TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Порто и Лисабон ✈️

 

27. Април (Четврток) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – ПОРТО
Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 07:15 часот. Полетување за Истанбул во 08:45 и пристигнување во 11:10 часот. Полетување во 12:55 и пристигнување во Порто во 15:45 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Прошетка до улицата Света Катерина и уживање со добро кафе во кафе барот Мажестик. Ноќевање.
28. Април (Петок) ПОРТО
Појадок. Прошетка низ Порто, вториот град по големина во Португалија, кој во 1996 година е поставен на листата на УНЕСКО како дел од светското наследство: Авенијата Алиадос, Катедралата, Берзата, Црквата на Свети Франциско со позлатени барокни резби, плоштадот Слобода, кулата Клеригос… Порто е нераскинливо поврзан со реката Дуоро, каде се наоѓа впечатливиот мост Дон Луис, изграден од ученикот на познатиот Ајфел. Прошетката продолжува преку мостот до градот Вила Нова де Гаја кој изобилува со вински подруми. Можност за дегустација на локалните вина, од категоријата на најдобри европски вина, кои ги прославија Порто и долината на реката Дуоро со своите лозја и винарските визби. Можност за крстарење по реката Дуоро. Ноќевање.
29. Април (Сабота) ПОРТО – ЛИСАБОН
Појадок. Организиран трансфер до Лисабон. Разглед на португалскиот главен град кој ужива особено сончева позиција на крајбрежјето на Европскиот Атлантик: започнуваме со најпознатиот лисабонски кварт – Белем, кој е под заштита на УНЕСКО. Ќе го видиме еден од симболите на градот, прекрасната кула Белем која изгледа како да е изградена од песок, а некогаш служела за одбрана на градот. Од тука се пружа прекрасен поглед на мостот 25. Април, кој потсетува на мостот Голден Гејт  во Сан Франциско. Потоа одиме до споменикот на славните португалски морепловци и нивните откритија, со кратко застанување на местото од каде Васко де Гама испловил на патување до Индија. Разгледот продолжува до уште еден симбол на Лисабон – Манастирот Свети Јероним од 16 век, Слободно време за посета на најпознатата лисабонска слаткарница  Пастел де Белем од 1837 година и можност да се вкуси истоименото колаче. Сместување во хотелот. Вечерна прошетка по Плоштадот Маркиз де Помбал и елегантната Авенија на Слободата до плоштадите Рестаурадорес и Росио. Ноќевање.
30. Април (Недела) ЛИСАБОН – ПАРК НА НАЦИИТЕ
Појадок. Организиран трансфер до Порто. Сместување во хотелот. Прошетка низ Порто, вториот град по големина во Португалија, кој во 1996 година е поставен на листата на УНЕСКО како дел од светското наследство: Авенијата Алиадос, Катедралата, Берзата, Црквата на Свети Франциско со позлатени барокни резби, плоштадот Слобода, кулата Клеригос… Ноќевање.
01. Мај (Понеделник) ЛИСАБОН И ОКОЛИНАТА
Појадок. Факултативна екскурзија до Синтра, сликовит град под заштита на УНЕСКО, некогашна летна резиденција на португалските кралски семејства. Посета на бајковитата палата Пена, една од најпрепознатливите палати во Португалија, изградена во 19  век во романтизам. Се наоѓа на брдо над Синтра, а поради својот раскош и убавина е под заштита на УНЕСКО. Палатата е препознатлива по јаките бои со кои се обоени терасите и кулите и така претставуваат совршен контраст на зеленилото кое ја опкружува. Патувањето продолжува до најзападната точка на континентална Европа, Кабо да Рока. Покрај океанскиот брег, патот води до Кашкаиш, некогашно рибарско село, а, денес познато летувалиште кое со шеталиште е поврзано со Есторил. Ова монденско летувалиште со голем број голф терени, луксузни хотели и огромно казино, се споредува со Монте Карло. Вечерта, препорачуваме вечера со ритамот на специфичната португалска музика Фадо. Ноќевање.
02. Мај (Вторник) ЛИСАБОН-ИСТАНБУЛ-СКОПЈЕ
Појадок. Организиран трансфер до Аеродромот во Лисабон. Полетување за Истанбул во 10:55 часот. Пристигнување во Истанбул во 17:35 и полетување за Скопје во 19:00. Слетување во Скопје во 19:25 часот.

