TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Париз ✈️

 

1 ден (20.10.22 – четврток) | Скопје – Париз
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 10:30 часот. Полетување кон Париз во 12:30 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот Буве (Beauvais) во 15:25 часот. По пасошка и царинска контрола следува трансфер со панорамски разглед на Париз (90 km). Сместување во хотел. Ноќевање.

2 ден (21.10.22 – петок) Париз – Лувр – Мулен Руж
Појадок во хотел. По појадокот разгледот можност за факултативна посета на еден од најбогатите светски музеи Лувр (со локален водич), кој 700 години бил резиденција на француските кралеви, се‘ до нивната преселба во Версај. Овде се наоѓаат околу 65.300 уметнички дела меѓу кои и познатата Мона Лиза.По завршување на посетата на Лувр започнува разгледот на прекрасните Париски улици и градби (пешки или со метро)…Нотр Дам, бизнис центарот Дефанс, Монмартр, црквата Sacre Couer, улицата Пигал и познатиот Mouline Rouge.Шетаме, се одмараме, се враќаме назад во хотел.Слободно време или можност за факултативна посета на славниот кабаре бар Moulin Rouge, чија што програма започнува во 23:00 часот. Ноќевање.

3 ден (22.10.22 – сабота) Версај – Ајфелова Кула – Крстарење по Сена
Појадок во хотел. По појадокот предлагаме факултативна посета на величествениот дворец Версај (15 km ), изграден од францускиот крал Луј XIV кој претставува ремек – дело на уметноста од 17-ти век. (во разгледот не се вклучени градините). Враќање назад кон Париз (15 km). Во попладневните часови можност за посета на Ајфеловата кула и уживање во неверојатната панорамска глетка од третиот кат на ова уникатно архитектонско издание. По посетата на Ајфеловата кула предлог Крстарење по Сена, со времетраење од 1 час и можност да ја почуствувате магијата на Париз од различна преспектива. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.

4 ден (23.10.22 – недела) Монмартр – Сакр Кер – Буве – Скопје
Појадок во хотел и одјавување. Слободно време за индивидуални активности до времето предвидено за организиран трансфер до аеродромот Буве (Beauvais). Полетување кон Скопје во 15:15 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Слетување во Скопје во 17:55 часот

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ : 469  € (29.078 мкд.) – до 10.09.2022
РЕДОВНА ЦЕНА – 519 € (32.178 мкд.)

Во цената на аранжманот е вклучено:
Директен лет на релација Скопје – Париз – Скопје со авикомпанијата Wizz Air;
Аеродромски такси
Мала кабинска торба од (40 x 30 x 20 см);
Организирани трансфери аеродром – хотел – аеродром;
3 ноќевања со појадок во хотел Ibis La Defanse Centre 3*;
Организирани прошетки според програматa;
Организација на аранжманот и придружник на патувањето;

Во цената на аранжманот не е вклучено:
Туристичка такса 1.50 € по лицен на ноќ – се плаќа во агенција;
Патничко осигурување;
Билети (карнет за 10 возења) за јавен превоз со метро

Дизниленд:
Можност за посета на Дизниленд во денот во кој Вие ќе одлучите. Трансфер со метро и Дизни бус или со брз воз – рер. Цената се утврдува при уплата од причина што може да дојде до промена на истата од страна на Дизниленд.

 

– Посета на Версај – 75 € со вклучена влезница за дворецот (градините не се вклучени во цената), локален водич на македонски јазик, трансфер;
– Влезница за Ајфелова Кула до втор кат – 25 €, до трет кат – 33 € (со лифт);
– Крстарење со брод по Сена – 18 €;
– Посета на Лувр – 45 € (вклучена влезница и локален водич на македонски јазик;
– Посета на Moulin Rouge – 125 € (вклучена влезница со резервација на маса и шампањ);
Можност за организирана посета на Дизниленд (цена при уплата на аранжман и извршена резервација);
Задолжително пријавување за факултативите во агенција
За реализација на факултативите потребно минимум 14 патника.

Т.А. Турист е посредник за аранжманот;
Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
За реализација на аранжманот потребни се минимум пријавени 20 патника;
За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ и ТУРИСТ

Париз “градот на светлината” со право го носи овој епитет. Со својата единствена архитектура, големите плоштади и старите знаменитости претставува еден од најкомплетните градови на cветот.
Градот на модата, француските револуции, богат со историја и култура. На секое споменување на неговото име, никој не останува рамнодушен. Просто е невозможно да не се заљубите во овој град, каде преовладува стилот, каде рестораните и ноќниот живот ветуваат уживање. Во лето, може да прошетате покрај Сена, да се напиете кафе во некоја од кафетериите по должина на обалата или едноставно да прошетате низ некој од бројните паркови. Во есен, брзата прошетка од Ајфеловата Кула преку Марсовите полиња се’ до Елисејските полиња, претставува вистинско задоволство. Во зимските ноќи пак, загрејте се лизгајќи по замрзнатото лизгалиште под ведро небо, a во пролет, почувствувајте ја магијата на воздухот со посета на Версајските градини, кои ќе Ве опијат со своите мириси. Без разлика на тоа колку долго ќе трае Вашата посета на овој град, во моментот на заминување ќе знаете со сигурност дека еден ден повторно патот ќе Ве доведе токму тука, во “градот на светлината”.