир, чие име во превод е “Палатата на среќата”. Се наоѓа на место на кое две реки се среќаваат, и зазема посебно место во историјата на земјата, бидејќи токму тука е крунисан првиот крал на Бутан во 1907 година Тука е и резиденцијата на вишиот духовен лидер – Је Кенпо. Сместување во хотел.
Вечера и ноќевање во Пунака или околина.

6 ден 10.11.2019
Ран појадок. Заминување за Паро (125 км). Пристигнување и искачување до манастирот “Гнездото на тигарот” – најпознатата знаменитост на Бутан. Манастирот се наоѓа на едно од најпочитуваните места за аџилак во Хималаите, сместен на карпеста падина на 800 метри над долината под него. Искачувањето трае 2:​​30-3 часа а денивелацията која се совладува, е 800 метри. Туристите кои не сакаат да се искачат до Манастирот можат да се прошетаат, или да седнат во некој од угостителските објекти на местата на патот или можат да бидат однесени во хотелот, додека заврши посетата на манастирот. Ручек. Заминување за хотелот. Сместување. Вечера и ноќевање во Паро или околина.

7 ден 11.11.2019
Појадок. Трансфер до аеродромот. Лет до Катманду (трае околу 1:30 ч.).
Прекачување за лет до Покхара (трае околу 30 мин.). Пристигнување и трансфер од аеродромот. Покхара се наоѓа на брегот на езерото Пхева и е позната како излезна точка за популарната Хималајска рута Анапурна. Посета на езерото Пхева, храмот Биндхиабасини, пештерата Махендра, водопадите Девис…… Сместување во хотел. Вечера и ноќевање во Покхара или околина.

8 ден 12.11.2019
По изгрејсонце – посета на Саранкот – селце лоцирано на 1600 метри надморска височина, познато по својата неверојатна глетка кон еден од највисоките Хималајски врвови, кон езерото Пхева и кон Покхара. Десеттиот највисок врв во светот – Анапурна I (8091 м), се наоѓа само на 24 км одовде. Враќање во хотелот за појадок.
Трансфер до аеродромот. Лет до Катманду (трае околу 30 мин.) Пристигнување и трансфер од аеродромот. Слободно време во Катманду. Сместување во хотел. Вечера и ноќевање во Катманду.

9 ден 13.11.2019
Појадок. Посета на дворецот на Кумар, храм-комплексот Свајабхунат, кој се наоѓа на запад од Катманду, плоштад “Дурбар”, Хануман Дхока, храмот Таледжу и на храмот Кастамандап. По ручекот – време за запознавање на Темел – кварт на Катманду, познат по автентичната атмосфера.
Традиционална вечера со фолклорни танци и музика во живо. Ноќевање во Катманду.

10 ден 14.11.2019
Појадок. Трансфер до аеродромот во 12:55 ч. – поаѓање за Истанбул. Пристигнување во Истанбул во 18:50 часот. По локално време. 20:15 ч. – поаѓање за Скопје. Пристигнување во Скопје во 19:45 ч. по локално време.

 

Цените се во € за 1 лице

сместување промо цени до 31.03.19* цени
Цена на човек во двокреветна соба 2644 € 2764 €
Цена на трет возрасен во соба 2566 € 2670 €
Цена за деца  до 11 г. во соба со 1 возрасен 2522 € 2634 €
Цена за деца  до 11 г. во соба со 2-ца возрасни 2480 € 2584€ 
Цена на човек во еднокревтна соба 3074 € 3188 €

Цени во € се плаќа во денари 1€ = 62 денари

 

Во цената Е вклучено:

Авио билет Скопје-Катманду-Скопје
8 ноќевања со појадок и вечера во хотели со 3* и 4*;
3 ручеци во Непал;
1 традиционална вечера со фолклорна програма;
Домашни летови Катманду-Паро, Паро-Покара и Покара-Катманду;
Виза за Бутан;
Сите трансфери према програмата;
Локални туристички водичи;
Влезници за локалитети према програмата;
Придружник за време на патувањето;

 

Во цената НЕ Е вклучено:

Бесплатен рачен багаж до 7 кг
Бесплатен чекиран багаж 30 кг;
Аеродромски такси;
Личен трошок на патникот;
Виза за Непал (за издавање на виза) 25 долари по лице;
Патничко осигурување;
Надоместоци за фотографии и видеа за некои објекти;
Задолжителен бакшиш за возачите и водич 5 долари по лице на ден;

Виза за Бутан – вклучена во цената
Виза за Непал околу 25 усд се плаќа на лице место

Информации и потребни документи за издавање туристичка виза:

Виза за Непал:
Визата се издава по пристигнувањето во Непал за надомест од 25 американски долари по лице. Секој турист мора да носи 2 фотографии (формат како за пасош) и пасош валиден најмалку 6 месеци од датумот на враќање.

