TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Солун-Паралија-Метеори 🚌

1 ден 05.03,2022 (сабота)       Битола – Солун – Паралија
Состанок на групата на паркингот Спортска сала во 06:30 часот.
Поаѓање за Грција во 07:00 ч.  Пристигнување во Солун и панорамски разглед на градот:
Виа Игнатиа, Црквата Св. Димитрија со познатите мермерни капители и прекрасни мозаици од 7 век, Римскиот форум, црквите Ротонда и Св.Софија, плоштадот Аристотелис и Белата Кула, Археолошкиот и Византискиот музеј…Слободно време за шопинг по најпознатите шопинг улици, Тсимиски и Егнатиа, или посета на шопинг центар “One Salonica“. Патувањето продолжува кон Паралиа, пристигнување  во вечерните часови. Сместување во хотел во Паралија. Навечер можност за дочек на Новата година факултативно со вечера во грчка таверна, со богато мени и музика или на плоштад Ноќевање 1.

2 ден 06.03.2022  (недела)         МЕТЕОРИ
Појадок. Целодневен факултативен излет до манастирите Метеори, со посета на еден од многуте средновековни манастири изградени на високи камени карпи над гратчето Каламбака. Единствената местоположба на оваа монашка заедница, ни овозможува ретко каде да ја почуствуваме силната посветеност кон бога, на монасите и испосниците кои низ вековите во Метеори ја пронаоѓале својата цел.  Во попладневните часови заминување кон Битола  Пристигнување во Битола во вечерните часови.

Цена на аранжманот: 49 € (3,038,oo мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено:
Превоз со туристички автбус на наведената релација
Сместување во хотел со *** , 1 ноќевање со појадок
Организирани разгледи на Солун и Метеори
Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
Влезници за културно историски знаменитости
Свечена вечера во таверна  15€
Доплата за посета на  Метеори 10€
Патничко осигурување

Ковид мерки за влез во Грција и Македонија
* Патникот треба да поседува еден од следните документи:
– Валиден сертификат за целосна вакцинација добиен од здравстевните органи по втората вакцина, по која треба да бидат поминати минимум 14 дена.
– Доколку не е вакциниран патникот треба  да поседува негативен ПЦР или брз антигенски тест, не постар од 72 часа, односно 48 часа.
– Патниците треба да го пополнат онлајн дигиталниот формулар за локализација на патниците (PLF формулар) на веб страницата  https://travel.gov.gr/#/ и истиот да се прикаже на сите овластени лица кои тоа ќе го побараат, во дигитална форма на смартфон или отпечатен на хартија.
– За влез во Македонија невакцинираните патници ќе треба  да поседуваат негативен ПЦР или брз антигенски тест, не постар од 72 часа, односно 48 часа.

Авас 30% од објавената цена, остатокот во рок од 15 дена пред поаѓање.

ВАЖНИ ЗАБЕЛЕШКИ, НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот потребен е минимален број 46 платежни патници.
– Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 15 дена пред датата на патувањето.
Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. нешта агенцијата не сноси одговорност.
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 35 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже.
– Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци.
– Седиштата во автобусот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот. (нема можност за измена)
– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
– Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
– Организаторот на патувањето НЕ  Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
– Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.
– Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
– За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност
– Со важност се и се применуваат Општите услови за патување на Турист