TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Сараево

Сараево, БИХ
петок, декември, 6, 2019
4 dena 2 noki
40
€102.00

СВ. КЛИМЕНТ

АВТОБУС
06.12.2019

€102.00
по возрасен

Распродадено

Надминат е бројот на лица

1 ден  (06.12.’19 – петок) : БИТОЛА 
Состанок на групата на Градската Автобуска Станица во 17.30 часот. Поаѓање за Босна и Херцеговина во 18.00 часот. Патот води преку Скопје, Ниш, Лесковац, Чачак…ноќно и денско патување, со попатни одмори.

2 ден  (07.12.’19 – сабота) : САРАЕВО 
Пристигнување во Сараево во попладневните часови, со попатна посета на Мокра Гора и „Дрвениот Град“ на Емир Кустурица, Вишеград – прошетка по надалеку прочуениот мост на Дрина, ремек делото на Мехмед Паша Соколовиќ… Сместување во хотел. Слободно време.
Во вечерните часови – по желба, прошетка низ Баш Чаршија. Ноќевање.

3 ден  (08.12.’19 – недела) : САРАЕВО 
Појадок. По појадокот панорамски разглед на градот со стручен водич…Баш Чаршија, Парламентот, Грбавица, Врело Босне, местото каде е извршен атентатот врз Франц Фердинанд, Олимписките борилишта…враќање во хотелот во касните попладневни часови. Слободно време за индивидуален разглед на градот… Вечерта – факултативна посета на Национален ресторан или во ресторанот на самиот хотел со комплетно мени и програма. Ноќевање.

4 ден  (09.12.’19 – неделa) : САРАЕВО 
Појадок. Одјавување од хотелот, слободно време за шопинг – посета на најголемиот трговски центар ББТ или Баш Чаршија…Планирано поаѓање за Македонија во пладневните часови, патот води Вишеград, Ужице, Краљево…денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори.
Пристигнување во Битола во касните вечерни часови.


Цена: 6.190,00 денари

                                                                      

Во цената Е вклучено
Автобуски превоз на горенаведената релација
Разглед на Сараево со стручен водич
2 ноќевања со појадок во хотел Holywood 4*
Посета на Мокра Гора
Посета на Вишеград
Организација, водство и реализација на аранжманот

Во цената НЕ Е вклучено:
Факултативните излети и посети
Влезниците при посета на културно-историските споменици
Патничко осигурување
Неспомнати услуги
Личен трошок на патникот

Последен рок за пријавување: 01.12.2019 !

Вечера во Национален Ресторан – 20€ по лице.

Хотелот Холивуд  4* (www.hotel-holywood.ba) сместен во центарот на Илиџа, зелената оаза на Сараево, располага со таверна, 4 ресторани, конгресен центар, слаткарница, кафе Холивуд, СПА центар (сауна, турско купатило, солена соба, салони за масажа, фитнес центар, затворен Олимписки базен, куглана, билијар…).
Користењето на базенот и фитнес центарот се БЕСПЛАТНИ за гостите на хотелот.
Бесплатен бежичен интернет е достапен на целата територија на хотелот, купатилата се опремени со џакузи када или хидромасажен столб, фен…сите 418 луксузно опремени соби и апартмани се исклучително пространи и вкусно наместени, со сателитска и локална телевизија…

НАЧИНИ НА ПЛАЌАЊЕ:

Авас 30% од објавената цена, остатокот во рок од 15 дена пред поаѓање.

ВАЖНИ ЗАБЕЛЕШКИ, НАПОМЕНИ:

За реализација на аранжманот потребен е минимален број 44 платежни патници.
Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 20-30 лица( во зависност од факултативата).
Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. нешта агенцијата не сноси одговорност.
Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци.
Седиштата во автобусот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот.
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Организаторот на патувањето НЕ  Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.
Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност
Со важност се и се применуваат Општите услови за патување на Турист