TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Венеција-Фиренца-Верона 🚌

15% Попуст

1 ден (10.10.’18 – среда) : БИТОЛА
Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 10.00 часот. Поаѓање за Италија во 10.30 часот. Патот води преку Табановце, Ниш, Белград, Загреб…денско и ноќно патување – со кратки попатни одмори.

2 ден (11.10.’18 – четврток) : ПУНТА САБИОНИ–ВЕНЕЦИЈА–ЛИДО Ди ЈЕСОЛО
Пристигнување во Пунта Сабиони во утрински часови – трансфер до траектот и превоз со брод до Венеција. Разглед на градот со стручен водич…Дуждевата Палата, мостот Риалто, плоштадот со црквата Сан Марко, мостот на воздишките, каналот Гранде…враќање со брод до Пунта Сабиони и сместување во хотел во попладневните часови.  Слободно време за одмор или индивидуален разглед на едно од најголемите Италијански летувалишта…Ноќевање.

3 ден (12.10.’18 – петок) : ФИРЕНЦА
Појадок. По појадокот – слободен ден или факултативен целодневен излет за лулката на ренесансата и еден од најбајковитите градови во Италија и светот…разглед на градот – плоштадот Сињори, куќата на фамилијата Медичи, Академијата со надалеку познатата скулптура на Микеланџело – Давид, Палатата Векио, крстилницата Сан Џовани, прекрасната катедрала Дуомо, мостот Понте Векио, галеријата Уфици…планирано враќање во Лидо Ди Јесоло во вечерните часови. Ноќевање.

4 ден (13.10.’18 – сабота) : ВЕРОНА – ЛАГО Ди ГАРДА
Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и поаѓање за Лаго Ди Гарда… Разглед на живописниот град Sirmione кој на необично формираниот полуостров длабоко навлегува во езерото. Градот го карактеризира старата тврдина од XIII век Scaligera, како и тесните улици, новиот дел на градот е права оаза од преубави мали куќи и типични населби со комплетна содржина. Околу пладне – поаѓање за Верона…разглед на градот…плоштадите Бра и Ербе, Арената, Стариот град, куќата на Јулија…Планирано поаѓање за Македонија околу 17.00 часот, со попатна посета на ТЦ ПАЛМАНОВА или некој друг трговски центар…Ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори.

5 ден (14.10.’18 – недела) : МАКЕДОНИЈА
Пристигнување во Македонија предпладне, во Битола во пладневните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ :  7.490,00 ден.

6.990,00 ден. (за уплата до 15.09.2018)  

 

Во цената на аранжманот Е вклучено:
Автобуски превоз на горенаведената релација,
– Посета на Верона,
– 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Лидо Ди Јесоло,
– Разглед на Венеција со стручен водич,
– Организација, водство и реализација на аранжманот.

 

Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:
Факултативните излети и посети,
– Влезници за посета на културно-историските споменици,
– Патничкото осигурување (180,00 денари по лице).

– Повратен билет за бродот кој води за Венеција (Punta Sabioni) – 25 € по лице,
– Факултативна посета и разглед на Фиренца – 45 € (превоз+стручен водич… минимум 25 лица).

ПОСЛЕДЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ : 05.10.2018 !!!

 НАЧИНИ НА ПЛАЌАЊЕ:

Авас 30% од објавената цена, остатокот во рок од 15 дена пред поаѓање.

 

ВАЖНИ ЗАБЕЛЕШКИ, НАПОМЕНИ:

• За реализација на аранжманот потребен е минимален број 40 платежни патници.
• Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
• Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 20-30 лица( во зависност од факултативата).
 Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. нешта агенцијата не сноси одговорност.
•  Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци.
•  Седиштата во автобусот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот.
•  Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
•  Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
•  Организаторот на патувањето НЕ  Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
•  Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.
•  Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
•  За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност
•  Со важност се и се применуваат Општите услови за патување на Турист