Виза за Бутан:
Туристичката агецнција ги доставува документите за виза пред започнување на патувањето.
Неопходно е да се обезбеди пасош валиден најмалку 6 месеци од датумот на враќање.

Предвидени хотели за сместување по програмата:

Катманду:    хотел Mulberry**** или сличен;

Тимпу:         хотел Norbuling*** или сличен;

Пунака:       хотел Punakha Residency*** / Meri Puensum Resort*** или сличен;

Паро:          хотел Olathan*** или сличен;

Покхара:    хотел Landmark Hotel**** или Mount Kailash****или сличен;

 

Валута:
И во Непал и во Бутан, се користат индиски рупии. Само банкноти од 100 или помалку рупии се прифаќаат во Непал и Бутан. Непал, исто така, има своја валута – непалска рупија.

Домашните летови се со локални авиокомпании.
Сите посети, разгледи во програмата се предвидени локалниот водич, а ќе има симултан превод на српски, хрватски или бугарски јазик на лице место.

Трансферите по програмата се изведуваат со минибус или автобус
За реализација на програмата потребни се минимум 24 патници, во спротивно агенцијата го задржува правото да ја покачи цената, (ако е помал бројот на пријавени) или да ја сторнира програмата, а за тоа да ги извести патниците 20 дена пред датата на заминување.

Важна инфромација:
Во  цената на аранжманот за авио билетот се наведени најниските цени (тарифа) за сите летови кои важеле на денот на објавувањето на програмата (цените на хотели и авио билетите некогаш зависат од  период на патување и достапноста за време на барање на резервација.

Времетрање на авио летовите:
Скопје – Истанбул: около 01: 40ч.
Истанбул – Катманду: околу 06:55ч.
Катманду – Истанбул: околу 08; 40ч.
Истанбул – Скопје: около 01:40ч.

Во  цената на аранжманот за авио билетот е наведена најниската цена (тарифа) за сите летови кои важеле на денот на објавувањето на програмата (цените на хотели и авио билетите некогаш зависат од  период на патување и достапноста за време на барање на резервација.

Домашните летови се со локални авиокомпании.
За сите посети, разгледи во програмата се предвидени локални водичи, а ќе има симултан превод на српски, хрватски, бугарски или македонски јазик на лице место.

Трансферите по програмата се изведуваат со минибус или автобус
За реализација на програмата потребни се минимум 20 патници, во спротивно агенцијата го задржува правото да ја покачи цената, (ако е помал бројот на пријавени патници од 20 ) или да ја сторнира програмата, а за тоа да ги извести патниците 60 дена пред датата на заминување, со враќање на патникот на сите уплати направени за пакетот без дополнителен надомест.

Екскурзијата не е погодна за лица со намалена подвижност.

Туроператорот не е одговорен за распоредот на летови ако ги измени авиокомпанијата.

Во случај на значителна промена на девизниот курс, вкупната цена на пакетот е предмет на приспособување. Неговото зголемување (намалување) треба да биде економски оправдано и да одговара на промените.
Правото на прилагодување на цената (зголемување, намалување) е исклучива надлежност на Организаторот.

Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Организаторот на патувањето НЕ Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.
За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност.

Услови за плаќање:
Уплата (депозит) 50% од вредноста на пакетот, со потпишување на договорот за патување. Доплата 50% на целосниот износ да се плати најдоцна 65 дена пред  датумот на заминување.

При резервација и резервација помалку од 65 дена пред закажаниот датум на заминување, плаќањето се врши еднаш 100%, најдоцна 24 часа по потврда од страна на Туристичката Агенција.

Услови за надомест за отказ на аранжманот од страна на патникот:
Ако откажувањето е до 185 дена пред датумот на поаѓање, патникот не должи надомест за ленд аранжманот а доколку се купени авио билетите (се применуваат условите на авио компанијата и сите трошоцисе на товар на патникот)

Ако откажувањето е од 184 до 85 дена пред датумот на поаѓање, надоместокот за откажување изнесува 35% од цената на организираното патувањето;

Ако откажувањето е од 84 до 65 дена пред датумот на заминување, надоместокот за откажување е 50% од цената на организираното патувањето;

Ако откажувањето е од 64 до 35 дена пред датумот на заминување, надоместокот за откажување изнесува 80% од цената на организираното патување;

Ако откажувањето е помало од 35 дена пред датумот на заминување, надоместокот за откажување е 100% од цената на организираното патување;

Катманду, НЕПАЛ
вторник, ноември, 5, 2019
10 dena 8 noki
24
€2644.00
€2480.00

05.11-14.11.2019

НЕПАЛ и БУТАН
Ноември 2019

€2644.00
по возрасен

Распродадено

Надминат е бројот на лица