TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Ќустендил 🚌

1 ден Битола-Прилеп-Дреново-Велес-Скопје-Куманово
Поаѓање од Битола во 05;00 часот, попатно Прилеп, Дреново, Велес, Скопје, Куманово.
Попатни одмори, царински формалности.Пристигнување во Ќустендеил.
Сместување во хотелот во време определено од хотелот.
Слободно време за користење СПА услуги, надворешен минерален базен.
Ноќевање
2 ден Ќустендил
Појадок. Слободен ден за релаксација, прошетки, услуги во СПА центарот, базенот…
Ноќевање.
3 ден Ќустендил-Дупница-Сапарева бања-Ќустендил
Појадок. Факултативно прошетка и посета на Дупница и Сапарева бања (минимум 20 лица)
или користење на услугите во хотелот, прошетка и разглед на Ќустендил.
Ноќевање
4 ден Ќустендил-Македонија
Појадок. Користење на услуги во хотелот до 11;00 часот. Напуштање на собите и заминување за Македонија. Попатно Куманово, Скопје, Велес, Дреново, Прилеп, Битола.
Крај на програмата.

Цена по лице во двокреветна соба: 9.100 денари

Отплата на 3, 6 или 12 рати со кредина картичка на Халк банка ( без камата )

Доплати, попусти:
Цена за еднокреветна соба 11.000 денари
Дете до 6 години = 2.000 денари (спие се родител+седиште)
Дете 6-12 години = 7.600 денари ( доп.легло + седиште)
Цена за сопствен превоз -600 денари по лице

Во цената Е вклучено:
3 ноќевања со појадок во хотел 4*
Превоз со туристички автобус
Пратител од агенцијата
Користење надворешен минерален базен
Користење СПА ценатар (сауна, парна бања, џакузи)
Безжичен интернет
Паркинг
Разглед на Ќустендил ( пешки )
Организација на аранжманот
Реализација на патувањето

Во цената НЕ Е вклучено:
Патничко осигурување ( задолжително е да се има )
Факултативно Дупница и Сапарева бања
Факултативни влезници при посета на локалитетите
Индивидуални трошоци на патниците

 

Град со околу 100 000 жители, со пријатна клима, прекрасен парк во центарот на градот…..
Во областа Ќустендил има многу извори со топла минерална вода, а најпознати се во Сапарева Бања (најтопли во континентална Европа), и во селата Невестино и Четирци.

Градот Ќустендил се наоѓа во Ќустендилската рамнина во Југозападна Бугарија. Неговата просечна надморска височина е 482 метри надморска височина и опкружен е со Осогово планина на југозапад и планина Коњаво на североисток.

Растојанието помеѓу Ќустендил и главниот град Софија е само 87 километри. Најпрометниот и најкраткиот пат што ги поврзува Ќустендил и Софија е автопатот 871, кој минува низ градовите Радомир и Перник. Доколку влезете во Бугарија од Македонија на автопатот Скопие-Софија Е 871, ќе поминете преку граничниот пункт во Гуешево, на само 19 километри од Ќустендил

 

Се наоѓа на северната падина на планината Рила во југозападна Бугарија, на само два часа возење од главниот град Софија. Општината ги содржи популарните туристички дестинации на Седумте Рилски езера и резерватот и водопадот Скакавица. Како и административниот центар Сапарева Бања, 15 километри источно од Дупница.

Сапарева Бања се гордее со студената планинска вода и со лековитите геотермални минерални води. Минералната вода е главно сулфурна со значителни нивоа на железо, калциум и манган и е најжешката минерална вода на Балканот и го произведува единствениот активен гејзер.
Гејзерот се користени како извор на геотермално греење за општинските згради и оранжериите.

  1.  За реализација на аранжманот потребен е минимален број 34 платежни патници.
  2. Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
  3.  Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 20-30 лица
    (во зависност од факултативата).

    4.   Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. нешта агенцијата не сноси одговорност.

    5.   Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци.

    6.   Седиштата во автобусот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот.

    7.   Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.

    8.  Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

    9.  Организаторот на патувањето НЕ Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.

    10.  Аражманот се плаќа исклучиво во денари

    11.   Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.

    12.  За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност

    13.  Со важност се и се применуваат Општите услови за патување на Турист

    14.  Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата

    15.  Поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.

    16.  Патниците кои имаат за цел да посетат одредени знаменитости, надвор од програмата ги советуваме да се информираат за работното време за истите.

    17.  Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.

    18.  Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од tax free.

    19.  Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза.

    20.  Агенцијата не сноси одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ или Турција.

    21.  Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.

    22.  Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешни податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.

    23.  Патниците се должни да внимаваат на валидноста на пасошот, за влез во ЕУ и Турција, пасошот треба да е минимум до 6 месеци пред истекување…

    24.  Агенцијата не сноси одговорност доколку настане проблем на самата гранница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.

    25.  Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.

    26.  Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување-кое е задолжително.

    27.  Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот по 14;00 часот.

    28. Рокот за пријава и резервација зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.

    29. Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сноси одговорност, целокупниот износ на штетата ја сноси патникот.

    30.  Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.

    31.  Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената