TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Сараево-Високо-Мостар 🚌

1 ден (28.04.’22 – четврток) : БИТОЛА
Состанок на групата на Градската Автобуска Станица во 16.00 часот. Поаѓање за Босна и Херцеговина во 16.30 часот. Патот води преку Скопје, Ниш, Лесковац, Чачак…ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори.

2 ден (29.04.’22 – петок) : САРАЕВО
Пристигнување во Сараево во утринските часови…комбинирана (панорамско – пешачка) тура, разглед на градот со стручен водич…изворот на реката Босна (Врело Босне), кој денес е претворен во еден прекрасен амбиентален парк, Грбавица, Олимписките борилишта, Парламентот (Вјечница) каде слегуваме од автобус и продолжуваме пеш низ Баш Чаршија, со посета на Себиљ, питорескните улички Казанџилук, Кујунџилук…посета на Гази Хусреф – Беговата Џамија, Еврејската Синагога, Латинскиот мост (местото каде е извршен атентатот врз Франц Фердинанд), католичката катедрала „Срце Исусово“, како и најстарата Православна Црква „Св.Архангел Михаил и Гаврил“…кратко слободно време за индивидуален разглед на градот…сместување во хотел. Слободно време. Во вечерните часови – по желба, прошетка низ Баш Чаршија. Tesla Pub, Deco bar, HS pivnica Ве очекуваат… Ноќевање.

3 ден  (30.04.’22 – сабота) : САРАЕВО – ВИСОКО
Појадок. По појадокот – слободно време за индивидуален разглед на градот, или факултативна посета на малото градче Високо, каде се крие една од најновите туристички и научни атракции, а тоа се 5-те Босански пирамиди (пирамида на Сонцето, Месечината, пирамида на мајката Земја, пирамидата на Змејот и пирамидата на Љубовта)…најпознатата – Босанската „Пирамида на Сонцето“ е наша цел на посета, која е (научно докажано) највисока во светот…излетот продолжува кон познатиот „Тунел Спаса“, каде ќе се запознаете со еден исечок од Граѓанската војна во БиХ…враќање во хотелот во попладневните часови. Вечерта – факултативна посета на Национален Ресторан. Ноќевање.

4 ден  (01.05.’22 – недела) : САРАЕВО – КОЊИЦ – ЈАБЛАНИЦА – МОСТАР
ПојадокПо појадокот – слободно време за индивидуален разглед на градот, или Ви нудиме факултативен полудневен излет по долината на Неретва, посета на Коњиц и Титовиот бункер – познат и како АВК (Атомска Воена Команда), направен да го заштити Југословенскиот Претседател, како и 350 негови најблиски соработници од евентуален нуклеарен напад…АВК е атомско засолниште и е еден од најголемите подземни објекти направени во бившата држава…патувањето продолжува за Мостар – најважниот град во Херцеговина…посета на старата чаршија, Камениот мост (16.век) – ремек-делото на Мимар Хајрудин, кулите Тара и Хелебија, Караѓоз-беговата џамија…слободно време за одмор, или индивидуален разглед на градот…поаѓање за Сараево, со попатна посета на Јабланица – можност за ручек во некој од рестораните покрај магистралата, со преубав поглед на Неретва…враќање во хотел во касните попладневни часови. Ноќевање.

5 ден (02.05.’22 – понеделник) : САРАЕВО – ВИШЕГРАД – МЕЧАВНИК (ДРВЕНГРАД) – БИТОЛА
Појадок.По појадокот – одјавување од хотелот. Поаѓање за Македонија, со попатна посета на Вишеград, посета на култниот мост овековечен во делото на Иво Андриќ „На Дрини Чуприја“, амбиенталната целина „Каменград“ со статуата на Нобеловецот во средина. Можност за кратко крстарење по Дрина, пропратено со кратка историја за мостот и Вишеград воопшто…по царинските формалности на г.п.Котроман посета на етно-селото на Емир Кустурица – „Дрвенград“…слободно време за разглед на овој локалитет, кој вреди да се доживее…патот продолжува преку Ужице, Ниш…пристигнување во Македонија во раните утрински часови – наредниот ден.

Цена:    7.380,00 денари (119 €) – за целосна уплата до 02.04.2022                                                Редовна цена 8.370,00 ден. (135 €) 

Во ценат Е вклучено:
Автобуски превоз на горенаведената релација;
Разглед на Сараево со стручен водич;
3 ноќевања со појадок (шведска маса) во Сараево хотел со 4*;
Посета на Мечавник (Дрвенград),
Посета на Вишеград,
Организирани ТРАНСФЕРИ на патници од Струга, Охрид, Ресен, Прилеп, Велес, Скопје и Куманово,
Организација, водство и реализација на аранжманот.

Во цената НЕ Е вклучено:
Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно-историските споменици;
Посета на “Тунел Спаса“ и Босанската “Пирамида на Сонцето“ 25 € по лице (трансфер+влезници за двата локалитети),
Полудневен излет по долината на реката Неретва (Коњиц – Мостар – Јабланица) 30 € по лице (трансфер+влезница за бункерот);
Патничкото осигурување (160,00 ден. по лице);
Вечера во Национален Ресторан (a la-carte),
Влезница за Дрвенград – 2 € по лице;
Влезница за „Врело Босне“ – 1 € по лице;
Напомена: за изведување на факултативните излети по овие цени потребен е минимум од 30 патници.

