Програма
1 ДЕН (17.11.’22 – четврток) : БИТОЛА
Состанок на групата на Главната Автобуска Станица во 07.00 часот. Поаѓање за Италија во 07.30 часот…патот преку води преку Ниш, Белград, Загреб, Трст, Венеција…денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори.
2 ДЕН (18.11.’22 – петок) : БРЕША – МИЛАНО
Пристигнување во Бреша во утринските часови…посета на ТЦ FRANCIACORTA, можност за шопинг. Поаѓање за Милано околу 11.30 часот. Сместување во хотел. Краток одмор. Следува разглед (факултативно) на светскиот центар на модата со стручен водич…тврдината Sforcesco, piazza Duomo – централниот плоштад каде се наоѓа најголемата Готска Катедрала во светот DUOMO, катедрала која ја опкружуваат 3400 статуи со фасцинантен изглед, галеријата и Via Vittorio Emanuelle – најважната шопинг улица и центарот на вечерните збиднувања, црквата Santa Maria Della Grazia (местото каде се наоѓа ремек-делото на Да Винчи „Тајната Вечера“, LA SCALA – зградата на Миланската Опера, една од најпознатите оперски куќи во Светот…Слободно време за индивидуален разглед на градот…враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.
3 ДЕН (19.11.’22 – сабота) : МИЛАНО – ЛУГАНО – КОМО
Појадок. Слободно време за индивидуален разглед на градот, или можност за факултативен излет до Швајцарија. Посета на бајковитиот град Лугано (Швајцарскиот Монте Карло), кој се наоѓа на истоименото езеро. Обиколка на главниот градски плоштад Della Riforma, црквата San Roco, Santa Maria Degli Angeli како и паркот на вилата Ciani. Слободно време за прошетка низ градот, или покрај езерото Лугано. Посета на Комо…посета на мавзолејот на Алесандро Волта, Катедралата, Бролето, зидините кои го обиколуваат скоро целиот град…факултативно крстарење со брод по езерото, можност да се видат преубавите вили градени во периодот од 17-ти до 19-ти век, меѓу кои се и вилите на Џорџ Клуни, Версаче, Бекам, Мадона, Макартни…Враќање во Милано во касните попладневните часови. Слободно време. Ноќевање.
4 ДЕН (20.11.’22 – недела) : МИЛАНО – ВЕРОНА – БИТОЛА
Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Поаѓање за Верона…прошетка низ Стариот Град…плоштадите Бра и Ербе, Арената, куќата на Јулија…поаѓање за Македонија во касните попладневни часови. Патот води преку Трст, Загреб, Белград…ноќно и денско патување со кратки попатни паузи.
5 ДЕН (21.11.’22 – понеделник) : БИТОЛА
Пристигнување во Битола во попладневните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 9.240,00 денари (149 €)
УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 30 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА :
Автобуски превоз на горенаведената релација;
Посета на ТЦ FRANCIACORTA;
2 ноќевања со појадок во хотел со 3*;
Посета на Верона;
Организација, придружник и реализација на аранжманот;
Бесплатен трансфер на патници од Струга, Охрид, Ресен, Прилеп, Кавадарци, Велес, Скопје, Куманово;
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА :
Факултативните излети и посети,
Влезниците при посета на културно-историските споменици,
Патничкото осигурување (150,00 ден.-по лице).
ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА :
Разглед на Милано со стручен водич – 20 € по лице;
Посета на Лугано & Комо – 25 € по лице;
Крстарење со брод по езерото Комо – 20 € по лице;
Напомена: За изведување на факултативните излети, потребен е минимум од 30 патници.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ :
Доплата за 1/1 соба : 40 € (2.480,00 ден.)
Децата на оваа програма не остваруваат попуст.
Услови
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Застанувањата поради попатни одмори (паузи) се предвидени на секои 3-4 часа возење на попатните рест-ареи, а во зависност од расположливоста и капацитетот на рест-ареата и условите на патот.
Распоредот на седење во автобусот компјутерски се одредува (со датата на уплата на аранжманот), во зависност од капацитетот и типот на истиот.
Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 20 лица.
Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. нешта агенцијата не сноси одговорност.
Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. трошоци.
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Организаторот на патувањето НЕ Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.
Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност
Со важност се и се применуваат Општите услови за патување на Турист