TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

ПАРИЗ

За уплата до 24 Септември цена 299

24 Октомври (Четврток) СКОПЈЕ – ПАРИЗ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 16.30 часот. Полетување за Париз во 18.10 и пристигнување во Париз во 21.05 часот. Организиран трансфер до хотел и сместување. Ноќевање.

25 Октомври (Петок) РАЗГЛЕД НА ПАРИЗ – МУЛЕН РУЖ
Појадок. Организиран панорамски разглед на Париз: Големите булевари, мостовите и кејовите на Сена, плоштадот Конкорд, Елисејските полиња, Триумфалната Капија, плоштадот Вандом, Операта Гарние, плоштадите Република и Бастиља, Латинскиот кварт, Универзитетот Сорбона, паркот Луксембург… Во попладневните часови, препорачуваме прошетка до плоштадот на уметниците Монмартр и Базиликата Sacre Couer, најпосетената точка во Париз, која Парижани ја нарекуваат “Белата Гулабица” и од каде има прекрасен поглед на градот. Прошетката продолжува до квартот Пигал, познат по бројните кабареа, меѓу кои и светски познатиот бар Moulin Rouge (превоз со метро). Ноќевање.

26 Октомври (Сабота) ВЕРСАЈ – АЈФЕЛОВА КУЛА – КРСТАРЕЊЕ ПО СЕНА
Појадок. Факултативна посета на ремек делото на францускиот класицизам, величенствениот дворец Версај, една од најлуксузните кралски палати во Европа. Прошетка по кралските апартмани, салата со огледала и прекрасните градини на “Кралот на Сонцето” Луј XIV, со многубројните фонтани, скулптури и прекрасни фигури од зеленило…. Во попладневни часови можност за посета на Ајфеловата кула и уживање во панорамска глетка кон Париз (со метро). Препорачуваме романтично крстарење со брод по Сена, под 24-те париски мостови со прекрасен поглед кон знаменитостите од друга перспектива. Вечерна прошетка по познатата улица Шанзелизе до Триумфалната капија (превоз со метро). Ноќевање.

27 Октомври (Недела) ДИЗНИЛЕНД
Појадок. Индивидуална посета на забавниот парк Disneyland или слободно време за прошетки во градот на модата. Ноќевање.

28 Октомври (Понеделник) ПАРИЗ – ЛУВР – СКОПЈЕ
Појадок. Организирана посета на еден од најголемите и најбогатите светски музеи – импресивниот Лувр, резиденција на француските кралеви, се до нивното преселување во дворецот Версај. Посета на најпознатата светска колекција на уметнички дела, меѓу кои и Да Винчиевата славна Мона Лиза, античката скулптура Венера Милоска и сплавот на медузите… Лувр е најпосетениот музеј во светот кој дневно го посетуваат по околу 15.000 туристи (превоз со метро). Слободно време за индивидуални активности до времето на тргнување кон аеродромот со организиран трансфер. Полетување за Скопје во 21.15 часот и слетување во 23.55 часот.

 

Редовна цена на аранжманот  349
(За уплата до 24 Септември цена 299 €)

 

Во цената Е вклучено:
Авионски превоз на релација Скопје – Париз – Скопје
Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20cm со максимум 10kg)
Трансфери во Париз од аеродромот до хотелот и обратно
Сместување во Хотел Ibis Paris la Défense Centre 3* во центарот на модерен Париз
4 ноќевања со појадок
Организирани прошетки според програмата
Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

Во цената НЕ Е вклучено:
Аеродромски такси 3.800 денари
Доплата за + 1 торба/куфер за рачен багаж 55х40х23cm (со максимум 10kg) 1.800 денари
Доплата за куфер за чекирање (со максимум 10kg) 3.000 денари
Доплата за поголем куфер за чекирање (со максимум 20kg наместо 10kg) 4.000 денари
Туристичка такса 1.50€ по лице на ден се плаќа во Агенција
Патничко осигурување 250 денари
Јавен превоз со метро и автобус во Париз (цена околу 14€ карнет за 10 возења)

Разглед на Париз 25€
Мулен Руж-претстава (цена од 115€ со пијалок. 1/2 шампањ и место за седење) се патува со метро
Посета на Версај 55€ (вклучена влезница, резервација при уплата на аранжманот)
Влезница за Ајфелова Кула до вториот кат 22€, до третиот кат 30€ (резервација при уплата на аранжманот)
Крстарење со брод по Сена 15€
Дизниленд 120€, дете до 11 години 90€ (превоз од хотел + целодневна влезница за 1 парк)
Посета на Лувр€ (вклучена влезница, резервација при уплата на аранжманот)

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници.
За ова патување потребен е валиден пасош, минимум 6 месеци од денот на враќањето
Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување
За резервација уплата аванс од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 15 дена пред патување

Париз “градот на светлината” со право го носи овој епитет. Со својата единствена архитектура, големите плоштади и старите знаменитости претставува еден од најкомплетните градови на cветот.
Градот на модата, француските револуции, богат со историја и култура. На секое споменување на неговото име, никој не останува рамнодушен. Просто е невозможно да не се заљубите во овој град, каде преовладува стилот, каде рестораните и ноќниот живот ветуваат уживање. Во лето, може да прошетате покрај Сена, да се напиете кафе во некоја од кафетериите по должина на обалата или едноставно да прошетате низ некој од бројните паркови. Во есен, брзата прошетка од Ајфеловата Кула преку Марсовите полиња се’ до Елисејските полиња, претставува вистинско задоволство. Во зимските ноќи пак, загрејте се лизгајќи по замрзнатото лизгалиште под ведро небо, a во пролет, почувствувајте ја магијата на воздухот со посета на Версајските градини, кои ќе Ве опијат со своите мириси. Без разлика на тоа колку долго ќе трае Вашата посета на овој град, во моментот на заминување ќе знаете со сигурност дека еден ден повторно патот ќе Ве доведе токму тука, во “градот на светлината”.

Париз, ФРАНЦИЈА
четврток, октомври, 24, 2019
5 dena 4 noki
24
€349.00

24-28 ОКТОМВРИ 2019

АВИОН
24.10.2019

€349.00
по возрасен

Распродадено

Надминат е бројот на лица