Програма
1 ден 19март СКОПЈЕ – ПАРИЗ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 15.30 часот. Полетување за Париз во 18.10 и пристигнување во Париз во 21.10 часот. Организиран трансфер од аеродромот до хотелот. Сместување во хотел. Слободна вечер. Ноќевање.
2 ден 20март ПАРИЗ – Лувр
Појадок. Панорамски разглед на Париз: Големите булевари, мостовите на Сена, плоштадот Конкорд, Елисејските полиња, Триумфалната Капија, плоштадот Вандом, Операта Гарние, плоштадите Република и Бастиља, Латинскиот кварт, Универзитетот Сорбона, паркот Луксембург… Организирана посета на еден од најбогатите светски музеи – импресивниот Лувр, резиденција на француските кралеви, се до нивното преселување во дворецот Версај (превоз со метро). Посета на најпознатата светска колекција на уметнички дела, меѓу кои и Да Винчиевата славна Мона Лиза, античката скулптура Венера Милоска и сплавот на медузите… Препорачуваме романтично крстарење со брод по Сена, под 24-те париски мостови со прекрасен поглед кон знаменитостите од друга перспектива. Ноќевање.
3 ден 21март ПАРИЗ – Версај
Појадок. Факултативна посета на ремек делото на францускиот класицизам, величенствениот дворец Версај, една од најлуксузните кралски палати во Европа. Прошетка по кралските апартмани, прочуената сала со огледала, прекрасните градини на “Кралот на Сонцето” Луј XIV, многубројните фонтани, скулптури и прекрасни фигури од зеленило…. Во попладневните часови, посета на Ајфеловата Кула и можност за уживање во панорамската глетка кон Париз од третиот кат (со метро). Ноќевање.
4 ден 22март ПАРИЗ – СКОПЈЕ
Појадок. Посета на Катедралата Нотр Дам, во најстариот дел од Париз. Продолжуваме кон модерниот бизнис центар Дефанс, пршетка до квартот Сан Мишел и живописниот Латински кварт. Прошетка до плоштадот на уметниците Монмартр и Базиликата Sacre Couer која Парижани ја нарекуваат “белата гулабица”. Одиме до квартот Пигал, познат по бројните кабареа, меѓу кои и светски познатиот Mouline Rouge. Организиран трансфер до аеродромот. Полетување за Скопје во 21.45, пристигнување во 00.25 часот.
Цена 359 евра (22.260 денари) за рана уплата 15.02.2022
Редовна цена 429 евра (26.600 денари) на аранжманот:
Во цената Е вклучено:
Авионски превоз на релација Скопје – Париз – Скопје
Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20см)
Организирани трансфери во Париз со автобус на релација аеродром – хотел – аеродром
Сместување во Хотел 3* во Париз на база 3 ноќевања со појадок
Оганизиран разглед на Париз
Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената НЕ Е вклучено:
Аеродромски такси 4.960 денари
Голема кабинска торба (димензии 55х45х25см) 300 ден. чекиран багаж: 1 куфер до 10кг = 3.100 ден / 20кг = 4.250 ден
Туристичка такса 560 мкд – се плаќа во агенција
Посета на Версај евра (вклучена влезница, резервација при уплата на аранжманот)
Карти за јавен превоз (метро)
Влезница за Ајфелова Кула до 2кат евра,
Крстарење со брод по Сена евра
Посета на Лувр (вклучена влезница, резервација при уплата на аранжманот) евра
Патничко-здравствено осигурување
Факултативи
Факултативно крстарење по Сена (15€)
Факултативна посета на Лувр, водич и влезница (45€)
Версај, превоз+водич+влезница: (65€) *резервација и уплата при продажба
Услови
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
За ова патување потребен е валиден пасош, минимум 6 месеци од денот на враќањето
Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 62,00 денари.
За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ.
За уплати на “early booking” потребна е уплата 50% од вкупната сума на аранжманот.
Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање.
При резервација задолжително изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот, како би можела агенцијата навремено да направи и потврди резервации за истите.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање, доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
За патувањето потребно е да се поседува: сертификат за примени 2 дози (со поминати 14 дена од втората) и ПЦР тест.
Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се да ги приложат во агенцијата за проверка, патната исправа треба да е валидна минимум 6месеци по завршувањето на аранжманот.
За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ и ТУРИСТ
Париз
Париз “градот на светлината” со право го носи овој епитет. Со својата единствена архитектура, големите плоштади и старите знаменитости претставува еден од најкомплетните градови на cветот.
Градот на модата, француските револуции, богат со историја и култура. На секое споменување на неговото име, никој не останува рамнодушен. Просто е невозможно да не се заљубите во овој град, каде преовладува стилот, каде рестораните и ноќниот живот ветуваат уживање. Во лето, може да прошетате покрај Сена, да се напиете кафе во некоја од кафетериите по должина на обалата или едноставно да прошетате низ некој од бројните паркови. Во есен, брзата прошетка од Ајфеловата Кула преку Марсовите полиња се’ до Елисејските полиња, претставува вистинско задоволство. Во зимските ноќи пак, загрејте се лизгајќи по замрзнатото лизгалиште под ведро небо, a во пролет, почувствувајте ја магијата на воздухот со посета на Версајските градини, кои ќе Ве опијат со своите мириси. Без разлика на тоа колку долго ќе трае Вашата посета на овој град, во моментот на заминување ќе знаете со сигурност дека еден ден повторно патот ќе Ве доведе токму тука, во “градот на светлината”.