TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Пирил Термал СПА 4* ✈️

05-12.Март.2022

(можем и по ваш избор да ви резервираме друга дата и колку денови сакате)

Цена по соба за 8 дена / 7 полупансиони

капацитет во соба

цена

1 возрасен

590 €

1 возрасен + 1 дете /7-11,99/

880 €

2 возрасни

1060 €

2 возрасни + 1 дете /7-11,99/

1340 €

2 возрасни + 2 деца /0-3,99 и 7-11,99/

1700 €

2 возрасни + 2 деца /7-11,99/

1970 €

2 возрасни + 1 дете /12-15,99/

1448 €

2 возрасни + 2 деца /0-3,99 и 12-15,99/

1590 €

3 возрасни

1640 €

Цените се во €, се плаќа во денари 1€ = 62 денари

Во цената Е вклучено:
Авионски превоз Скопје-Истанбул-Измир-Истанбул-Скопје
Трансфер аеродром Измир-хотел-аеродром Измир
7 полупансиони  (појадок и вечера)
Користење СПА центар
Парна бања
Џакузи (со термална вода)
Билијард
Турска бања (хамам)
Сауна
Теретана
Безжичен интернет

Во цената НЕ Е вклучено:
Патничко осигурување
Личен трошок на патникот
Неспомнати услуги

Со доплата:
Масажа
Доктор на повик

Напомена:
Цените може да претрпат промена во зависност од авионските билети
Сместувањето е во стандар соби
Сместување по 14:00 ч. (локално време)
Напуштање до 12:00 ч. (локално време)
Цените НЕ ВАЖАТ за национални и верски празници, семинари, конгреси…

Хотел со пријателската атмосфера, изобилството на забава го прават овој хотел многу удобен за релаксација.
Хотелот се наоѓа на 90 км од аеродромот во Измир, 600 м од центарот на Чешме, 1 км од сопствената плажа.
Изграден во 2004 г., со вкупна површина од 35.000 м2, последен пат реновиран во 2011 г.
Основен ресторан, 1
Внатрешен базен: 1 (со термална вода)
Доктор на повик (со доплата)
Спа центар:
Парна бања бесплатно
Џакузи бесплатно (со термална вода)
Билијард бесплатно
Турска бања (хамам) бесплатно
Сауна бесплатноТеретана бесплатно
Покрај базен: чадори, лежалки, душеци: бесплатно
Конференциски сали: 4 (за 40-400 луѓе)
Шанкови 3
Крпи за базен: бесплатно
Базени: 2 надворешни
Перење (со доплата)
Бесплатен безжичен интернет
Пинг-понг бесплатно
Масажа (со доплата)

Плажа /сопствена
на плажа чадори, лежалки, душеци: бесплатно, платформа / пристаниште
шатл до плажа: бесплатно
крпи за плажа: бесплатно
бар на плажа: со доплата

Хотелот се состои од 6-катна главна зграда:
69 стандардни соби (од кои 2 соби за инвалиди, максимум 2 лица, 28 м2);
36 дублекс соби (макс. 3 + 1 лице, 32 м2);
20 јуниор апартмани (макс. 3 + 1 лице, 32 м2)

Во собите:
Фен за коса, собен сервис 24 часа на ден (со доплата) телефон, промена на постелнина: 2 пати неделно, мини бар (со доплата)балкон, безжичен интернет, клима уред , тоалет, дигитален сеф, под ламинат, сателитска телевизија, бањарки и папучи, чистење на собата секојдневно, систем за електронски клучеви

Стандардните соби се со големина од 18-20 м².
Собите имаат брачен или два единечни кревети.

Јуниор собите се со големина од 32-36 м².
Собите имаат брачен кревет или два единечни кревети во спалната и дневна соба.
Во дневната соба има софа.

Фамилијарните соби се со големина од 60 м². Со две спални соби и дневна соба
Собите имаат брачен кревет и два посебни единечни кревети.