 

Цена на аранжманот: 899 €

 

Цената вклучува:
Авионски превоз Скопје-Истанбул-Порто и Лисабон-Истанбул-Скопје
Аеродромски такси
Багаж за чекирање до 30 kg и Рачен багаж (ташна и 1 торба до 8 kg)
Трансфер од Аеродромот до хотелот во Порто
Трансфер од хотелот во Порто до хотелот во Лисабон
Трансфер од хотелот до Аеродромот во Лисабон
2 ноќевања со појадок во Хотел 3/4* во Порто
3 ноќевања со појадок во Хотел 3/4* во Лисабон
Разглед и прошетки во Лисабон според програмата
Разглед и прошетки во Порто според програмата
Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Цената не вклучува:
Туристичка такса 10 евра (се плаќа во хотелите на рецепција)
Факултативно околината на Лисабон (Синтра, Кабо да Рока, Кашкаиш, Есторил) 85 €
Карти за локален превоз (метро)
Патничко-здравствено осигурување

Напомени !
За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници
За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето

 

Лисабон, срцето на Португалија, најзападната европска метропола сместена на седум ридови, со звукот на музиката Фадо и вкусот на најубавото португалско вино.

Порто, импресивен и харизматичен. Спој на традиционалното и модерното.

ВЕ МОЛИМЕ внимателно да ги прочитате сите ИНФОРМАЦИИ и ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ на организаторот до крај.
Личните податоци кои се внесуваат во системот за резервирање се користат само и единствено за потребите на резервацијатa.
По потврдување на резервацијата Вие сте обврзани со неа, треба да е платен аванс или да е платена во целост и во сила стапуваат сите услови за промена и анулација на резервацијата.
Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
Пасошот треба да важи минимум 3-6 месеци по завршувањето на патувањето. (зависно во која држава се патува)
Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација и телефонски број.
Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
За реализација на патувањето-аранжманот потребен е минимум од 25 платежни патници. Доколку има недоволен број пријавени платежни патници, агенцијата има право да ја зголеми цената на истиот или да го откаже патувањето, а за тоа да ги извести пријавените патници најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување. Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд
Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 20 (во зависност од факултативата).
Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи.
Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во авион, автобус од страна на организаторот.
Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот.
Погрешни податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби
Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, авионски билет, хотел, автобуски трансфери и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување. (ако не се наведени други Услови)
Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со Општите услови за патување. (ако не се наведени други Услови)
Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
Земете предвид дека поради државни или верски празници, реновирање, сервисирање на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
Патниците кои имаат за цел да посетат (непредвидени во програмата) одредени локалитети, музеи, знаменитости, институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин. (агенцијата нема обврска)
Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување-кое е задолжително.
Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од TAX FREE.
Сите патници државјани на Република С. Македонија и имаат валидни биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
Агенцијата не сноси одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ, Турција или друга земја за која е наменета понудата-аранжманот.
Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
Туристичката агенција НЕ Е  надлежна да ја цени исправноста на патните и други документи на патникот.
Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши. Пример: за влез во Турција, пасошот треба да е минимум до 6 месеци пред истекување, во спротивно можно е да не биде пуштен на територијата на Република Турција.
Туристичката агенцијата НЕМА одговорност доколку настане проблем на самата граница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.
Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во авио билетот, ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување ако има измени од превиденото по програмата.
Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14;00 часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација на својата земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од веб страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сноси одговорност, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот.
Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сноси одговорност, целокупниот износ го сноси патникот.
Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.
За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сноси одговорност.
Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната.
Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.
Туристичката агенција Турист може да е организатор но и посредник за патување.
Со оваа програма важат и се применуваат Општи услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )

Порто, ПОРТУГАЛИЈА
четврток, април, 27, 2023
6 dena 5 noki
20
€899.00

АПРИЛ 2023

АВИОН
27.Април-02.Мај 2023

€899.00
по возрасен

Распродадено

Надминат е бројот на лица