TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Турција 9 дена 🚌

Кушадаси -Памук Кале-Мармарис-Островот на Клеопатра-Островот на желките-Саримсакли- Островот Џунда-Ѓаволската трпеза

(09.06.2022-17.06.2022)

Комплетна програма со 7 ноќевања без никакви доплати:
5 All Inclusive + 2 полупансиони + 3 ручеци

Прв ден: 09.06.2022 (четврток)- Кавадарци-Скопје-Едрене-Чанак Кале
Организиран трансфер од до Битола Кавадарци Битола
Во 12.00 часот заминување на групата од Кавадарци и во 14.00 часот од Скопје кон Турција.
Ноќно возење преку Република Бугарија со попатни застанувања и одмори.
Во утринските часови пристигнување во Галиполе и преминување на Дарданелите.
Пристигнување во Азискиот дел на Турција, во Чанак Кале.
Втор ден: 10.06.2022 (петок)- Чанак Кале-Кушадаси
Краток одмор од патувањето и панорамско разгледување на Чанак Кале со фото пауза пред макетата на коњот користен во текот на снимањето на филмот Троја. Продолжување на патувањето покрај планината Ида и Бергамо кон Кушадаси. Во попладневните часови пристигнување во Кушадаси. Сместување во хотелот„Dabaklar“ 4****во центарот на градот (http://www.dabaklarhotel.com/). Слободно време за одмор од патувањето и за индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.
Трет ден: 11.06.2022 (сабота)- Кушадаси-Памук Кале
Појадок. Одјавување од хотелот и заминување на групата кон Памук Кале со попатнапосета на хотелскиот комплекс со термални извори „Пам“. Единствена можност за мачкање со лековита кал и користење на базените со термална вода. Ручек на богата шведска маса. По ова несекојдневно доживување,организирана посета на единствениот природен феномен во светот-Памук Кале, античкиот Хиераполис иизворот на Клеопатра. Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови сместување на групата во „Herakles“ 3 *** во селото Karahayit, првиот термален хотел во Памук Кале лиценциран од Министерството за здравство на Турција (http://www.heraklestermal.com.tr/). Хотелот располага со надворешен базен и со спа центар во кој внатрешниот базен има лековита термална вода, а во бањата во секоја хотелска соба има минерална вода. Слободно време за одмор и релаксација. Вечера. Можност да прошетате низ центарот на селото и да го почувствувате автентичниот турски амбиент. Ноќевање.
Четврти ден:12.06.2022 (недела)- Памук Кале-Мармарис
Појадок. Одјавување од хотелот и заминување на групата кон преубавиот Мармарис, градот распослан на местото каде се спојуваат Егејското и Средоземното Море, едно од најпознатите турски летувалишта. По пристигнувањето следи панорамски разглед на градот, а потоа сместување на групата во хотелот „Blue Bay Platinum“ 5***** (http://www.bluebayplatinum.com/). Слободно попладне за индивидуални активности и за уживање во хотелскиот комплекс кој се наоѓа во непосредна близина на морскиот брег. Слободен ден за уживање во содржините на хотелот (услугата во хотелот е на принцип се` вклучено- All Inclusive). Ноќевање.
Петти ден: 13.06.2022 (понеделник)- Мармарис-Островот на Клеопатра
Појадок. Заминуваме на целодневна организирана посета на островот Седир, познат како островот на Клеопатра, рајско парче на земјата заштитено од Министерството за култура на Турција како национално богатство. Легендата вели дека сакајќи со уникатен венчален подарок да ја израдува Клеопатра откако се согласила да се омажи за него, римскиот војсководец Марко Антониј наредил на островот да бидат донесени 60 бродови песок од Египет. Овој уникатен песок постои само на две места во светот и има интересни карактеристики: песокот гори на оган, во минерална вода се зголемува и се движи доколку се набљудува под лупа. Слободно време за уживање во прекрасната морска вода во заливот во кој пред илјадници години се бањала египетската кралица Клеопатра. Организиран ручек на бродот кој за време на пловидбата застанува за пливање и фотографирање на најубавите заливи на Мармарис. Во попладневните часови враќање назад во Мармарис. Вечера во хотелот. Ноќевање.
Шести ден: 14.06.2022 (вторник)- Мармарис-Островот на желките-реката Даљан
Појадок. По појадокот заминување на групата кон градот Даљан од каде ја започнуваме нашата авантура по истоимената река. Слободно време за плажа на Островот на желките каде секоја пролет големите желки доаѓаат и ги закопуваат јајцата во песокот на местото каде последниот дел од реката Даљан се влива во морето. По организираниот ручек, ова необично патување го продолжуваме со пловидба со чамципо реката Даљан до калните бањи кои, според потврдените податоци по квалитет се веднаш после калните бањи во Индонезија. Се верува дека калта е лековита и поволно делува кај луѓето кои имаат проблем со ревматизам, лумбаго и кожни болести. Посебно доживување на ова крстарење еглетката кон остатоците од античкото археолошко наоѓалиште Kaunos , како и ликијските кралски гробници од IV-II век пред нашата ера во хелинистички стил, издлабени високо во околните карпи. Во попладневните часови враќање во Мармарис и во хотелот, побогати со уште едно ново возбудливо доживување. Вечера. Ноќевање.
Седми ден: 15.06.2022 (среда)- Мармарис-Саримсакли
Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон Саримсакли, приморски град на самиот брег на Егејското Море. Она што е посебно карактеристично за ова туристичко место се исклучително добрите климатски услови – по препорака на Светската Здравствена Организација градот се наоѓа на првото место во Европа и второ во светот по лечење на дишните органи кај децата и возрасните. Со само 0,5 % влажност во воздухот, Саримсакли припаѓа на таканаречените воздушни бањи. Сместување во „Mushohotel“ 4**** (https://www.mushootel.com/) на самиот морски брег. Вечера. Ноќевање.
Осми ден: 16.06.2022 (четврток)- Саримсакли-Островот Џунда-Ѓаволска трпеза
Појадок. Слободен ден за уживање во содржините на хотелот (услугата во овој хотел е на принцип се` вклучено- All Inclusive). Во попладневните часови заминуваменаорганизирана посета на островот Џунда кој од 1963 година е поврзан со градот и е претворен во полуостров. Потоа се упатуваме кон пределот наречен Ѓаволска трпеза, од чиј врв се простира прекрасна панорама на целиот залив, градот, околните острови, шуми… Од тука ќе уживаме во прекрасниот залез на сонцето кој многумина го сметаат за најубав на светот. Во вечерните часови враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.
Девети ден: 17.06.2022 (петок)- Саримсакли-Ајвалик-Чанак Кале-Скопје-Кавадарци
Појадок. Слободно претпладне за плажа и индивидуални прошетки. Ручек. Во договореното време се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон Ајвалик, градот што го карактеризираат мали медитерански тесни улици со живописни ресторани и дуќани. Немојте да се изненадите доколку низ улиците слушнете како се зборува на грчки јазик; градот со години бил под влијание и на Грција и на Турција, за конечно во 1922 година да и` припадне на Турција. Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови заминување кон Македонија преку протокот Дарданели. Ноќно возење преку РепубликаБугарија со попатни застанувања и одмори.Пристигнувањево Македонија во пладневните часови во сабота, на 18. јуни.

