TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Братислава ✈️

Б Р А Т И С Л А В А

Авион/ 4 дена/ 3 ноќевања

12 Март (Сабота) СКОПЈЕ – БРАТИСЛАВА
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 11:30 часот. Полетување за Братислава во 14:00 и слетување во 15:30 часот. Организиран трансфер до Братислава. Посета на едно од најромантишните места во Братислава – музејот на модерна уметност Данубиана, каде што со свои изложби се имаат претставено престижни  личности на словачката, европската и глобалната уметничка сцена. Покривот на музејот нуди уникатен поглед на Братислава, Малите Карпати и величествената река Дунав, особено на зајдисонце. Сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.

13 Март (Недела) БРАТИСЛАВА
Појадок. Разглед на старото градско јадро, средновековниот главен плоштад со Роландовата фонтана, Михалската порта, Градското собрание, Катедралата Св. Мартин, Словачкиот национален театар, барокната Палата Palffy во која Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Pauli каде Франц Лист го отсвирел својот прв концерт… Слободно време за ручек и индивидуални прошетки. Вечерта, можност за факултативна посета на традиционална пивница. Ноќевање.

14 Март (Понеделник) БРАТИСЛАВА
Појадок. Посета и шопинг во трговскиот центар “Eurovea” сместен на брегот покрај реката Дунав. Во попладневните часови, вечера во некој од околните словачки ресторани каде што ќе може да пробате некои од специјалитетите на словечката кујна: “brynadzove halušky” мини њоки со кремаст сос од познатото словачко сирење bryndza и крцкава сланина, потоа супа од лук, колач од ориз… Ноќевање.

15 Март (Вторник) БРАТИСЛАВА – СКОПЈЕ
Појадок. Посета на прекрасниот Братиславски дворец, лоциран на ридот, од каде има прекрасна глетка кон градот. Тоа е ретко место од каде што во исто време може да се видат трите држави: Австрија, Унгарија и Словачка. Трансфер до аеродромот во Братислава. Полетување за Скопје во 15:45 часот. Пристигнување во Скопје во 17:15часот.

Рана уплата до 15.02: 199 евра (12.340 мкд)
Редовна цена 249 евра (15.440 мкд)

Во цената Е вклучено:
Авионски превоз на релација Скопје-Братислава-Скопје
Аеродромски такси
Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 55х40х20см)
Организиран трансфер Аеродром-Хотел-Аеродром
Сместување во Братислава во хотел 4* ( 3 ноќевање со појадок )
Разглед на Братислава со локален водич
Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената НЕ Е вклучено:
Доплата за багаж за чекирање (1 торба/куфер со максимум 20кг) 2.800 денари
Влезници за локалитетите
Туристичка такса 9 евра по лице, вкупно за 3 ноќевања – се плаќа во Агенција
Патничко – здравствено осигурување

 

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА ТУРИСТ и СКТМ
Цените се во €, уплата во денарска противвредност по курс 1€ = 62 денари
Агенцијата не е надлежна да ја цени исправноста на патните документи.