Чешме е најзападниот приморски град во Турција, поставен на самиот раб на истоимениот полуостров на обалата на Егејското Море. Заради бројните природни убавини, автентичноста и оригиналниот карактер на градот, пријатната медитеранска клима, кристално чистото топло море и преубавите песочни плажи, Чешме низ годините се развива во елитно и монденско интернационално познато летувалиште.
Облата на полуостровот е долга околу 30км и на неа се сместени бројни песочни плажи. Најпознатата атракција во градот е Џеновската тврдина или замокот Чешме.
Градот има богата туристичка понуда и сместувачки капацитети со различна категоризација, марина за бродови поставена во центарот на градот околу која гравитираат живописни и автентични ресторанчиња, кафулиња и сувенирници.
Чешме е исто така надалеку познат по своите термални води кои извираат во околината на градот со температура до 38°C со благотворно дејство, па оттука доаѓа и називот на градот, Чешме, или во превод фонтана, токму заради неговите термални извори.

Задолжително е да имате патничко осигурување за патувањето.

За валидна резервација ќе се смета, резервација направена со 30% депозит уплатен при самото резервирање од страна на патникот, а со целосна доплата најдоцна до 14 дена пред поаѓање

Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, за влез во Турција патната исправа потребно е да е валидна минимум 6 месеци од датумот на враќање.

Откажување или промена на резервацијата на денот на пристигнување на гостинот или порано напуштање на хотелот, платената сума не подлежи на враќање на агентот или гостинот.

Промена или откажување на резервација за време на празници до 30 дена пред пристигнување е без пенали.

Хотелот не прима домашни миленици

Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( задолжително прочитај ги тука )

Известување Во Врска Со Мерките При Патување Во Турција

TURKISH EMBASSY IN SKOPJE 01.06.2021

1.Во продолжение се објавуваат мерките за справување со пандемијата Ковид-19 кои од 1 јуни 2021 ќе се применат при влез во Турција од сите (копнени, воздушни или морски) гранични премини.

2.При влез од Северна Македонија во Турција преку сите гранични премини, нема да се бара приложување на негативен ПЦР тест од лицата кои ќе приложат официјален документ дека

Се вакцинирале најмалку 14 дена пред влез во земјата
и/или дека во последниве 6 месеци ја прележале болеста

За истите нема да се применува мерката на карантин.

3.Во случај на неприложување на сертификат за вакцинација или документ за прележан Ковид-19 при влез во Турција, ќе треба да се приложи

Негативен ПЦР тест направен во последните 72 часа пред влез во земјата
и/или негативен брз антиген тест направен во последните 48 часа пред влез во земјата.

4.Патниците кои ќе влезат во Турција, можно е да бидат тестирани со ПЦР тест од страна на Министерството за здравство врз основа на принципот на случаен избор

Во рамки на ова, на лицата кои ќе бидат тестирани, по земањето на примероци за тест, ќе им биде дозволено да одат до местото на престој, при што во случај да резултираат позитивни на ПЦР тест, ќе бидат лекувани во согласност со протоколот за Ковид-19 на Министерството за здравство на Турција. Лицата кои ќе резултираат позитивни на тестирање и лицата со кои биле во близок контакт, ќе бидат ставени во 14 дневен карантин во адреса која сами ќе ја определат и доколку на 10. ден од карантинот резултираат негативни на ПЦР тест, ќе им заврши периодот на карантин. За лицата кај кои ќе се утврди мутант Б.1.617 периодот на карантин ќе заврши со негативен резултат на ПЦР тест направен на 14. ден од карантинот.

5.Екипажот на авиони-бродови, како и вработените во брод од клучно значење и возачите на тешки товарни возила се ослободени од мерките на ПРЦ тест за САРС-КоВ-2 и примена на карантин.
(можни се измени, корекции на условите за Ковид 19 пропишани од Република Турција за што ние доколку ги добиеме информациите ке ги има на нашата веб страна обвајени)