ТУНЕЛОТ НА СПАСОТ :
За време на граѓанска војна во БиХ, Сараево беше опседнато од агресорските сили вкупно 44 месеци (околу 1320 денови), почнувајќи од 5.Април 1992 година, па се до 29.Февруари 1996 година. Главниот град беше во потполна комуникациска, војна и економска блокада, па поради тоа се појави потреба за изнајдување на алтернативни решенија за дотур на храна и други потрепштини – потребни за каков-таков живот на граѓаните на Сараево. Едно од тие алтернативни решенија беше и прокопувањето на овој тунел, кој не може баш и да се каже дека е прав тунел, со оглед на неговите димензии (должина – 800 м.; висина – 1,6 м. и ширина 1 м.), меѓутоа со текот на времето, се покажа дека покрај аеродромот на кој беше дозволено да слетуваат само хуманитарните авиони од целиот свет, овој тунел беше единствената врска на Сараево со внатрешноста на БиХ….Вкупно се ископани околу 2.800 м3 (кубни метри) земја. Инсталирани се околу 170 м3 дрва и околу 45 тони метал. Целиот инсталиран материјал беше транспортиран рачно од магацинот до местото за инсталација, на просечно растојание од 500 метри. Ископаниот материјал бил пренесен со колички на просечно транспортно растојание од 200 метри. Вкупната количина на вакви транспортирани материјали беше приближно 3.500 тони. За целата работа, од почетокот на изградбата до пробивот на тунелот, беа потрошени околу 56.000 часа ефективна работа на сите учесници во изградбата. За потребите на армијата, во градот биле внесени 36.705 кг медицински материјали, 549.326 кг воена опрема и 3.930.428 кг разни материјално-технички средства.

БОСАНСКАТА “ПИРАМИДА на СОНЦЕТО“
Босанската пирамида на сонцето е најголемата пирамида во светот со висина поголема од 220 метри. Има правилна геометрија на пирамида со три добро сочувани страни: север, исток и запад. Пирамидата е покриена со бетонски блокови кои, според анализите на институтите за материјали на Босна и Херцеговина (2006, 2007 и 2008 година) и италијански (2009 година), се супериорни во однос на современите бетони во однос на високата цврстина на притисок и малата апсорпција на вода. Според мерењата на Геодетскиот орган на БиХ (2006), ориентацијата на северната страна кон космичкиот север има минимално отстапување помало од еден степен. Наклонот на страните кон основата е 45 степени. Истражувањето на георадар од страна на германски геофизичари (2007) го потврди постоењето на внатрешни пасуси во пирамидата. Хрватските физичари (2010 г.) откриле постоење на енергетски зрак со радиус од 4,5 метри што минува низ самиот врв на пирамидата, а италијански и фински експерти (2011 г.) го забележале феноменот на ултразвук и на врвот на пирамидата. Сенката на босанската пирамида на сонцето во текот на летните месеци ја покрива босанската пирамида на Месечината пред зајдисонцето, покажувајќи јасна астрономска врска помеѓу двете пирамиди. Пирамидата е покриена со наслаги на земја и вегетација слични на стотици пирамиди во Кина, Мексико или Гватемала. Федералниот институт за педологија ја процени староста на мантијата на Земјата на 12 000 години, со што босанската пирамида на сонцето стана најстарата пирамида на планетата. Откривањето на пирамидата, како и нејзината енергија и астрономски појави, се магнет за туристите од целиот свет.

АТОМСКИОТ БУНКЕР на ТИТО во КОЊИЦ
Атомската Војна Команда, позната и како АВК или бункер на Тито, е поранешен нуклеарен бункер и воен команден центар лоциран во близина на градот Коњиц во Босна и Херцеговина. Наменет за заштита на југословенскиот претседател Јосип Броз Тито и до 350 членови на неговиот потесен круг во случај на нуклеарен конфликт. Структурата се состои од станбени области, конференциски сали, канцеларии и други области. Бункерот остана државна тајна сè до распадот на Југославија во 90-тите години на минатиот век. Изградена меѓу 1953 и 1979 година во рид во подножјето на планината Златар, АВК е најголемото атомско засолниште и еден од најголемите подземни објекти некогаш изградени во поранешна Југославија. Повеќе од десет години по нејзиното завршување, таа беше најтајната воена инсталација во земјата. Сите градежни работници беа внимателно избрани и проверени, потпишаа договор за молчење, а сите членови на персоналот поминаа највисока безбедносна проверка. Во 1979 година, работата беше завршена по 26 години и беа потрошени 4,6 милијарди долари за трошоци за изградба.

За изведување на овој аранжман – потребен е минимум од 40 патници.
За евентуален отказ на овој аранжман – патниците ќе бидат известени најкасно 5 дена пред денот на поаѓање.
Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи.
Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.
Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди,
УПЛАТЕНИТЕ СРЕДСТВА ЌЕ БИДАТ ВРАТЕНИ НА КЛИЕНТОТ
Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
Агенцијата го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата (застој во сообраќај, локални штрајкови, локали предупредувања, каснење на патници, непочитување на сатница закажана однапред од страна на агенцијата.

Начин на плаќање:
Авас 30% од објавената цена, остатокот во рок од 15 дена пред поаѓање.
ВАЖНИ ЗАБЕЛЕШКИ, НАПОМЕНИ
За деца со полни 12 години се плаќа цела сума.
Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за два правци и право на избор на седиште.
Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. нешта агенцијата не сноси одговорност.
Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци.
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Организаторот на патувањето НЕ  Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.
За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност
Со важност се и се применуваат Општите услови за патување на Турист