  

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………489 евра (30.320 денари)
(плаќање во денарска противвредност)

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
Превоз со туристички автобус на наведената релација
1 полупансион во хотел „Dabaklar“ 4**** во Кушадаси
1 полупансион во хотелот „Herakles“ 3 *** во Karahayit (Памук Кале)
3 ALL Inclusive (се` вклучено) во хотелот „Blue Bay Platinum“ 5*****во Мармарис
3 ALL Inclusive (се` вклучено) во хотелот„Mushohotel“ 4****во Саримсакли
Организирана посета на Памук Кале со вклучена влезница, користење на калните бањи и базените со термална вода во хотел „Пам“ и ручек на шведска маса
Целодневен излет со брод до островот на Клеопатра со вклучен ручек на бродот
Крстарење со чамципо реката Даљан со вклучен ручек
Организирана посета на островот Џунда и Ѓаволската трпеза
Лиценциран локален туристички водич
Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето

Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:
Доплата за еднокреветна соба – 180 евра
Патничко осигурување
Неспомнати услуги

Услови за деца:
До 4 год. бесплатно.
За деца од 4-12 год. (во придружба на две возрасни лица) се плаќа 70 % од аранжманот

Патувањето е транзит преку Република Бугарија
Многу изненадувања ќе открие ова патување! Егејското и Средоземното Море ќе Ве милуваат со својата медитеранска клима… Ќе зачекорите на памучните карпи на Памук Кале, ќе уживате во раскошниот колорит низ улиците на Кушадаси…
Приморскиот град Мармарис, некогашното заспано рибарско село ќе Ви посака добредојде на Медитеранскиот Брег… Ќе се восхитувате на неверојатната убавина на островот Седир каде илјадници години порано египетската кралица Клеопатра и римскиот војсководец Марко Антониј поминале среќни моменти од нивната љубов … Ако имаме среќа ќе ги видиме огромните желки кои доаѓаат да ги положат своите јајца на песочната плажа кај реката Даљан, од таму ќе се упатиме кон калните бањи да го почувствуваме нивниоит благодет… Попатно ќе ги видиме ликијските кралски гробници издлабени високо во карпите… И на крај, ќе го испиеме кафето на островот Џунда и од Ѓаволската трпеза ќе уживаме во прекрасниот залез на сонцето!

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 платежни патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмат.

Цените се по лице за сместување во двокреветни соби.
За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ.

Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.

За уплати на “early booking” потребна е уплата 50% од вкупната сума на аранжманот.
Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање.
При резервација задолжително изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот, како би можела агенцијата навремено да направи и потврди резервации за истите.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање..
Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се да ги приложат во агенцијата за проверка, патната исправа треба да е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот.
За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА ТУРИСТ и СКТМ