TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Санторини

Камари, ГРЦИЈА
среда, октомври, 9, 2019
5 dena 3 noki
44
€189.00
€130.00

11 ти Октомври

САНТОРИНИ
09-13.10.2019

€189.00
по возрасен

Распродадено

Надминат е бројот на лица

1 ден (09.10.2019) : БИТОЛА
Состанок на групата на Градската Автобуска станица во 17.00 ч. Поаѓање за Грција во 17.15 ч.
Патот води преку г.п. Меџитлија, Лерин, Птолемаида, Вериа, Катерини, Ламиа…ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори.

2 ден (10.10.2019) : ПИРЕА – САНТОРИНИ
Пристигнување во Пиреа во раните утрински часови. Слободно време за краток одмор.
Во 06.30 ч.трансфер на траект и поаѓање за Санторини во 07.30 ч.
Планирано пристигање на Санторини околу 15.30 ч. Сместување во хотел. Слободно време за одмор или уживање на плажата во Камари/Периса…Во вечерните часови –прошетка низ Фира главниот град на Санторини, местото на светлината и шармот на островот, каде ќе имаме можност за ноќно фотографирање. Во полноќните часови со нашиот автобус,  враќање во Камари. Ноќевање.

3 ден (11.10.2019) : САНТОРИНИ
Појадок. По појадокот – Ви нудиме целодневен факултативен излет…посета на Акротири, последните остатоци од Миноанската цивилизација, место кое многумина го споредуваат со Помпеа, затрупано со вулканска лава во 2-от век п.н.е. Можност за посета на прекрасно сочуваните куќи, скали, улици кои го краселе тоа место тогаш…посета на „црвената плажа“, можност за фотографирање…патувањето продолжува кон бродото Профитис Илиас – највисоката точка на островот, можност за прошетка низ главното двориште на истоимениот манастир…стигнуваме до градот Фира – главниот град на островото, уникатно место на светот, единствено по своите бели куќички со сини покриви и сводови…слободно време за индивидуален разглед на местото истражувајќи го истото низ неговите тесни улички како од бајките и нивните продавници за сувенири…во касните попладневни часови – Ве водиме во Oia (Иа)… можеби сте слушнале, можеби сте гледале на слики, сега е време да ја почувствувате магичноста на едно од најпознатите светски залези на сонцето кое се случува токму на тоа место…питорескната Иа, изградена на северниот дел од Калдера од каде се гледа остатокот на островот и Егејското море била испирација за многу поети, сликари и писатели…враќање во хотелот во вечерните часови. Слободно време, или посета на некој од ноќните барови во Камари. Ноќевање.

4 ден (12.10.2019) : САНТОРИНИ
Појадок. По појадокот – слободно време или факултативно крстарење…посета на Неа Камени (новонастанатиот вулкан Пес – обавезна доплата од 2,50€ за искачување до врвот на истиот) – можност за фотографирање покрај активниот кратер…продолжуваме кон островот Тирасија, можност за кафе-пауза или ручек во таверните кои се поставени на самото море…крстарењето продолжува кон Палиа Камени (стариот вулкан), каде ќе имате можност за капење во термалните води…пловидбата продолжува долж сртот на островот, од каде се гледаат градовите Иа и Фира…враќање во хотел.  Ноќевање.

5 ден (13.10.2019) : САНТОРИНИ – ПИРЕА – БИТОЛА
Појадок. По појадокот – одјавување и заминување од хотелот околу 12.00 ч.
Факултативна посета на на најубавата и една од таков вид винарија во Грција – Koutsoyannopoulos Winery – Wine Museum, која датира од 1600-та година и се наоѓа 8 метри под земја (во природна карпа) во должина од 300 метри, поврзана со подземни простории во кој се гледаат (со анимации) презентации за историјата на виното. Во историјата на оваа винарија прикажани се сите 14 генерации на производители на вино, од нејзиниот почеток до денес. По посетата на винаријата околу 14 ч, трансфер до пристаниште, чекирање и сместување на фери. Денско и ноќно пловење према Пиреа.
Пристигнување на пристаниште во Пиреа околу 23:30 часот.
Поаѓање за Македонија. Пристигнување во Битола во раните утрински часови – наредниот ден.

 

ЦЕНА :
11.720,00 ден. (189 €) – редовна цена

 

Во цената Е вклучено :
Автобуски превоз Битола – Пиреа – Санторини – Битола,
3 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Камари,
Бродска Фери карта : Пиреа – Санторини – Пиреа,
Трансфер (пристаниште – хотел – пристаниште (на Санторини),
Организација и реализација на аранжманот
Придружник на патувањето од агенцијата организатор

Во цената НЕ Е вклучено :
Факултативните излети и посети,
Влезниците при посета на културно-историските споменици,
Патничкото осигурување (210,00 денари по лице).

Попусти и доплати :
Доплата за еднокреветна соба  55€/3.410 ден.
Дете до 2 г., плаќа само превоз – 60€/3.720 ден.
Дете до 7 г. не користи кревет во соба со 2 возрасни, плаќа превоз + брод – 130€/8.060 ден.

Факултативи и цени по лице према програмата!
35€ Целодневена екскурзија на островот (превоз + локален водич) – минимум 30 лица
35€ Крстарење со брод (трансфер-брод-водич) – минимум 30 лица
75€ Целодневно крстарење до островот Иос  (водич + разглед на Иос + трансфери!),
18€ Посета на винарија (резервација + превоз + влезница + и дегустација на вино)

Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, условите во хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот, и да ги извести пријавените патници 5 дена пред поаѓањето.
Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
За реализација на овај аранжман, потребен е минимум од 40 платежни патници.
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето!
Организаторот не е надлежен да ја цени исправноста на патните документи.
Цените се по лице, сместување во двокреветни и трикреветни соби
Аражманпт се плаќа исклучиво во денари во агенцијата по курс 1€ = 62,00мкд.
При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот – аванс.
Остатокот од аранжманот се доплатува на 10 дена пред поадаѓање.
Со оваа програма важат Општите услови за патување на Т. А. ТУРИСТ.