TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

РИМ

14 Ноември          СКОПЈЕ – РИМ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 15:50 часот. Полетување за Рим во 17:20 и слетување во 18:55 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Вечерна прошетка до Плоштадот на уметниците со прекрасните фонтани – Плоштадот Навона, да се почувствува атмосферата на кафулињата со “вистинско” италијанско кафе. Ноќевање.

15 Ноември          РИМ
Појадок. Панорамско разгледување на градот: Плоштадот Дел Пополо, Виа Дел Корсо, Плоштадот Венеција со споменикот на Виктор Емануеле, мостовите на Тибар, Палатата на Правдата, Тврдината Сан Ангело, Црквата Св. Петар… Прошетка низ центарот на Рим и уживање во убавините на градот: посета на Шпанските скали познати како “дневна соба на градот”, Фонтаната Ди Треви со легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим, Пантеон, Црквата Св. Климент, Црквата Св. Петар во ланци со статуата Мојсие – познатото дело на Микеланџело, Колосеумот, Римскиот Форум, прекрасниот Плоштад Кампидољо…
Слободно време за шопинг по познатата улица Виа Дел Корсо. Ноќевање.

16 Ноември          ВАТИКАН
Препорачуваме факултативна посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхитувачките колекции на слики, скулптури, стари мапи и таписерии, незаобиколната Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело со уникатни ремек дела и најголемата Црква на светот Св. Петар…
Прошетка до боемскиот кварт Транстевере и вечера во национален ресторан – траториа, со мени од италијанската кујна. Ноќевање.

17 Ноември          РИМ – ТИВОЛИ – СКОПЈЕ
Појадок. Факултативна посета на паркот Тиволи со прекрасната Вила Д’Есте.
Ренесансната палата е единствена по своите илјада фонтани, а најубавите од нив имитираат звуци на птици и музички инструменти.
Трансфер до аеродромот во Рим.
Полетување за Скопје во 20:15 и слетување во 21:50 часот.

 

За уплата до 10 Октомври цена 199
Редовна цена на аранжманот 249

 

Во цената Е вклучено:
Авионски превоз на релација Скопје-Рим-Скопје
Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20cm до 10kg)
Трансфер во Рим од аеродромот до хотелот и обратно
Сместување во Хотел Raeli 4* во поширокиот центар на Рим – 3 ноќевања со појадок
Организиран панорамски разглед на градот
Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената НЕ Е вклучено:
Аеродромски такси 3.700 денари
Доплата за уште 1 торба/куфер за рачен багаж со димензии 55х40х23cm (со максимум 10kg) 1.300 денари
Доплата за куфер за чекирање (со максимум 10kg) 1.400 денари
Доплата за поголем куфер за чекирање (со максимум 20kg наместо 10kg) 2.200 денари
Туристичка такса 6 евра на ден (се плаќа во хотелот)
Факултативни излети, вечера…
Влезници во музеите и културно историските споменици
Kарти за локален превоз (метро)
Патничко – здравствено осигурување 250 денари

Посета на Ватикан со локален водич, превоз, резервација и влезница 50€
Организирана пешачка прошетка низ центарот на Рим 15€
Посета на Тиволи 50€
Факултативна вечера во ресторан

Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
Цените на аранжманот се дадени во € за уплата во денарска противвредност по курс 1€= 62 ден;
За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 25 патника;
За ова патување мора да имате пасош со важност минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата;
За овој арнажман важат Општите Услови на Т.А Турист

Рим, ИТАЛИЈА
четврток, ноември, 14, 2019
4 dena 3 noki
25
€249.00

14-17 НОЕМВРИ 2019

АВИОН
14.11.2019

€249.00
по возрасен

Распродадено

Надминат е бројот на лица