TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Братислава-Будимпешта 🚌

Прв ден – среда (29.12.2021) СКОПЈЕ-БРАТИСЛАВА
Состанок со групата на Дрводекор  во 18.00 часот, тргнување  во 18:30 часот. Ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи

Втор ден – четврток (30.12.2021) БРАТИСЛАВА
По пристигнувањето веднаш се упатуваме на разглед на Словачката престолнина Братислава. Разглед на старото градско јадро, средновековниот главен плоштад со Роландовата фонтана, Михалската порта, Градското собрание, Катедралата Св. Мартин, Словачкиот национален театар, барокната Палата Palffy во која Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Pauli каде Франц Лист го отсвирел својот прв концерт. По разгледот, се сместуваме во хотел. Слободно индивидуално време. Ноќевање.

Трет ден – петок (31.12.2021) БРАТИСЛАВА-ВИЕНА-БРАТИСЛАВА
Појадок. По појадокот, следува факултативна посета на Виена. Панорамски разглед на Виена – булеварот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург. Виена во ова време од годината се претвора во буквално магичен град, осветлен со преку два милиони сијалички. Божиќните маркети во престолнината на Австрија датираат од 13. век. Слободно време за индивидуална прошетка низ центарот на Виена. Во попладневните часови враќање кон Братислава. Слободно индивидуално време. Ноќевање.

Четврт ден – сабота (01.01.2022) БРАТИСЛАВА-БУДИМПЕШТА-СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотел и поаѓање кон Будимпешта. Следува панорамски разглед на градот: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав… Главниот град на Унгарија е одличен пример за тоа како функционираат божиќните пазари во Централна Европа. Плоштадот Врасмарт, во срцето на градот, е домаќин на главниот божиќен пазар во Будимпешта со голем број дрвени тезги, каде мештаните ги продаваат своите традиционални производи. Ова значи многу одлична храна и интересни работи што треба да се видат и купат. Бројни концерти и други настани се одржуваат тука во ова време, а исто така има и многу работилници и програми за деца кои се потполно бесплатни.  Слободно индивидуално време за прошетка. Во договорено време поаѓање кон Македонија. Пристигнување во утринските часови на 02.01.2022.


Цена на аранжманот: 129 ЕВРА

Во цената на аранжманот е вклучено:
Превоз со високотуристички автобус
2 ноќевања со појадок во хотел во Братислава
Посета на Будимпешта
Разглед на Братислава
Организација на патувањето и пратител
Бесплатен трансфер од: Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково), Велес и Куманово

Во цената на аранжманот не е вклучено:
Факултативна посета на Виена  25 евра
Патничко осигурување

За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници.
За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума
За ова патување потребен е сертификат за вакцинација (признаени се сите вакцини)
Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 5 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
Турист е посредник во овај аранжман.
За реализацијата на факултативата потребено е да се пријават минимум 20 патници
Цените се во €, уплата во денарска противвредност по курс 1€ = 62 денари
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
Агенцијата не е надлежна да ја цени исправноста на патните документи.

За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Т.А.ТУРИСТ

Братислава или убавицата на Дунав, како што уште ја нарекуваат, се наоѓа на западната граница на Словачка. секоја година привлекува се повеќе и повеќе посетители, како поради поради знаменитостите и богатата историја

Со својата убавина инспирира посебно стариот дел од градот, каде што се сместени замокот, катедралата Св. Мартин, црквата св. Елизабета, позната како Плава Црква.

Откако Османлиите го освоиле поголемиот дел на Унгарија, Братислава стана престолнина на царевите, архиепископи и благородништвото, а од 1563 година до 1830 година тука биле крунисан неколку унгарски кралеви и кралици.

Во Братислава со околу половина милион луѓе секоја година се одржуваат голем број фестивали и саеми.